UA-16322392-1
 



sp-200
gluten_freenon-gmokoshervegan_logo_novohalal

Spirulina Pacifica
500 mg / 200 таблети

1704  МКД

Производот е на залиха

ИСБН: 002

Опис на продуктот

 

  • 65% лесно сварлив протеин
  • 23 пати повеќе железо од спањаќот
  • 25 пати повеќе бета-каротен од морковот
  • 5 пати повеќе калциум од млекото
  • енергија за сите возрасти

Спирулина е модро-зелена микроалга која се консумирала уште од времето на древните Ацтеки. Таа содржи извонредна комбинација на преку 100 важни хранливи состојки. Тие се во својата изворна форма, без додатоци. Идеална за сите оние кои сакаат целосен прехранбен додаток наместо вештачки извори на храна.

ЗОШТО ЛУЃЕТО ЈА УПОТРЕБУВААТ SPIRULINA PACIFICA И ЈА НАРЕКУВААТ СУПЕР ХРАНА?

  • Најдобар природен извор на биолошко железо (65 пати повеќе од спањаќот) и селен
  • 35 пати поголема концентрација на бета каротен од морковот
  • 3 пати повеќе витамин Е отколку во пченичните ‘ркулци
  • 65% лесно сварлив комплетен протеин со сите есенцијални амино киселини во совршена рамнотежа (2 пати повеќе протеини од сојата и 3 пати од рибата)
  • Витамини од групата Б, особено Б-12, Б-1 (тиамин) и Б-3 (ниацин)
  • Најбогат извор на Гама линоленска киселина во природен облик, која ја нема во традиционалната исхрана (ја има уште само во мајчиното млеко)
  • 10 пати повеќе калциум од млекото
  • Единствен извор на антиоксидантот фикоцианин
  • Содржи повеќе ензими во однос на други слични производи, особено Супер оксид дисмутаза
  • 95% искористеност на хранливите состојки
  • Без маснотии

ЧИСТА ЗЕЛЕНА ЕНЕРГИЈА КОРИСНА ЗА СЕКОГО

Консумирањето Spirulina Pacifica се препорачува за сите возрасти. Spirulina Pacifica е најиспитуван производ – 35 години меѓународни научни истражувања

ЗОШТО ДА ЈА КОРИСТИТЕ SPIRULINA PACIFICA ОД NUTREX?

Spirulina Pacifica е единствена која е атестирана како природно одгледувана и произведена алга. Единствено Spirulina Pacifica се суши со патентиран метод на океанско ладно сушење, кој комбиниран со ладното компримирање на таблетите без додатоци на масти и без топлинска обработка и стаклената амбалажа, обезбедуваат супериорен производ.

Хавајски квалитет – Вие и самите ќе ја почувствувате разликата!

Достапно во пакување од 100, 200 и 400 таблети од 500 mg и 142 g прашок.

 

За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте не на нашиот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на нашиот e-mail: info@trimeks.com.mk

Што е Спирулина?

 

Што е Спирулина?

Спирулината е вид на модро-зелена алга (едно-клеточно растение); така е наречена поради нејзината спирална форма. Алгите се неверојатно стари форми на живот, одговорни за создавањето и одржувањето на кислородната атмосфера. Тие се основа на ланецот на исхрана и примарен извор на храна за големите китови. Спирулината не е водно-солена алга; таа расте во свежи води.

Модро-зелените алги се разновидна група на микроскопски растенија ретко користени за човечка исхрана. Исклучок е Спирулината, која стана широко достапна како додаток во исхраната последните 20 години. Таа е храна со ретки уникатни фитонутриенти и карактеристики. Спирулината наоѓа примена во здравата исхрана. Дивата Спирулина платенсис расте во сончево топловодни вулкански езера со натриум карбонат низ целиот свет. Оваа алга успева во води кои содржат високи количества на натриум карбонат со pH вредност над 10. Каде што има дива Спирулина таму често има јата од фламинга и други животни кои што се хранат со неа. Спирулината има карактеристична спирална структура со влакненца на клетките кои се долги околу 10 микрони во дијаметар и повеќе од 1000 микрони во должина.

Спирулината е најкомерцијално култивирана модро-зелена алга за употреба како храна од дамнешно време. Шпанците ги набљудувале Ацтеките како ја употребуваат во нивната исхрана. Домородските народи околу езерото Чад во Африка се уште ја јадат “dihe”, како што тие ја нарекуваат. Таа за прв пат комерцијално е продавана како храна во раните осумдесети и оттогаш таа стана популарна како здрава храна за енергија. Спирулината денес се користи како храна во повеќе од 75 земји низ целиот свет.

