sp-200
gluten_freenon-gmokoshervegan_logo_novohalal

Spirulina Pacifica
500 mg / 200 таблети

1704  МКД

Производот е на залиха

ИСБН: 002

Опис на продуктот

 

  • 65% лесно сварлив протеин
  • 23 пати повеќе железо од спањаќот
  • 25 пати повеќе бета-каротен од морковот
  • 5 пати повеќе калциум од млекото
  • прочистува и храни, зајакнува и заштитува, обновува и подмладува
  • енергија за сите возрасти

Спирулина е модро-зелена микроалга која се консумирала уште од времето на древните Ацтеки. Таа содржи извонредна комбинација на преку 100 важни хранливи состојки. Тие се во својата изворна форма, без додатоци. Идеална за сите оние кои сакаат целосен прехранбен додаток наместо вештачки извори на храна.

ЗОШТО ЛУЃЕТО ЈА УПОТРЕБУВААТ SPIRULINA PACIFICA И ЈА НАРЕКУВААТ СУПЕР ХРАНА?

  • Најдобар природен извор на биолошко железо (65 пати повеќе од спањаќот) и селен
  • 35 пати поголема концентрација на бета каротен од морковот
  • 3 пати повеќе витамин Е отколку во пченичните ‘ркулци
  • 65% лесно сварлив комплетен протеин со сите есенцијални амино киселини во совршена рамнотежа (2 пати повеќе протеини од сојата и 3 пати од рибата)
  • Витамини од групата Б, особено Б-12, Б-1 (тиамин) и Б-3 (ниацин)
  • Најбогат извор на Гама линоленска киселина во природен облик, која ја нема во традиционалната исхрана (ја има уште само во мајчиното млеко)
  • 10 пати повеќе калциум од млекото
  • Единствен извор на антиоксидантот фикоцианин
  • Содржи повеќе ензими во однос на други слични производи, особено Супер оксид дисмутаза
  • 95% искористеност на хранливите состојки
  • Без маснотии
  • Има алкални својства со што помага во одржувањето на идеалната pH вредност на организмот

ЧИСТА ЗЕЛЕНА ЕНЕРГИЈА КОРИСНА ЗА СЕКОГО

Консумирањето Spirulina Pacifica се препорачува за сите возрасти:

  • Бремени жени кои имаа зголемена потреба од протеини и железо
  • Бебиња кои не цицаат мајчино млеко – амино киселини во иста пропорција како мајчиното млеко
  • Деца со нарушен имун систем и чести настинки
  • Поддршка при диети, ПМС и менопауза
  • Идеална за лица со анемија за подобрување на крвната слика
  • Дијабетичари – висока концентрација на протеини кои го стабилизираат шеќерот во крвта
  • Препорачливо за луѓе со холестерол, триглицериди и канцер
  • Поддршка на имунолошкиот систем и метаболизмот
  • Потпора при бактериолошки и вирусни заболувања
  • Лица кои имаат проблеми со дигестивниот тракт – ја обновува цревната флора
  • Поддршка при артритис, кандијаза, очни и срцеви заболувања и алергии
  • Вегетеријанци и спортисти
  • Проблеми со акни и сексуална виталност
  • Сите оние кои сакаат да го прочистат своето тело од разни видови загадувања: токсини, тешки метали, алкохол, пушење и зголемена употреба на лекови.
  • Најиспитуван производ – 35 години меѓународни научни истражувања

ЗОШТО ДА ЈА КОРИСТИТЕ SPIRULINA PACIFICA ОД NUTREX?

Spirulina Pacifica е единствена која е атестирана како природно одгледувана и произведена алга. Единствено Spirulina Pacifica се суши со патентиран метод на океанско ладно сушење, кој комбиниран со ладното компримирање на таблетите без додатоци на масти и без топлинска обработка и стаклената амбалажа, обезбедуваат супериорен производ.

Хавајски квалитет – Вие и самите ќе ја почувствувате разликата!

Достапно во пакување од 100, 200 и 400 таблети од 500 mg и 141 g прашок.

Што е Спирулина?

 

Што е Спирулина?

Спирулината е вид на модро-зелена алга (едно-клеточно растение); така е наречена поради нејзината спирална форма. Алгите се неверојатно стари форми на живот, одговорни за создавањето и одржувањето на кислородната атмосфера. Тие се основа на ланецот на исхрана и примарен извор на храна за големите китови. Спирулината не е водно-солена алга; таа расте во свежи води. Бидејќи е многу ниско во ланецот на исхрана таа треба да се сврсти со хранливите материи и енергијата – тоа и е!

Модро-зелените алги се разновидна група на микроскопски растенија ретко користени за човечка исхрана. Исклучок е Спирулината, која стана широко достапна како додаток во исхраната последните 20 години. Таа е храна со ретки уникатни фитонутриенти и карактеристики. Спирулината наоѓа примена во здравата исхрана. Дивата Спирулина платенсис расте во сончево топловодни вулкански езера со натриум карбонат низ целиот свет. Оваа алга успева во води кои содржат високи количества на натриум карбонат со pH вредност над 10. Каде што има дива Спирулина таму често има јата од фламинга и други животни кои што се хранат со неа. Спирулината има карактеристична спирална структура со влакненца на клетките кои се долги околу 10 микрони во дијаметар и повеќе од 1000 микрони во должина.

Спирулината е најкомерцијално култивирана модро-зелена алга за употреба како храна. Од памти век луѓето ја консумирале. Шпанците ги набљудувале Ацтеките како ја употребуваат во нивната исхрана. Домородските народи околу езерото Чад во Африка се уште ја јадат “dihe”, како што тие ја нарекуваат. Таа за прв пат комерцијално е продавана како храна во раните осумдесети и оттогаш таа стана популарна како здрава храна за енергија и како помош при диетите. Спирулината денес се користи како храна во повеќе од 75 земји низ целиот свет.

Спирулината како храна

Спирулината едноставно е неверојатен извор на храна, која што е консумирана најразлично низ историјата од многу човечки култури. Практиката на сегашното ниво на производство на храна и деградацијата на околината, ја прави идеална за одгледување. Таа не бара неверојатни количини на житарици за да се произведе, не бара хормони за раст, не е познато дека некогаш убила деца со е-coli и никој досега не е обвинет за употреба на алгите на нечовечки начин.

Spirulina Pacifica е концентрирана храна

Spirulina Pacifica дава 20 пати повеќе протеини по една акра отколку сојата! Таа се состои од 70% протеин (споредено со 22% кај говедското месо), 5% масти (добри масти) и нема холестерол (таа е растение). Spirulina Pacifica содржи импресивен распоред на витамини и минерали, вклучувајќи го основниот Б12, кој вегетеријанците мора да го користат. Ова чудесна храна содржи 8 есенцијални амино киселини (плус 10 од 12 не-есенцијални амино киселини), масни киселини (вклучувајќи ја здравата за срцето ГЛК), дигестивни ензими и и пигментите хлорофил, порфирин и фикоцианин – кои имаат полезности за црниот дроб. Најдобро од се е што само 10 грама Spirulina Pacifica има само 36 калории, правејќи ја перфектна диетална храна. Spirulina Pacifica содржи природна комбинација калиум, калциум, магнезиум, цинк, селен, фосфор и железо. Како додаток на овие полезни минерали Вие од Spirulina Pacifica ќе добиете и Б-комплекс и витамините А и Е.

Дали Spirulina Pacifica е навистина 100% сигурна?

После милениуми човечко и животинско консумирање и декади на интензивно истражување, и анегдотските и научните докази ја потврдуваат не само сигурноста на Spirulina Pacifica, туку и нејзините полезности за нашето здравје и лекување. Spirulina Pacifica е најмногу и најдобро истражуваната хранлива микроалга во светот. Има долга историја на истражувања со Spirulina Pacifica од страна на многу престижни научни институции дека е сигурна и хранлива, со моќни здравствени полезности. Не постои друга храна што го има она што Spirulina Pacifica го има. Spirulina Pacifica прочистува и храни, балансира и дава поголема енергија, зајакнува и заштитува, обновува и подмладува.

Организацијата на ОН за индустриски развој (UNIDO) изврши петгодишна токсиколошка студија за Spirulina Pacifica и дојде до резултати дека е сигурна, нетоксична храна, и посебна студија “ја препорача како можно решение за светската криза за храна и глобалниот недостиг на протеини”.

