UA-16322392-1
 

Тримекс на Health, Fitness & Wellness Expo 2017

Health, Fitness & Wellness Expo е најголемиот интерактивен настан за здрав животен стил во Македонија!

HFW Expo е настан за секој оној кој сака да се информира како, колку и со што треба да се храни, да вежба и тренира, конзумира, користи, да се негува.
На едно место ќе презентираат 50 учесници стручни во своите области – фитнес, аеробик и спортски центри, продавници за здрава храна, џус барови, природни додатоци на исхраната, спортски и медицински помагала и опрема, како и најпознатите салони за нега и козметика, масажа, спа, сауна, рехабилитација, итн. 

Како и претходните 2 години, Тримекс и оваа година ќе биде дел од настанот. Ве повикуваме да не посетите во сабота и недела (23-24.09.2017) од 11 h до 19 h.

Истовремено, слушнете ја и нашата презентација Spirulina Pacifica – Супер храна на иднината од Д-р Нела Деспотовска, во сабота (23.09.2017) во 13 h.

 

ABOUT AUTHOR
Dejan Mitevski