Спирулината како храна

Спирулината едноставно е неверојатен извор на храна, која што е консумирана најразлично низ историјата од многу човечки култури. Практиката на сегашното ниво на производство на храна и деградацијата на околината, ја прави идеална за одгледување.

Spirulina Pacifica е концентрирана храна

Spirulina Pacifica дава 20 пати повеќе протеини по една акра отколку сојата! Таа се состои од 70% протеин (споредено со 22% кај говедското месо), 5% масти (добри масти) и нема холестерол (таа е растение). Spirulina Pacifica содржи големо количество на витамини од Б групата (особено Б12, кој е неопходен во исхраната на вегетеријанците). Оваа чудесна храна содржи 8 есенцијални амино киселини (плус 10 од 12 не-есенцијални амино киселини), масни киселини (вклучувајќи ја ГЛК), дигестивни ензими и и пигментите хлорофил, порфирин и фикоцианин. Најдобро од се е што само 10 грама Spirulina Pacifica има само 36 калории, со што ја прави ниско калорична храна. Spirulina Pacifica содржи природна комбинација на минерали: калиум, калциум, магнезиум, цинк, селен, фосфор и железо.

Дали Spirulina Pacifica е навистина 100% сигурна?

После долготрајно човечко и животинско консумирање и континуирано интензивно истражување, ја потврдуваат не само сигурноста на Spirulina Pacifica, туку и нејзините полезности. Има долга историја на истражувања од страна на многу престижни научни институции дека е сигурна и хранлива.

Организацијата на ОН за индустриски развој (UNIDO) изврши петгодишна токсиколошка студија за Spirulina Pacifica и дојде до резултати дека е сигурна, нетоксична храна, и посебна студија “ја препорача како можно решение за светската криза за храна и глобалниот недостиг на протеини”.

Универзитетот во Харвард направи истражување со екстракт од Spirulina Pacifica со извонредни резултати. NASA има направено обемни истражувања за употребата на алгите како храна за вселенските патувања, и ја избра Spirulina Pacifica меѓу 1 300 вида на модро-зелени алги со кои го започна истражувањето.

Сигурната употреба, нутритивната моќ и здравствените полезности на употребата на Spirulina Pacifica се историски. Земањето Spirulina Pacifica како храна, навистина може да го промени Вашиот живот.

Како се одгледува?

Spirulina Pacifica се одгледува на Хаваи во најнапредните водени фарми на светот. Spirulina Pacifica е селектиран вид на Arthrospira plasentis развиван многу години на култивирано одгледување на Хаваи. Културите на Хаваи ја преставуваат најстарата континуирано одлгледувана и собирана Спирулина во светот. Условите за растење на Хаваи низ целата година и интегрираниот менаџмент систем на одгледување, го прават тоа возможно. Најсончевата крајбрежна локација во САД обезбедува идеални годишни температури и 12 месечна сезона на одгледување. Преку 10 години (3 500 генерации), Spirulina Pacifica се адаприрала на интензивното хавајско сонце, создавајќи највисоки нивоа на мешани каротеноиди од било која друга Спирулина во светот. Се култивира во долги, плитки мали езерца исполнети со свежа вода дополнета со нутриенти од длабочините на еден од најдлабоките, најчистите океани на планетата, и на чистиот воздух на далечните Хавајски Острови. Лопатките нежно ја мешаат водата, обезбедувајќи подеднакво изложување на алгата на сонце за оптимален раст и нутритивна вредност. Spirulina Pacifica напредува во овие идеални услови, растејќи неколку пати побрзо отколку во дивината.

Култивираната Spirulina Pacifica се собира секои 3 дена. Собирањето е поедноставно во однос на другите алги, поради долгата, влакнеста форма на Spirulina Pacifica која не бара центрифугирање. Веднаш по собирањето, таа се просејува низ филтри и се измива неколку пати со свежа вода, осигурувајќи чист производ со свеж, несолен вкус.

Единствено хавајската Spirulina Pacifica се суши со патентиран метод, наречен Метод на океанско ладно сушење. Овој метод, комбиниран со ладното компримирање на таблетите без додатоци на масти и без топлинска обработка, како и стаклената амбалажа, обезбедуваат супериорен бета каротенски производ.

Податоците од независни лаборатории ги потврдуваат значително повисоките нивоа на бета-каротен, отколку кај алгите сушени на било каков друг метод, вклучувајќи го и сушењето со замрзнување.