Универзитетот во Харвард направи истражување со екстракт од Spirulina Pacifica со извонредни резултати. NASA има направено обемни истражувања за употребата на алгите како храна за вселенските патувања, и ја избра Spirulina Pacifica меѓу 1 300 вида на модро-зелени алги со кои го започна истражувањето.

Spirulina Pacifica има древна историја како храна, поставувајќи се на самиот почеток на ланецот на исхрана. Многу домородни народи ја јаделе со векови (и денес се јаде ширум светот од милиони луѓе) без било какви негативни ефекти. Има медицински документирани истражувања на луѓе кои ја користат само Spirulina Pacifica со вода и сок за подолги постови – некои и до преку една година! Фантастичните резултати на овие искуства – зголемена енергија, ментална бистрина, добар сон, комплетно излекување, заедно со импресивната медицинска документација, докажуваат дека Spirulina Pacifica е сигурна и комплетна суперхрана. Сигурната употреба, нутритивната моќ и здравствените полезности на употребата на Spirulina Pacifica се историски, а не реторички.

Земањето Spirulina Pacifica како храна, навистина може да го промени Вашиот живот.

Како се одгледува?

Spirulina Pacifica се одгледува на Хаваи во најнапредните водени фарми на светот. Spirulina Pacifica е селектиран вид на Spirulina plasentis развиван многу години на култивирано одгледување на Хаваи. Културите на Хаваи ја преставуваат најстарата континуирано одлгледувана и собирана Спирулина во светот. Условите за растење на Хаваи низ целата година и интегрираниот менаџмент систем на одгледување, го прават тоа возможно. Најсончевата крајбрежна локација во САД обезбедува идеални годишни температури и 12 месечна сезона на одгледување. Преку 10 години (3 500 генерации), Spirulina Pacifica се адаприрала на интензивното хавајско сонце, создавајќи највисоки нивоа на мешани каротеноиди од било која друга Спирулина во светот. Се култивира во долги, плитки мали езерца исполнети со свежа вода дополнета со нутриенти од длабочините на еден од најдлабоките, најчистите океани на планетата, и на чистиот воздух на далечните Хавајски Острови. Хранливата сода бикарбонат ја одржува водата многу алкална, што е омилена природна околина на Спирулината, и водата понатаму се збогатува со соодветна мешавина на основни нутриенти. Лопатките нежно ја мешаат водата, обезбедувајќи подеднакво изложување на алгата на сонце за оптимален раст и нутритивна вредност. Spirulina Pacifica напредува во овие идеални услови, растејќи неколку пати побрзо отколку во дивината.

Култивираната Spirulina Pacifica расте толку брзо што се собира секои 3 дена. Собирањето е поедноставно во однос на другите алги, поради долгата, влакнеста форма на Spirulina Pacifica која не бара центрифугирање и клетките се нежни. Веднаш по собирањето, таа се просејува низ филтри и се измива неколку пати со свежа вода, осигурувајќи чист производ со свеж, несолен вкус.

Единствено хавајската Spirulina Pacifica се суши со патентиран метод, наречен Метод на океанско ладно сушење. Овој метод, комбиниран со ладното компримирање на таблетите без додатоци на масти и без топлинска обработка, како и стаклената амбалажа, обезбедуваат супериорен бета каротенски производ.

Податоците од независни лаборатории ги потврдуваат значително повисоките нивоа на бета-каротен, отколку кај алгите сушени на било каков друг метод, вклучувајќи го и сушењето со замрзнување.

Уметноста и науката за одгледување Spirulina Pacifica во контролирана, чиста околина се разви преку балансирано партнерство помеѓу природата и технологијата на водено фармерство. Со употреба на свежа и океанска вода, на најсончевата локација, чиста околина и најнапредни методи на одгледување, научниците успеаа да развијат супериорен вид на 100% чиста и култивирана Spirulina Pacifica.

Spirulina Pacifica е интензивно испитувана од молекуларните биолози на Универзитетот во Хаваи. Spirulina Pacifica е високо апсорбирачки извор на протеини, мешани каротеноиди и други фитонутриенти, Б-витамини, ГЛК и есенцијални амино киселини.

Најбогат избор на нутриенти

 

Најбогат извор на исхрана во светот

Spirulina Pacifica е еден од најбогатите и најкомплетни извори на исхрана во светот. Оваа модро-зелена алга зачудува многу нутритивни експерти, што се должи на нејзината разновидност на основните нутриенти. Од голем интерес се ретките концентрации на растителни протеини, каротени, хлорофил и фикоцијанин, биоактивен Б12, гама линоленска киселина и минерали. Безцелулозниот клеточен зид на Spirulina Pacifica е високо сварлив и нутриентите лесно се апсорбираат.

Се во едно
Spirulina Pacifica содржи, во концентрирана форма, практично скоро се што е потребно за здраво тело и јасен разум. Таа е толку комплетна што можете да живеете на Spirulina Pacifica и вода со недели, дополнето со зеленчук и овошје.

Компатибилност – комбинирана моќ
Моќта на Spirulina Pacifica не се должи само на бројните поединечни важни супстанци што ги содржи, туку на компатибилноста помеѓу тие супстанции. Тоа значи, заедничка акција на сите природно случени супстанци во Spirulina Pacifica создава многу помоќен ефект отколку збирот на поединечни компоненти.

Природата едноставно има повеќе вештина од хемичарот!

Восхитувачки фитонитруиенти

Spirulina Pacifica обезбедува широка низа на чувствителни фитонутриенти со многу значајни здравствени полезности. Фитонутриентите вклучуваат антиоксиданти познати по тоа што им ја даваат портокаловата и жолтата боја на овошјето и зеленчукот. Нутриционистите препорачуваат да го зголемиме внесувањето на фитонутриентите за заштита од штетните ефекти на сончевата светлина, загадувањето и стресот од средината.

Високо квалитетен протеин
Повеќе од 60% од Spirulina Pacifica е високо-квалитетен протеин, правејќи ја најбогат извор на растителен протеин познат на луѓето. Квалитетот на протеинот зависи од составот на амино киселините од кои е создаден. Протеинот од Spirulina Pacifica ги содржи сите 8 есенцијални амино киселини, плус 9 не есенцијални амино киселини во точна и правилна природна рамнотежа! Човечкиот организам не може да ги произведува есенцијалните амино киселини, тие мора да се внесат како дел од исхраната.

Витамини
Spirulina Pacifica ги содржи сите важни витамини и важниот комплекс на витамин Б. Поради неговиот позитивен ефект на нервниот систем, витаминот Б е многу важен за луѓе кои се многу зафатени и истоштени. За вегетеријанците, витаминот Б12 во Spirulina Pacifica е особено важен, бидејќи е мошне редок во повеќето растителни храни. Покрај тоа, Spirulina Pacifica содржи голема количина на бета-каротен кој се претвара во телото во витамин А. Ова ја зголемува Вашата отпорност на болести, тој е моќен антиоксидант и е добар за Вашата кожа, коса и нокти. Најпосле, Spirulina Pacifica исто така содржи витамин Е, кој ја подобрува Вашата умствена и физичка способност и ја зголемува Вашата виталност.

Минерали
Без разлика колку се важни витамините, тие не можат да направат ништо без минералите. Иако нашиот организам е способен да произведува бројни витамини, невозможно е произвидството на минерали. Spirulina Pacifica ги содржи сите минерали кои се важни за човечкото тело: железо, магнезиум, калиум, калциум, фосфор, цинк и реткиот селен. Хранливиот додаток ќе делува оптимално само ако витамините и минералите се природно урамнотежени и се земаат заедно. Тоа е големата моќ и компатибилност на Spirulina Pacifica. Исто така, Spirulina Pacifica е еден од најдобрите природни извори на органско врзивно железо. Спротивно на морските алги, единствено Spirulina Pacifica содржи траги од јод. Нутритивниот додаток делува оптимално единствено кога органските врзивни витамини и минерали се во правилна рамнотежа и се земаат заедно. Тоа е големата моќ на Spirulina Pacifica.

Природен извор на железо
Spirulina Pacifica е богата со железо. Железото, заедно со витамините од Б комплексот, е потребен за формирање на црвените крвни зрнца и за транспорт на кислород во крвта. Висок процент на анемии се предизвикани од недостаток на железо во исхраната. Жените имаат поголема потреба за железо од мажите, што се должи на менструацијата и бременоста. Исто така, многу жени го смалуваат внесувањето на железо бидејќи се на диета. Овој недостаток на железо што се должи на слабеење, најмногу преовладува кај жените помеѓу 18 и 25 години.
Се препорачува Spirulina Pacifica да на се зема во исто време со кафето или чајот. Овие пијалоци содржат супстанции кои го успоруваат внесувањето на железото со кое Spirulina Pacifica е богата.

