UA-16322392-1
 



B-2
gmp-logonon_gmo

Vitamin B-2
100 mg / 100 капсули

770  МКД

Производот е на залиха

ИСБН: 054

Опис на продуктот

 

  • Производство на енергија
  • Рибофлавин

Витамин Б-2, исто така познат како рибофлавин, е член на семејството на Б-витамини. Природно е присутен во зелениот зеленчук, црниот дроб, бубрезите, пченичните ‘ркулци, млекото, јајцата, сирењето и рибата. Рибофлавинот е важен ензимски кофактор неопходен за производство на енергија од јагленохидрати, масти и протеини. Исто така е потребен и за регенерација на глутатион, кој ги поддржува природните механизми на организмот за одбрана и системите за детоксикација.

Состав                                      Количина во 1 доза:

                                                            1 капсула

% на дневни 

  вредности

Рибофлавин (Витамин Б-2)                  100 mg 5882%

 

Препорака за употреба: Земете 1 капсула дневно, со храна.

Други додатоци: оризово брашно, желатин (капсула), магнезиум стеарат (од растителен извор) и силика. Не е произведено со пченица, глутен, соја, млеко, јајца, риба, школки или јаткасти состојки. Произведено во GMP капацитет кој произведува други состојки кои ги содржат овие алергени.

Без ГМО.

Предупредување: Само за возрасни. Консултирајте доктор доколку сте бремени или доилка, земате лекови или имате некаква медицинска состојба. Да се чува подалеку од дофат на деца! Пакетчето за свежина не е за јадење. Оставете го во шишенцето. Препорачаната дневна доза да не се надминува. Овој производ не е наменет за третман, превенција или лекување на специфична болест или состојба и не претставува замена за оброк. Чувајте го на ладно, суво место после отварање. Природни варијации на бојата може да се случат кај овој производ.

Потекло: САД, Производител: Now Foods, САД

 

Број и датум на упис во Регистарот на гранични производи11-537/2 од 20.02.2019.

Пред употреба на граничниот производ, внимателно прочитајте го упатството бидејќи содржи важни информации за Вас. Овој граничен производ се издава без рецепт. И покрај тоа, треба да го употребувате претпазливо за да Ви биде повеќе од корист.

Чувајте го упатството. Советувајте се со Вашиот фармацевт ако Ви се потребни дополнителни податоци.

 

За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте не на нашиот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на нашиот e-mail: info@trimeks.com.mk

Повеќе информации

 

КАКО ДЕЛУВА VITAMIN B-2?

Рибофлавинот има клучна улога во претварањето на аминокиселините и мастите во аденозин-трифосфат (ATP), кој му ја дава потребната енергија на телото. Витаминот Б-2 учествува и во претварањето на витаминот Б-6 и фолната киселина во нивните активни коензимски форми, ја подобрува заштитата од слобоните радикали, така што е неопходен за регенерација на глутатионот кој го снабдува телото со природни одбрамбени механизми и системи на детоксикација, игра важна улога во разградување на мастите, протеините и јаглените хидрати, го поттикнува нормалниот развој и е многу важен за доенчињата, помага во синтезата на адреналин, стероиди, црвени крвни зрнца како и гликоген.

Апсорбцијата на овој витамин се одвива во горните партии на тенкото црево и е зголемена доколку тој се конзумира со друга храна. Тој се дистрибуира до сите ткива во мали концентрации, а мал дел од него се зачувува како резерва најмногу во ретината и црниот дроб. Се излачува преку урината каде придонесува за нејзината жолта боја.

Витамин Б-2, исто така познат како рибофлавин, е член на семејството на Б-витамини. Природно е присутен во зелениот зеленчук, црниот дроб, бубрезите, пченичните ‘ркулци, млекото, јајцата, сирењето и рибата.

ПОЛЕЗНОСТИ

  • превенција на мигрена
  • при улцерозен стоматит
  • за одржување на физичката кондиција на врвните спортисти
  • го зајакнува имунолошкиот систем
  • ја потикнува концентрацијата
  • ги превенира кожните заболувања (акни, дерматитис, егземи)
  • го подобрува видот и го ублажува заморот во очите, превенција од катаракта и глауком.

 

За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте не на нашиот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на нашиот e-mail: info@trimeks.com.mk