Уметноста и науката за одгледување Spirulina Pacifica во контролирана, чиста околина се разви преку балансирано партнерство помеѓу природата и технологијата на водено фармерство. Со употреба на свежа и океанска вода, на најсончевата локација, чиста околина и најнапредни методи на одгледување, научниците успеаа да развијат супериорен вид на 100% чиста и култивирана Spirulina Pacifica.

Spirulina Pacifica е интензивно испитувана од молекуларните биолози на Универзитетот во Хаваи. Spirulina Pacifica е високо апсорбирачки извор на протеини, мешани каротеноиди и други фитонутриенти, Б-витамини, ГЛК и есенцијални амино киселини.

 

За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте не на нашиот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на нашиот e-mail: info@trimeks.com.mk

 

Најбогат избор на нутриенти

 

Најбогат извор на исхрана во светот

Spirulina Pacifica е еден од најбогатите и најкомплетни извори на хранливи материи во светот. Оваа модро-зелена алга зачудува многу нутритивни експерти, што се должи на нејзината разновидност на основните нутриенти. Од голем интерес се ретките концентрации на растителни протеини, каротени, хлорофил и фикоцијанин, биоактивен Б12, гама линоленска киселина и минерали. Безцелулозниот клеточен зид на Spirulina Pacifica е високо сварлив и нутриентите лесно се апсорбираат.

Компатибилност – комбинирана моќ
Моќта на Spirulina Pacifica не се должи само на бројните поединечни важни супстанци што ги содржи, туку на компатибилноста помеѓу тие супстанции. Тоа значи, заедничка акција на сите природно присутни хранливи материи во Spirulina Pacifica создава многу помоќен ефект отколку збирот на поединечни компоненти.

Природата едноставно има повеќе вештина од хемичарот!

Восхитувачки фитонитруиенти

Spirulina Pacifica обезбедува широка низа на фитонутриенти (антиоксиданти) познати по тоа што им ја даваат портокаловата и жолтата боја на овошјето и зеленчукот.

Високо квалитетен протеин
Повеќе од 60% од Spirulina Pacifica е високо-квалитетен протеин, правејќи ја најбогат извор на растителен протеин познат на луѓето. Квалитетот на протеинот зависи од составот на амино киселините од кои е создаден. Протеинот од Spirulina Pacifica ги содржи сите 8 есенцијални амино киселини, 9 не есенцијални амино киселини во точна и правилна природна рамнотежа! Човечкиот организам не може да ги произведува есенцијалните амино киселини, тие мора да се внесат како дел од исхраната.

Витамини
Spirulina Pacifica го содржи важниот комплекс на витамини од Б групата, особено Б12 кој придонесува за нормално функционирање на нервниот систем и нормална ментална функција. Покрај тоа, Spirulina Pacifica содржи голема количина на бета-каротен кој се претвара во телото во витамин А. Тој е моќен антиоксидант и е добар за кожата, видот, и нормална функција на имунолошкиот систем.

Минерали
Хранливиот додаток ќе делува оптимално само ако витамините и минералите се природно урамнотежени и се земаат заедно. Тоа е големата моќ и компатибилност на Spirulina Pacifica. Spirulina Pacifica ги содржи сите минерали кои се важни за човечкото тело: железо, магнезиум, калиум, калциум, фосфор, цинк и реткиот селен. Спротивно на морските алги, единствено Spirulina Pacifica содржи траги од јод.

Природен извор на железо
Spirulina Pacifica е богата со железо. Железото е потребно за формирање на црвените крвни клетки и хемоглобинот и за нормален транспорт на кислородот во организмот. Висок процент на анемии се предизвикани од недостаток на железо во исхраната. Истовремено железото придонесува за нормален когнитивен развој кај децата и одржување на нормална функција на имунолошкиот систем. Железото придонесува во намалување на заморот и исцрпеноста и нормален енергетски метаболизам.
Се препорачува Spirulina Pacifica да на се зема во исто време со кафето или чајот. Овие пијалоци содржат супстанции кои го успоруваат внесувањето на железото.

Хлорофил
Spirulina Pacifica има изобилство на хлорофил. Тоа е зелена супстанца која им овозможува на растенијата да ја претворат сончевата светлина во енергија и нутриенти. Не е чудо што Spirulina Pacifica изобилува со соларна моќ!

Фикоцианин
Една од најважните супстанци во Spirulina Pacifica е фикоцианинот, сино обоен пигмент кој е силен антиоксидант. Во исто време со хлорофилот, фикоцианинот апсорбира многу сончева светлина. Заедно тие и ја даваат сино-зелената боја на Spirulina Pacifica.