Хлорофил
Spirulina Pacifica има изобилство на хлорофил. Тоа е зелена супстанца која им овозможува на растенијата да ја претворат сончевата светлина во енергија и нутриенти. Не е чудо што Spirulina Pacifica изобилува со соларна моќ! Хлорофилот ја прочистува крвта и ја подобрува абсорпцијата на железо од крвотокот. Хлорофилот исто така, е добар за Вашиот црн дроб, кој игра важна улога во остранувањето на отровите и штетните продукти од Вашиот организам.

Фикоцианин
Една од најважните супстанци во Spirulina Pacifica е фикоцианинот, сино обоен пигмент кој не може да се најде во ниту едно друго растение. Во исто време со хлорофилот, фикоцианинот апсорбира многу сончева светлина. Заедно тие и ја даваат сино-зелената боја на Spirulina Pacifica. Фикоцианинот е силен антиоксидант. Тој го подржува детоксичното дејство на црниот дроб и бубрезите. Бидејќи црниот дроб е одговорен за детоксикацијата на отровите од крвта, клетките на црниот дроб се подложни на високи концентрации на отрони хемикалии кои може да предизвикаат штета од слободните радикали. Фикоцианинот помага во заштитата на клетките на црниот дроб и помага во процесот на детоксикација. Тој ги заштитува клетките од слободните радикали, го стимулира производството на црвени крвни клетки и го зајакнува имуниот систем.

Каротеноиди
Каротеноидите се жолти, портокалови и црвени пигменти кои се наоѓаат во морковите, портокалите и останатите портокалови обоени овошја и зеленчучи. Поради сончевата клима, Spirulina Pacifica содржи високи концентрации на природни каротеноиди. Најважна супстанца е бета-каротенот кој организмот го претвара во витамин А. Каротеноидите се моќни антиоксиданти; тие го штитат нервниот систем и ја зголемуваат отпорноста, ја одржуваат кожата елестична и обезбедуваат косата, ноктите и очите да бидат во оптимална состојба. Бета-каротенот ја штити Вашата кожа од УВ зрачењето и Ви помага побрзо да потемнете на сонце.
Каротеноидите се битни за ефикасно функционирање на очите. На луѓето, кои често седат пред компјутер, многу гледаат телевизија или возат навечер, потребен им е дополнителен бета-каротен.

Гама линоленска киселина
Spirulina Pacifica содржи голема количина на гама линоленска киселина. Мајчиното млеко и маслото од ноќна јагорчевина се останати два извора на оваа ретка масна киселина. Вашето тело ја претвара ГЛК во ДГЛК и од тоа во кои се мошне активни хормонски супстанции и се неопходни во огромниот број телесни функции. ГЛК е добра за нормални и регуларни менструални периоди. Покрај тоа, таа помага да се одржи ниско ниво на холестерол.

Ензими
Spirulina Pacifica содржи бројни важни ензими, како што е супероксид дисмутаза (СОД). СОД е ензим кој содржи железо, кое ги поддржува важните процеси на телесните клетки и ги штити од слободните радикали. Ензимите се важни за конструкцијата на нашите клетки. Не би можеле да живееме без ензимите. Ензимите се многу повредливи и лесно се уништуваат од топлина или оксидација. Поради многу внимателното производство, Spirulina Pacifica покажува мошне висока ензимска активност.

Што содржи?

 

Што содржи Spirulina Pacifica?

Едноставно кажано, Spirulina Pacifica е најхранливата делотворна и ефикасна храна на Земјата. Таа е најконцентрирана комплетна храна и извор на:
– Протеини (60-70%).
– Сите 10 хранливи Есенцијални амино киселини – вкупно 20 амино киселини, во синергетска рамнотежа.
– Б12 – најголем извор на човечки активен Б12 на Земјата.
– Бета-каротен и мешани каротеноиди – извонредно високи природни концентрации, антиоксидантна заштита.
– Целосен спектар на антиоксиданти – од фитонутриенти, пигменти и природни витамини.
– Фикоцианин – највисока концетрација на овој моќен, син, имуно-стимулативен протеин.
– ГЛК – највисока природна форма до мајчиното млеко.
– Rhamnose – редок, биолошко активен шеќер, кој забрзува хранливите материи да ја поминат крвно-мозочната бариера и да стигнат до клетките.
– Глигокен – единствен растителен извор на готова гликоза во складирана енергетска форма.
– Есенцијални масни киселини – најпотребните Омега 3 и 6 Есенцијални масни киселини.
– Хлорофил – темно-зелен градител на крвта.
– Целосен спектар на витамини – повеќе од било која друга поединечна храна, во балансирани количини.
– Океански извор на минерали и разноликост на елементи во траги.
– СОД – извонредно високо ниво на антиоксидантниот ензим, супероксид дисмутаза.
– Високи нивоа на мукополисахариди во мекиот клеточен ѕид – материјали за гликопротеинските комплекси.
– Не содржи холестерол и скроб, многу малку натриум и калории – високо енергетска храна.

Суперхрана за сите возрасти

 

Акција на три начини

Нездраво јадење, недостаток од вежбање, пушење, пиење алкохол и стрес – сето тоа создава развивање на штетни продукти во нашиот организам, предизвикувајќи да се чувствуваме уморни и млитави.
Spirulina Pacifica брзо Ве враќа на врвот. Spirulina Pacifica дејствува истовремено на три нивоа:
1. Прочистување. Spirulina Pacifica го помага природниот процес на телесно чистење. Ќе се чувствувате поспремни, повесели и ќе имате повеќе енергија.
2. Оздравување. Spirulina Pacifica ги надоместува недостатоците во исхраната и го стимулира метаболизмот. Вашата физичка кондиција се подобрува забележително и се обновувате побрзо после напрегање.
3. Зајакнување. Spirulina Pacifica ја зголемува отпорноста и го активира природниот телесен одбранбен механизам. Ќе се почувствувате посилно и поспособни за борба со притисоците на секојдневниот живот.
Поради нејзините функции на прочистување, оздравување и зајакнување, Spirulina Pacifica има широк опсег на примени. Ви дава нова енергија без земање на оживувачи и Ве прави поспремни и постабилни. Ова исто така е докажано со искуството на безбројни корисници.

Главна поправка на Вашето тело
Spirulina Pacifica го има истиот ефект на Вашето тело како што главната поправка ја има на Вашиот автомобил. Моторот е исчистен, свеќичките се исправни, маслото е обновено, се е добро подмачкано. Потоа автомобилот побрзо развива брзина, полесно се менуваат брзините и употребува помалку гориво. И сето тоа со истиот мотор!
Прилично лично прашање: Дали водите грижа за сопственото здравје како што водите грижа за својот автомобил? Дали му правите на Вашето тело главна поправка толку често со доволно одмор и релаксација? Дали Вашето тело го добива истото високо квалитетно гориво, на пр. Во форма на свеж зеленчук и зрело овошје?

Spirulina Pacifica – подарок од природата

Суперхрана богата со хранливи материи за супер здравје
Исхраната на современиот човек е преполна со осиромашена, премногу обработена храна. Многу луѓе дополнително ја збогатуваат исхраната со витамински и минерални препарати. Spirulina Pacifica се нарекува суперхрана затоа што во себе содржи поголема лепеза состојки од било која друга храна или растение. Овие хранливи и фитохемиски материи ја чинат Spirulina Pacifica комплетна замена за било кој изолиран витамински препарат.
– Протеини и аминокиселини
– Витамини и минерали
– Есенцијални масни киселини
– Фитонутриенти

Уживајте во Spirulina Pacifica секојдневно
Без оглед на тоа каков начин на одржување на Вашето здравје сте одбрале, треба да ги имате на ум изјавите на луѓето кои земаат Spirulina Pacifica секојдневно, кои велат дека се чувствуваат многу подобро. Ја земаат од најразлични причини: како енергетски извор, за изградба на телото, прочистување или намалување на телесната тежина. Уште една предност на редовното користење Spirulina Pacifica е што ја прави кожата поубава. На луѓето им е потребна сета заштита што може да ја добијат, особено преку исхрана со вистинската храна како што е Spirulina Pacifica.
Следните програми за индивидуална грижа за сопственото здравје, покажуваат како луѓето ја користат Spirulina Pacifica за подобрување на своето здравје и виталност.

Природна контрола на тежината
Наглото намалување на телесната тежина со користење на таблети или многу строги диети претставува стрес за организмот и може да предизвика несакани спротивни ефекти. Губењето тежина со помош на таблети е речиси секогаш само привремено. Тежината се враќа многу брзо, а процентот на масно ткиво во организмот е секогаш повисок од оној пред спроведувањето на диетата. Овој маѓепсан круг и понатаму продолжува, бидејќи се занемарува основниот проблем – неправилната исхрана и нејзиниот неминовен ефект на зголемување на телесната тежина.
Секоја исхрана која е природна го задоволува чувството на глад, бидејќи ја надополнува вистинската потреба на орагнизмот за хранливи материи. Spirulina Pacifica е високо концентрирана природна храна. Како дел од исхраната со природна интегрална храна, е од голема помош за зачувувањето на нормалната телесна тежина. Многумина ја употребуваат во комбинација со ниско калорични диети и физички вежби. Консумирајте ја Spirulina Pacifica 1 час пред оброк или ужина. Spirulina Pacifica помага во задоволувањето на апетитот. Таа не претставува средство за намалување на апетитот, ниту пак содржи било какви хемиски супстанци, кои го залажуваат организмот. Таа едноставно претставува концетрирана природна храна која е полна со храливи материи и е лесна за дигестија. Особено е важна поради концентрациите на железо, кое е често во недостаток кај жени на нискокалорична диета за намалување на телесната тежина. Ако сакате да го засилите третманот, постепено зголемувајте ја дозата на Spirulina Pacifica за да можете да се ориентирате на помали оброци. Најдобро е намалувањето на телесната тежина да биде бавно, но постојано. Spirulina Pacifica може да ни помогне да ја сфатиме мудроста на природната исхрана. Пред се, обезбедува чувство на леснотија, повеќе енергија и безболен премин од тешка кон полесна исхрана, богата со најразлични хранливи состојки.

Постење и прочистување
Едно од првите откритија во врска со позитивните ефекти на Spirulina Pacifica беше токму нејзината важност во периоди на постење. Spirulina Pacifica ги олеснува интестиналните проблеми, затоа што лесно се вари и обезбедува енергија и сила за совладување на уморот кој може да се јави во текот на постењето. Поради својата структура, хранливост и нискокалоричност, Spirulina Pacifica е добродојдена во текот на постењето, затоа што го олеснува и ги подобрува целокупните резултати. Spirulina Pacifica е високо енергетска супстанца. Комбинацијата што таа ја поседува, т.е. енергетскиот потенцијал и супримирањето на апетитот, ја направија популарна и многу прифатена во текот на постењето. Таа е алга со огромна моќ на прочистување, која ги истиснува токсините од ткивата во лимфата.

Прочистување на дебелото црево
Современата исхрана, сиромашна со влакнести баластни материи, може да доведе до задржување на отпадни материи (или мукоиди) во џебовите на дебелото црево. Бидејќи не се отстрануваат, овие отпадни материи може да предизвикаат опстипација (запек), лоша дигестија, слаба ресорпција на хранливи материи, и конечно, во подоцнежните години од животот, рак на дебелото црево, кој е едно од најчестите малигни заболувања во денешно време. Spirulina Pacifica е единствен извор на протеини кој не создава мукоидни остатоци во цревата. Покрај другото таа е и “метаболички активатор” кој делува директно на клетките во ткивата, зголемувајќи ја нивната активност во правецот на согорување на мукоидните формации. Создавањето на мукоидни формации во дебелото црево ќе се намали не само со влакнеста храна, туку и со претходно воспоставување на здрава популација на млечи бактерии, кои во составот на интестиналниот тракт ги поттикнуваат сите метаболички активатори. Влакнестата храна всушност помага во одржувањето на млечните бактерии и нивна правилна вегетација во дебелото црево. Истражувањата вршени во Јапонија покажуваат дека конзументите на Spirulina Pacifica имаат подобро развиена популација на цревна флора (млечни бактерии) и поголема способност за апсорпција на витамин Б од целокупната храна.
Атлети и бодибилдери
На атлетите им е потребна храна со поголема хранлива вредност. Во атлетските кругови се популарни стануваат продуктите со едно име наречени концентрирана супер храна. Атлетите велат дека, Spirulina Pacifica земена пред тренинг или натпревар дава енергија и ја подобрува силата. Ја зглолемува издржливоста на маратонците, планинарите и велосопедистите. Spirulina Pacifica е многу интензивна храна одлична за луќе кои долго и интензивно тренираат. Во својот состав содржи Гама Линоленска Киселина која е прекурсор на простагландините – главни хормони кои ја регулираат работата на секоја клетка во организмот – вклучувајќи ги и срцето, кожата, крвотокот и мускулатурата. Еден од условите за добро здравје и физичка активност е одржување нормално ниво на простагландини. Протеините се неопходни за правилно изведување на долготрајни тренинзи, бидејќи помагаат во регенерирањето на ткивата и обезбедуваат здрава основа за изградба на мускули, јаки тетиви и крвен хемоглобин. За бодибилдерите е важно дека Spirulina Pacifica обезбедува 65% протеини кои лесно се разградуваат, а не содржи непотребни маснотии. Spirulina Pacifica е погодна за консумирање пред натпреварите, бидејќи дава огромно количество енергија и сила. Оваа состојба на енергија и сила може да трае и подолго, ако Spirulina Pacifica се зема во комбинација со млеко, јајца, мед или овошен сок. Од друга страна пак, Spirulina Pacifica земена пред јадење, го задоволува апетитот, а со тоа ја намалува потребата за внесување непотребни калории, што е од особена важност за одржување на телесната тежина на спортистот на саканите вредности.
Многу спортисти редовно за време на големите натпревари ја користат Spirulina Pacifica за да ја подобрат кондицијата, издржливоста и спречување на мускулните грчеви во текот на напрегањето. Spirulina Pacifica го забрзува елиминирањето на јаглерод диоксидот, со што мускулите побрзо се снабдуваат со потребниот кислород. Кај потешките тренинзи, постои сериозен проблем со метаболизмот на железото. Spirulina Pacifica спречува анемија, затоа што во себе содржи 10 пати повеќе железо од спањаќот.

Деца, бремени жени и доилки
Внесувањето хранливи материи во текот на доењето е од особено значење. Анемиите предизвикани од недостаток на железо се најдоминантно нарушување кај мајки и деца. На бремените жени им се потребни лесно сварливите протеини и железото од Spirulina Pacifica, која не содржи заситени масти. Родителите се често изненадени од фактот дека нивните деца уживаат во Spirulina Pacifica и сакаат да ги лижат таблетите.

Програма за самогрижа за средновечни
Spirulina Pacifica често пати се смета за супер храна, односно додаток на храната за луѓето на 20, 30 и 40 годинишна возраст – луѓе на кои им е потребна огромна енергија да останат во форма и во чекор да го следат брзиот начин на живеење. Spirulina Pacifica полесно се вари од повеќето протеини, има концентрација на бета-каротен кој има заштитна улога. Spirulina Pacifica има големи количества Гама Линоленска Киселина и железо. Споредувано во тежински однос, Spirulina Pacifica содржи повеќе магнезиум и калциум од повеќето други продукти што ги консумираме. Голем дел од работните луѓе не јадат доволно, имаат ограничување во исхраната или страдаат од недоволна апсорпција. Лошата дигестија и слабата апсорпција од храната предизвикува енергетска слабост или неисхранетост. Spirulina Pacifica како висококонцентрирана алга со хранливи материи е одличен препарат за дополнување на нивната исхрана: 60% лесно сварливи протеини, кои покажуваат ефект во подобрувањето на недоволната апсорпција. Spirulina Pacifica, бидејќи е богата со протеини а сиромашна со масти, значи олеснување на тешката исхрана која предизвикува артрит и го зголемува нивото на холестерол во крвта.
Застапеноста на бета-каротенот во најголем процент од сите останати извори на овој антиоксидант, претставува одлична предност за очите и видот. Таа помага и во градбата на здравата цревна флора, подобрувајќи го варењето и елиминацијата. Повеќето постари луѓе јадат помалку месо, и токму поради поа е важен изборот на растителна храна богата со железо како што е Spirulina Pacifica. Апсорпцијата на витаминот Б12 се намалува со годините, поради што изборот на Spirulina Pacifica како извор на железо е оправдан. Таа во себе ја содржи и ретката есенцијална масна киселина ГЛК, неопходна за здрава кожа.