Каротеноиди
Каротеноидите се жолти, портокалови и црвени пигменти кои се наоѓаат во морковите, портокалите и останатите обоени овошја и зеленчучи. Поради сончевата клима, Spirulina Pacifica содржи високи концентрации на природни каротеноиди. Најважна супстанца е бета-каротенот кој организмот го претвара во витамин А. Каротеноидите се моќни антиоксиданти.

Гама линоленска киселина
Spirulina Pacifica содржи голема количина на гама линоленска киселина. Мајчиното млеко и маслото од ноќна јагорчевина се останати два извора на оваа ретка масна киселина.

Ензими
Spirulina Pacifica содржи бројни важни ензими, како што е супероксид дисмутаза (СОД). Ензимите се важни за конструкцијата на нашите клетки. Не би можеле да живееме без ензимите. Ензимите лесно се уништуваат под дејство на топлина или оксидација. Поради многу внимателното производство, Spirulina Pacifica покажува мошне висока ензимска активност.

 

За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте не на нашиот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на нашиот e-mail: info@trimeks.com.mk

Што содржи?

 

Што содржи Spirulina Pacifica?

Едноставно кажано, Spirulina Pacifica е најконцентрирана комплетна храна и извор на:
– Протеини (60-70%)
– Сите 10 хранливи Есенцијални амино киселини – вкупно 20 амино киселини, во синергетска рамнотежа
– Б12 – најголем извор на човечки активен Б12 на Земјата
– Бета-каротен и мешани каротеноиди – извонредно високи природни концентрации
– Целосен спектар на антиоксиданти – од фитонутриенти, пигменти и природни витамини
– Фикоцианин – највисока концетрација на овој моќен, син, имуно-стимулативен протеин
– ГЛК – природна форма
– Есенцијални масни киселини – најпотребните Омега 3 и 6 Есенцијални масни киселини
– Хлорофил
– Целосен спектар на витамини – повеќе од било која друга поединечна храна, во балансирани количини
– Океански извор на минерали и разноликост на елементи во траги
– СОД – извонредно високо ниво на антиоксидантниот ензим, супероксид дисмутаза
– Високи нивоа на мукополисахариди во мекиот клеточен ѕид – материјали за гликопротеинските комплекси
– Не содржи холестерол и скроб, многу малку натриум и калории – високо енергетска храна

 

За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте не на нашиот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на нашиот e-mail: info@trimeks.com.mk

Суперхрана за сите возрасти

 

Неправилната исхрана, недостаток од вежбање, пушење, пиење алкохол и стрес – сето тоа создава развивање на штетни продукти во нашиот организам, предизвикувајќи да се чувствуваме уморни и млитави.

Spirulina Pacifica – подарок од природата

Исхраната на современиот човек е преполна со осиромашена и обработена храна. Многу луѓе дополнително ја збогатуваат исхраната со витамински и минерални препарати. Spirulina Pacifica се нарекува суперхрана затоа што во себе содржи поголема лепеза состојки од било која друга храна или растение. Овие хранливи и фитохемиски материи ја чинат Spirulina Pacifica комплетна замена за било кој изолиран витамински препарат.
– Протеини и аминокиселини
– Витамини и минерали
– Есенцијални масни киселини
– Фитонутриенти

Уживајте во Spirulina Pacifica секојдневно!

 

За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте не на нашиот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на нашиот e-mail: info@trimeks.com.mk

Состав

 

Како да земате Spirulina Pacifica

Дози на таблети
Возрасни: 3-6 таблети дневно
Деца: 1-3 таблети дневно

Ако штотуку започнувате да земате Spirulina Pacifica, изградете ја дозата постепено:
– Првите два дена земајте по 1 таблета дневно.
– Наредните два дена земајте по 2 таблети дневно.
– Наредните два дена земајте 3 таблети дневно, итн., се додека не ја постигнете потребната доза од 3-6 таблети днавно.
– Земајте ги таблетите со вода непосредно пред оброците.
– Може да ја земате дневната доза целосно наутро или поделена во текот на денот.
– Подобро е да не се зема Spirulina Pacifica навечер. Инаку ќе бидете многу активни кога ќе сакате да спиете. Тоа секако е решение ако треба да работите доцна во ноќта или ако треба да одите на забава.
– Совет: Пијте многу вода секој ден. Ова го одржува Вашиот природен процес на чистење.

Spirulina Pacifica е комплетно природен извор на храна. Можете да ја земате во текот на целата година и може да се комбинира со други хранливи додатоци без проблеми.
Не се познати никакви споредни ефекти на Spirulina Pacifica.

 

За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте не на нашиот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на нашиот e-mail: info@trimeks.com.mk