Стратегија против стареење
Антиоксидантите (како што се витаминот Ц, Е и бета-каротенот) ги прифаќаат слободните кислородни атоми, наречени слободни радикали, кои талкаат низ крвотокот и им нанесуваат штета на клетките и органите, а со тоа го зголемуваат ефектот на стареење и ризикот за заболување од рак. Повозрасните, кои јадат малку, несоодветна храна или не можат да апсорбираат доволно хранливи материи, како храна за успорување на процесот на стареење треба да користат дополнување во исхраната. Ова практично ја опишува Spirulina Pacifica: лесно сварлива, интегрална храна со највисока концентрација на бета-каротен од било која друга храна.

Подорбо да се спречи отколку да се лечи
Многу работни луѓе (бизнисмени) работат напорно преку целиот ден, навечер излегуваат со клиентите или соработниците, и утредента повторно стануваат рано, за да го започнат својот нов напорен ден. Многумина од нив открија нов начин да се издржи тоа напорно темпо. Најмалку 10 таблети Spirulina Pacifica со две чаши вода пред легнување по напорна вечер, може во голема мера да ги намали или спречи последиците од мамурлакот, својствени за наредното утро. По многу испиен алкохол, 2 чаши вода се неопходни за рехидратација на организмот. Лесно сварливата Spirulina Pacifica помага со своите протеини, витамини и минерали во обновата на веќе осиромашените депоа на хранливи материи. Spirulina Pacifica заедно со водата помага во избегнување на дехидрирањето и чувството на истрошеност следното утро.

Полезности

 

Семејство и деца
– Ви дава повеќе енергија
– Ја зголемува Вашата отпорност
– Ревитализира за време на замор
– Го забрзува опоравувањето по болест
– Зајакнува за време и после бременост
– Погодно и за мали деца

Работа и учење
– Ја подобрува Вашата изведба
– Ја засилува концентрацијата
– Ве држи спремни и внимателни
– Ви помага да се справите со стресните ситуации

Спорт и фитнес
– Подобра изведба
– Подолготрајна моќ
– Зголемена издржливост
– Подобро опоравување

Преку педесети
– Го успорува процесот на стареење
– Ве одржува млади и витални
– Го активира телесниот одбранбен систем
– Поголема сила за време на менопауза
– Го одржува холестеролот на ниско ниво

Убавина
– За здрава кожа
– За правење маски за лице
– Бујна и сјајна коса
– Јаки и флексибилни нокти
– Како поддршка додека слабеете

Додека патувате
– Ве одржува будни зад воланот
– Ја засилува концентрацијата
– Подобро опоравување по подолг пат или лет

Опаѓање на енергијата?
Имате проблеми со опаѓење на енергијата после пладне? Наместо да јадете чоколадо пробајте земете неколку таблети Spirulina Pacifica. Вашето ниво на енергија ќе се врати на нормала и брзо ќе се вратите во форма! Можете да ја зголемите Вашата дневна количина во зависност од тоа што ви е потребно, без никакви проблеми, до околу 20 таблети дневно. Spirulina Pacifica е 100% природен хранлив додаток.

Лек за прочистување
Spirulina Pacifica е идеална како лек за прочистување. Пиејќи колку што е можно повеќе вода (или билни чаеви или џусеви), штетните материи од Вашето тело ќе се отстранат многу побрзо.
За да ја одржите Вашата тежина на вистинско ниво, добро е едноставно да додадете лажица полна со Spirulina Pacifica прашок или неколку таблети во чаша свежо исцедено органско овошје или џус од зеленчук.

Природна контрола на тежината
Неколку килограми повеќе? Spirulina Pacifica може да Ви помогне да ја добиете и да ја одржите под контрола Вашата тежина и нема да ви требаат никакви помошни вештачки лекови. Вие добивате природни хранливи материи во концентрирана форма без додатни калории, што значи Вие ќе бидете поздрави и помалку ќе страдате од маката за глад. Уште повеќе, Вие ќе сакате да бидете на диета, ако не чувствувате никаков замор или млитавост!
Само јадење помалку храна не е доволно да се ослободиме од нашата зголемена тежина. Исто така е важно Вашето тело да добие доволно важни хранливи материи, без вишок на калории. Ако се заситиме самите себеси со “празни” калории од рафинирана и конзервирана храна (на пример, бел шеќер, призводи базирани на бело брашно, конзервирана храна и др.) тогаш наспроти нашиот полн стомак, за кратко време повторно ќе бидеме гладни. Секако Вашето тело не примило никакви основно хранливи материи, туку само огромни количини на некорисни калории кои не прават ништо друго, туку само Ве дебелеат. Значи, не е важно колку јадеме туку што јадеме!
Совети:
– Јадете свежо овошје, салати и свежо подготвен зеленчук колку што можете почесто!
– Пијте доволно (свежа) вода.
– Не комбинирајте многу производи во еден оброк; нека биде едноставен.
– Пробајте да џвакате колку што е можно подолго; тоа Ве прави да се чувствувате сити побрзо.
Како помага Spirulina Pacifica при слабеење
Ако залихата на хранливите материи во нашата крв е на ниско ниво, нивото на шеќерот во крвта опаѓа. Тоа го покренува сигналот за глад во нашиот мозок. Земете Spirulina Pacifica половина час пред да јадете со голема чаша вода, за да Вашето тело ги добие сите потребни хранливи материи во концентрирана форма. Ако се чувствувате гладни или млитави, секогаш може да земате неколку таблети помеѓу оброци. Бидејќи Spirulina Pacifica е лесно сварлива, хранливите материи брзо стигнуваат до крвотокот. Низ крвта, центарот за глад во Вашиот мозок добива сигнал дека сите хранливи материи се присутни. Нивото на шеќер во крвта се зголемува и останува стабилен подолг период. Вие веќе не чувствувате глад. Во однос на фактот дека сте јаделе помалку, Вашето тело си ги обезбедило сите потребни хранливи материи и тоа со минимум на калории (само 1 kcal по таблета).
Чувствувате поголема глад?
Можно е на почетокот да бидете повеќе гладни од вообичаено. Тогаш Вашето тело очигледно има потреба од повеќе основни хранливи материи. Во овој случај можете да ја зголемите дозата на Spirulina Pacifica на околу 15 таблети дневно. Кога еднаш храливите материи ќе достигнат високо ниво, Вашиот глад ќе се нормализира. Возможно е да имате прекумерна тежина, а во исто време да бидете неухранет. Во овој случај нашиот внес на калории е доволен, но внесувањето основни хранливи материи не е доволно.
За да ја одржите Вашата тежина стабилна, редовно консумирајте чаша џус од овошје или зеленчук со лажица Spirulina Pacifica.

Природен третман на убавина
Нашето тело е изградено од храната која ја јадеме. Поради тоа постои директна врска помеѓу квалитетот на нашата исхрана и квалитетот на нашиот организам. Што повеќе основни хранливи материи се содржани во нашата исхрана, подобра е и состојбата на нашата кожа, коса и нокти. Користејќи Spirulina Pacifica, Вие ќе ги обезбедите сите овие материи во природен сооднос.
Spirulina Pacifica ги содржи точно сите вистински минерали и витамини за да ја одржува Вашита коса, кожа и нокти во оптимална состојба. Spirulina Pacifica помага во прочистувањето на крвта, што е добро за нежна здрава кожа. Маска за лице направена од Spirulina Pacifica прав е одлична во лечењето на иритирана проблематична кожа. Уште повеќе, дали знаете дека бета-каротенот во Spirulina Pacifica помага во добивање на тен побрзо кога сте изложени на сонце?
Вашата коса ќе биде повторно прекрасна!
Сува или без сјај коса, опаѓање на коса и сува кожа или кршливи нокти, често се последица на неадекватна исхрана. Испитувањата на коренот на косата, покажаа дека овие недостатоци ќе исчезнат за 2-3 недели од употреба на Spirulina Pacifica. Во исто време, косата ќе биде појака, посјајна и ќе има повеќе волумен. Исто така, ноктите се поцврсти и се кршат многу потешко.
Инструкции за правење маска за лице
Измешајте половина кафена лажица од Spirulina Pacifica или згмечете 2 таблети со павлака или јогурт, или во Вашата омилена маска за лице. Нанесете ја маската на темелно исчистена кожа и оставете ја да стои 15 минути. Потоа исплакнете го лицето со млака вода. Маската за лице од Spirulina Pacifica има тројно дејство: чистење, опуштање и хранење на кожата. Маската за лице од Spirulina Pacifica може да се употребува за секој вид на кожа, но посебно помага за масна и проблематична кожа.
Недостатоците едноставно исчезнуваат!
Ако Вашиот метаболизам не функционира правилно, тогаш дури ни внатрешното чистење на Вашето тело нема да функционира правилно. Резултат на ова, е дека Вашето тело ќе ја користи Вашата кожа како излез за штетните материи, кој што може да доведе до недостатоци. Spirulina Pacifica ја прочистува крвта и го зајакнува метаболизмот. Како резултат на ова се создаваат помалку штетни материи и тоа ги намалува проблемите со кожата. Понекогаш, кога ќе почнете да користите Spirulina Pacifica, можеби ќе почувствувате одредени недостатоци. Ова е знак дека внатрешниот процес на чистење на телото е започнат. Без грижа, по почетното чистење Вашиот тен на лицето брзо ќе се опорави.
Совет: Ако имате проблематична кожа Вие ќе постигнете најдобри резултати ако го комбинирате конзумирањето Spirulina Pacifica со регуларни маски за лице.

Менструација и менопауза
Многу жени во менопаузата имаат малку проблеми со симптомите на менопаузата ако користат Spirulina Pacifica. Тие се чувствуваат посмирено, имаат повеќе енергија и урамнотеженост и имаат помалку грижи.
Spirulina Pacifica исто така има позитивни ефекти за време на менструацијата. Spirulina Pacifica содржи гама линиленска киселина која преминува во простагландин во организмот и затоа има позитивни ефекти во менструалниот циклус.
Заради ова, менструацијата е повеќе отколку само дел од репродуктивната функција. За време на крварењето, телото се ослободува од загадувањата (на сличен начин како кожата со пеги и јак мирис на испарување). Проблематична менструација може да е резултат на овој процес на внатрешно чистење. Spirulina Pacifica обезбедува дека организмот постепено се ослободува од загадувачите и Ви дава нова енергија. Благодарејќи на Spirulina Pacifica, многу жени имаат пократка и полесна менструација и се чувствуваат подобро во периодот кој и претходи на менструацијата.

Деца
За мали деца една таблета 2-3 пати дневно е добар просек. За бебиња додадете половина згмечена таблета или половина мала лажичка прашок во мала чаша со џус од овошје или зеленчук.

Бременост
Spirulina Pacifica е идеална за време на бременост или за време на доење. Доколку сте ја користеле Spirulina Pacifica пред да забремените, само продолжете со земањето, дури може да земате и повеќе. Доколку сте бремени и прв пат ја земате Spirulina Pacifica изградете ја дозата постепено.

Останете здрави како што стареете
Сите ние старееме и нема ништо лошо во тоа. Но доброто спротивставување заслужува поголемо внимание. Бидејќи многу стари луѓе имаат помалку апетит, многу е важно нивната храна да содржи доволно важни хранливи материи. Со целосен респект, Spirulina Pacifica е многу корисен извор. Таа не ви го дуе стомакот и лесно е сварлива. Многу повеќе, Spirulina Pacifica дава екстра енергија и го чува Вашиот мозок бистар, овозможувајќи целосно да уживате со Вашите внуци, хоби и патувања, без брзо да почувствувате замор. За постарите луѓе, добро е да ја изградат дозата постепено, со една таблета дневно. Ако сакате можете да земате една или две таблети помеѓу оброци.

Дали е сигурна за дијабетичари?
Да. Иако таа содржи и шеќер (околу 10%) тој е во форма на rhamnose, вид на шеќер кој не бара инсулин за метаболизам. Spirulina Pacifica има високи нивоа на мешани каротеноиди. Дополнително, таа содржи преку 90 минерали.

Спорт и фитнес
Мноштво од врвните спортисти се колнат во природната енергија на Spirulina Pacifica. Без разлика дали е издржлив спорт, снажен спорт или спорт кој бара врвна изведба, Spirulina Pacifica Ви дава предност поради неколку причини. Предност која не користи вештачките супстанци, бидејќи Spirulina Pacifica е целосно, чист природен производ и не содржи супстанци кои можат да се сметаат за допинг.
Со Spirulina Pacifica нашиот организам многу побрзо се опоравува, после напорни физички изложувања или спортување. Вашата издржливост и сила се зголемуваат и ќе имате помалку енергетски падови.
Spirulina Pacifica и спортот
1. Хранлив додаток
Spirulina Pacifica содржи повеќе од 100 природни основни хранливи состојки, лесно е сварлива и целосно се апсорбира во организмот за половина час. За разлика од вообичаената храна, можете да земате Spirulina Pacifica пред или дури за време на натпреварите. Бидејќи Spirulina Pacifica го намалува чувството на глад и ја обезбедува потребната енергија, таа е идеална за употреба кога имате тренинг околу времето предвидено за оброци.
2. Брзо опоравување
После тешка тренинг сесија или натпревар, мускулите се полни со јаглерод диоксид и млечна киселина, штетни материи кои предизвикуваат мускулна болка и задоцнето опоравување. Акцијата на прочистување на Spirulina Pacifica го забрзува отстранувањето на овие штетни материи од организмот. Исто така Spirulina Pacifica ги заменува минералите кои се загубени како резултат на потењето. Последица: Вашиот организам може да се опорави побрзо. Брзото опоравување значи дека побрзо можете да почнете со тренинг повторно. Почестиот тренинг го зголемува Вашето ниво на изведба.
3. Повеќе сила
Spirulina Pacifica обезбедува оптимален метаболизам за време на натпреварите. Метаболизмот значи: претварање на храната во енергија. Со ова дополнение на енергија, избегнувате пад во спортувањето. Употребувајќи Spirulina Pacifica нема да бидете исцрпени брзо и можете да издржите подолго време.
4. Поголема отпорност
Исцрпувачките и тешки тренинзи можат да ја намалат Вашата отпорност. Ако се изладите многу брзо, на пример на влажно и зимско време, Вие сигурно ризикувате да имате проблеми. Како последица на енормното богатство на основни хранливи материи, Spirulina Pacifica брзо го пополнува секој недостаток и ја зголемува Вашата отпорност. Шансите да добиете настинка или грип се намалени. Значи нема да ги пропуштите понатамошните тренинзи.
5. Енергетски пијалок за моќни спортови
Spirulina Pacifica не Ви помага само да ја одржите Вашата тежина на нормално ниво, туку Ви помага и да ја зголемите тежината, на пример за боди билдинг или други слични спортови. Моќните атлети кои сакаат да станат помускулни можат да ја мешаат Spirulina Pacifica со енергетските пијалоци. На пример, направете шејк со банани, јајца или јајца во прав, овошен џус и мед. Spirulina Pacifica правот едноставно може да се меша со сите видови на протеински пијалоци и друга спортска исхрана. Алгите обезбедуваат подобро искористување на хранливите материи.
Употреба
Зависно од Вашиот тренинг распоред, земете 6-9 таблети дневно. Земајте ги во регуларно време со вода. Во случај на екстремен напор земете 6-9 таблети дневно екстра. За време на екстремен напор (на пр. маратон или триатлон) може да земате 15-30 таблети дневно. Бидејќи Spirulina Pacifica лесно се вари, може да земате таблети како пред, така и за време на натреварувањето. Spirulina Pacifica е 100% природна храна и може да се зема со други форми на спортскa хранa.

Миленик на забави
Брзото опоравување не е важно само за спортистите. Можете да ги искористите истите полезности после ноќ помината на забава. Spirulina Pacifica Ве одржува во форма. Вие ќе забележите дека можете да се забавувате подолго и дека после долга, тешка ноќ ќе се опоравите побрзо, бидејќи штетните материи се исфрлени од Вашиот организам многу побрзо. Многу професионални танчери се верни корисници на Spirulina Pacifica.
Дали испивте малку повеќе?
Ако не сакате да се будите со огромно лебдење на главата, земете 6-9 таблети (или повеќе, во зависност од тоа колку сте испиле) пред да си легнете со една или две големи чаши вода. Сторете го истото кога ќе се разбудите и мачнината во главата нема да биде лоша и ќе се чувствувате спремни и будни многу побрзо!
Spirulina Pacifica ги обезбедува додатоците од хранливи материи кои се изгубени и го подржува процесот на чистење на црниот дроб. Чашите вода се неопходни за да не дехидрирате. Алкохолот го прави организмот (и мозокот) дехидриран што ја објаснува Вашата жед наредниот ден. Spirulina Pacifica е треан чудесен лек за карневалските лудории низа години.

За време на патување
Пред 500 години Ацтеките ја употребувале Спирулина-та на нивните долги патувања низ планините. Денес Spirulina Pacifica е идеална кога возите низ лошиот сообраќај. Алгата Ве држи будни и внимателни зад воланот и ја зголемува Вашата моќ на концентрација. Бета-каротенот (важен составен дел од Spirulina Pacifica) е потребен за да Ви овозможи да гледате подобро во ноќта; тоа помага ако мора да возите навечер. Дали се плашите од долг лет со авион до Вашата дестинација за одмор? Користете Spirulina Pacifica и ќе се чувствувате спремни и ќе ги избегнете проблемите после долг лет и ќе се аклиматизирате побрзо кога ќе пристигнете на Вашата дестинација.

Препорака за употреба

 

Започнете го Вашиот ден со предност на стартот

Употребувајќи ја Spirulina Pacifica секојдневно се исполнувате со дополнителен дел од сончевата енергија, за здрав и активен живот. Не го заборавајте тоа! На пример, на масата за појадок или веднаш до Вашата четка за заби. Едноставно бидејќи Spirulina Pacifica припаѓа на Вашата дневна рутина.
Се тече како подмачкано кога се чувствувате добро!

Како да земате Spirulina Pacifica
Дози на таблети
Возрасни: 3-6 таблети дневно
Деца: 1-3 таблети дневно
Дози на прашок
½-1 кафена лажица дневно, измешана со џус од овошје или зеленчук (на пр.џус од домати или јаболко).
Инструкции за употреба на Spirulina Pacifica прашок
Енергетски пијалок: Измешајте кафена лажичка со Spirulina Pacifica прашок во чаша со свежо исцеден природен зеленчук или овошје. Додадете хербална сол и бибер за да се засили вкусот на џусот од зеленчук или мед на џусот од овошје. Spirulina Pacifica прашокот оди особено добро со џус од домати, целер или јаболко (со примеса од цимет).
Ако штотуку започнувате да земате Spirulina Pacifica, изградете ја дозата постепено:
– Првите два дена земајте по 1 таблета дневно.
– Наредните два дена земајте по 2 таблети дневно.
– Наредните два дена земајте 3 таблети дневно, итн., се додека не ја постигнете потребната доза од 3-6 таблети днавно.
– Земајте ги таблетите со вода непосредно пред оброците.
– Кога слабеете, земајте ги таблетите со голема чаша вода половина час пред оброците.
– Може да ја земате дневната доза целосно наутро или поделена во текот на денот.
– Подобро е да не се зема Spirulina Pacifica навечер. Инаку ќе бидете многу активни кога ќе сакате да спиете. Тоа секако е решение ако треба да работите доцна во ноќта или ако треба да одите на забава.
– Совет: Пијте многу вода секој ден. Ова го одржува Вашиот природен процес на чистење.
Можни споредни ефекти во почетниот период
Некои луѓе можат да почувствуваат мала одвратност кога за прв пат ќе започнат да земаат Spirulina Pacifica. Тоа е нешто за кое апсолутно нема потреба да се грижите. Всушност, сосема спротивно. Тоа е знак дека Вашиот процес на телесно прочистување започнал и тоа покажува дека Spirulina Pacifica дејствува позитивно.
Ако ја намалите дозата извесен период прочиствувачкиот ефект ќе биде попостепен. Кога ќе се навикнете на Spirulina Pacifica можете повторно да ја изградите дозата повторно. Симптомите ќе исцезнат и ќе се чувствувате подобро од кога и да било.
Што може да очекувате?
Ако ја земате Spirulina Pacifica редовно, ќе забележите промена на Вашите енергетски нивоа по 1-3 недели. Резултатите се разликуваат од лице до лице и очигледно зависат од Вашата кондиција.
Во секој случај, ќе се чувствувате како да имате предност на стартот, но треба да запамтите секогаш да јадете исправно, редовно да вежбате, да излегувате на свеж воздух и да спиете добро.
Spirulina Pacifica е комплетно природен извор на храна. Затоа неможете да станете зависен од неа или да повлече симптоми. Можете да ја земате во текот на целата година и може да се комбинира со други хранливи додатоци без проблеми.
Не се познати никакви споредни ефекти на Spirulina Pacifica.

10 причини

 

Spirulina Pacifica – Десет добри причини за нејзино консумирање

Тајната формула на природата за повеќе од 3,8 милијарди години, Spirulina Pacifica модро-зелана алга е повторно откриена денес поради нејзините полезности врз здравјето на човекот. Таа редовно се употребува од луѓе кои сакаат подобро здравје, атлети, трудници, бебиња, деца, возрасни, постари луѓе, вегетеријанци, оние кои внимаваат на својата тежина.
Секојдневно, луѓето се уверуваат во полезностите на супериорната исхрана, врвна подршка на имуниот систем, подмладување и издржливост обезбедена со употреба на Spirulina Pacifica, за моментално и долго зачувување на здравјето.
1. Преку 100 алкални фитонутриенти и антиоксиданти, вклучувајки и два од најстарите ензимски пигменти на природата, како фикоцианинот (плав) и хлорофилот (зелен) и низа од каротеноиди вклучувајќи го бета каротенот, лутеинот и други нутриенти кои даваат поддршка на организмот и ги обезбедуваат дневните потреби од хранливи материи. Фитонутриентите промовираат: врвна поддршка на имунолошкиот систем, детоксификација, здрава цревна флора, здрава крвна слика, здраво функционирање на дигестивниот систем, еластичност на капиларите, исправна циркулација на крвта, помага во борбата со слободните радикали, стресот, заморот и др.
2. ДНК и РНК нуклеински киселини – промовираат регенерација на клетките, обновување на ткивото и помагаат во обновување на метаболичкиот дисбаланс.
3. Ретките карбохидрати Rhamnose и Cyanophycean, скроб идентичен на гликоген кој се претвара во гликоза. Природните карбохидрати ја зголемуваат енергијата и издржливоста и помагаат во поддршката за нормализирање на гликозата во крвта.
4. 13 Есенцијални масни киселини “добрите масти” вклучувајќи ги Омега 3, 6, и 9 како Гама Линоленска Киселина (ГЛК) исто така позната како диктатор на мастите или апсорбер на мастите; Олеинска киселина, (АЛК) Алфа Линоленска Киселина, ДХК и други, кои влијаат брз здравјето на косата, кожата, ноктите и зглобовите. Есенцијални масни киселини го поддржуваат нормалното ниво на холестерол, здраво срце, функционирање на мозокот и нервниот систем, контрола на апетитот, метаболизмот на мастите, флексибилност на зглобовите и помага при ПМС.
5. Преку 20 природно формирани основни минерали кои вклучуваат калциум, магнезиум, калиум, натриум, цинк, хром, железо, селен, фосфор, манган и други, сите од не синтетички извор. Овие основни минерали обезбедуваат лесна дигестија, апсорбција и асимилација во крвотокот, и штитат од недостаток на минерали и промовираат здраво мускулно ткиво, здрави коски, правилен развој и функционирање на централниот нервен систем, жлездите, скелетот, репродуктивниот систем и други телесни функции.
6. Преку 10 природно формирани витамини вклучувајќи ги витаминот А, фолна киселина, Б1, Б2, Б6, Б12, ниацин, иноситол, пантотенска киселина, витамините Е, Д, Х и други кои го подобруваат здравјето на очите, кожата, забите, мускулите, нервите, белите дробови и други битни функции на телото. Витамините помагаат во подобрување на: црвени крвни зрнца, намалување на едемата, стабилизација на хормоните кај жените и асистира во борбата против пернициозната анемија, дегенерација на нервите, прерана сенилност, здравје на срцето, замор, мантални болести, алергии, инфекции, дегенеративен дисбаланс, чир на желудник, хипогликемија и други болести поврзани со недостаток на витамини.
7. 18 Амино киселини: 8 есенцијални амино киселини за биолошки комплетен протеин, 10 неесенцијални амино киселини, вклучувајќи phenylaline кој некои истражувачи веруваат дека делува директно на центарот за апетит во мозокот и помага во намалувањето на копнежот по храна и го нормализира апетитот. Амино киселините го подобруваат здравјето на мозокот, растот, обновувањето и поддршката на клетките, ткивото и над се енергијата и издржливоста. Повеќето протеини не се однесуваат како брза енергетска храна, бидејќи тешко се апсорбираат. Протеинот во Spirulina Pacifica се апсорбира околу 90% и обезбедува моментална и долготрајна корист од енергија.
8. Над 8 каротеноиди вклучувајќи го лутеинот, зеаксантинот, криптоксантинот, алфа каротенот и бета каротенот – моќен антиоксидант што се трансформира во про витамин А. Антиоксидантите промовираат здрав имун систем, раст и виталност и му помагаат на телото да се бори против инфекции и бактерии, исто така тие се важни за здравјето на очите и му помагаат на организмот во борбата со слободните радикали и ефектите од загадувањето на околината.
9. Spirulina Pacifica има малку калории, нема сол, нема вештачки состојки или полначи и е целосно природен производ.
10. Spirulina Pacifica е комплетна храна која на организмот му обезбедува се она што е најнепходно за неговите дневни потреби. Потребни Ви се само неколку грама во текот на денот и полесно ќе ги поднесете сите стресни ситуации на овој модерен свет.

Научни истражувања

 

Веќе 20 години светската научна јавност е во трка по нови откритија во оваа област. Научниците започнаа да ги откриваат причините и начините на кои оваа микроскопска алга ги пројавува своите позитивни ефекти врз здравјето на луѓето и животните. Досега се објавени повеќе стотини студии во кои се опишува Спирулината, нејзините единствени фитонутриенти и екстракти, односно нивните ефекти врз имунолошкиот систем и севкупното здравје.

Ја зголемува антивирусната активност
Природен бета-каротен за превенција од рак
Анти-канцерогени ефекти
Го зајакнува имунолошкиот систем
Полисахаридите го подобруваат имунолошкиот систем
Ефектот на фикоцианинот врз имунолошкиот систем
Фикоцианинот ја подобрува крвната слика
Високи концентрации на биолошко железо и корегирање на анемии
Го намалува холестеролот
Ја намалува бубрежната интоксикација со жива и лекови
Позитивни ефекти при дијабет и хипертензија
Гради здрава цревна флора
Заздравување на рани и антибиотски ефект
Добродетел за потхранети деца
Гама линоленска киселина и синтеза на простагландини
Намалување на телесната тежина
Го намалува ефектот на радијација кај децата од Чернобил
Ја спречува старосната дегенерација во функционирањето на мозокот
Други позитивни ефекти

Ја зголемува антивирусната активност
Водените екстракти од Спирулина ја инхибираат репликацијата на вирусот ХИВ-1 во хуманите Т-клетки како и во мононуклеоцитите во периферната циркулација. ХИВ-1 е вирус предизвикувач на СИДА-та. Само мали количини екстракт од Спирулина ја намалуваат репликацијата на вирусот, додека поголеми количини потполно ја запираат оваа активност. И што е најважно, екстрактот од Спирулина не е токсичен за хуманите клетки во концентрациите кои ја запираат вирусната репликација и ги штити клетките од вирусна инфекција во клеточната структура.
Како функционира? Кога ќе ја нападне клетката, вирусот се прилепува на клеточната мембрана. Но, во присуство на екстрактот од Спирулина, вирусот не може да навлезе низ клеточната мембрана и да ја нападне клетката. Вирусот е заробен и оневозможен да се реплицира. Потоа, се исфрла по пат на природните одбранбени механизми на организмот. Екстрактите од Спирулина може да станат корисни терапевтици кои би им помогнале на заболените од СИДА подолго да го живеат нормално својот живот.

Природен бета-каротен за превенција од рак
Ракот е причина број два на списокот на причини за прерана смрт. Се чини дека зголемениот процент на заболени од рак се должи на факторите на околината, особено исхраната. Научниците вршеле испитувања на храната и на супстанциите со протективен карактер, кои го намалуваат ризикот за заболување од рак. Бета-каротенот е една од најдобро познатите супстанци со анти-канцероген карактер. Бета-каротенот е главен извор на витаминот А за човековиот организам. Организмот го претвора бета-каротенот во витамин А само онолку колку му е потребно. Иако големи дози на витамин А, примени преку витамински препарати се токсични, големи концентрации на бета-каротен, примени од храната или преку препарати, не се воопшто штетни. Спирулината претставува најбогат извор на бета-каротен, со преку 10 пати повеќе бета-каротен од било која друга храна, вклучувајќи ги и морковите.
Бета-каротенот е една од најефективните супстанци за деактивација на слободните радикали, кои оштетувајќи ги клетките, доведуваат до туморски заболувања. Слободните радикали претставуваат молекуларни фрагменти кои потекнуваат од загадувањето на околината, токсичните хемикалии, лекови, како и од физичкиот и емоционалниот стрес. Бета-каротенот ја спречува активноста на слободните радикали и ја намалува појавата на белодробните тумори, ги спречува хемиски индуцираните тумори кај животните, спречува преканцерозно прехромозомско оштетување и го подобрува имунолошкиот систем.
Преку 100 студии потврдуваат дека витаминот А и бета-каротенот го инхибираат развојот на различни видови тумори. Многу хумани епидемиолошки студии ги поврзуваат зголеменото консумирање на витаминот А со намалениот ризик за заболување од рак. Дололнителни трудови покажуваат дека бета-каротенот (не се однесува на витаминот А од животонско потекло) има врска со намалувањето на ризикот од малигни заболувања.
Повеќе од 15 студии го поврзуваат намалениот процент на белодробни тумори со бета-каротенот и витаминот А. Според една од овие студии, колку е пониска концентрацијата на серумскиот бета-каротен, толку е поголема веројатноста за појава на белодробен тумор. Девет студии наоѓаат поврзаност меѓу туморите на дигестивниот систем (рак на устата, на желудникот, дебелото црево, на гастроинтестиналниот тракт воопшто) и бета-каротенот и витаминот А. Во студии, каде се вршени испитувања на жени, утврден е намален процент на заболување од рак на дојките и цервиксот (грлото на матката). Петгодишна студија која опфатила 29 000 луѓе, покажува дека дневните дози на бета-каротен, витамин Е и селен ја намлуваат смртноста од туморските заболувања за 13%.
Природниот бета-каротен е многу поефективен од синтетскиот. Природниот бета-каротен подобро се асимилира во организмот, поради тоа што содржи 9-cis каротеноиден изомер, кој се наоѓа во недоволна количина во синтетските каротенски молекули. Ова значи дека бета-каротенот, присутен во алгите и зеленчукот има поголемо антиоксидативно дејство одошто синтетскиот бета-каротен. Оваа контроверзност се обелодени во 1995 година, кога беше откриено дека синтетскиот бета-каротен не делува превентивно кај финските и американските пушачи, и дека дури може да биде штетен. Овие студии го поттикнаа интересот за проучување на природниот бета-каротен во интегралната храна.

Анти-канцерогени ефекти
Неколку студии покажуваат дека Спирулината и екстрактите добиени од неа може да ја спречат појавата на ракот, или пак може да го инхибираат понатамошното развивање на туморите. Се смета дека некои чести видови туморни заболувања се последица на оштетена ДНК во клетка, која предизвикува неконтролирано растење на клетките. Научниците кои се занимаваат со цитологија, дефинираа систем на специјални ензими, наречени ендонуклеази, кои помагаат во поправањето на оштетената ДНК, за да се одржи клетката здрава и во живот. Кога овие ензими се дезактивирани поради дејството на радијацијата или некои токсини, грешките во структурата на ДНК не се исправаат, и може да дојде до развивање на тумор. Студиите работени ин витро укажуваат на тоа дека полисахаридите, содржани единствено во Спирулината ја подобруваат активноста на јадрените ензими и ја стимулираат исправката на оштетената ДНК.
Како најбогат природен извор на бета-каротен, Спирулината е тестирана во однос на анти-канцероген ефект. Истражувачите во една студија сето свое внимание го фокусираа на намалувањето на туморни клетки во усната празнина со употребата на бета-каротен и екстракти од Спирулина. Раствор од бета-каротен, нанесен на тумор во устата, го намалува бројот и големината на појавените тумори и предизвикува нивно исчезнување. Друга студија, работена на 20 глодари, го покажува истиот резултат. Животните биле претходно третирани да развијат тумор во устата. Со примањето на екстракти од Спирулина, ниту едно од заморчињата не развило тумор за кој имале индуцирани предиспозиции. Анализите на примероците земени од ткивата, покажуваат присуство на имуностимулирачка супстанца, за која се верува дека ги уништила туморните клетки пред тие да можат да се делат.
Доказите кои ја потврдуваат врската меѓу бета-каротенот и превентивата од ракот се очигледни и импресивни. За оние кои не консумираат 4 до 9 порции овошје или зеленчук дневно, Спирулината ќе им го обезбеди потребното протективно количество бета-каротен.
Друга студија на научниците од Центарот за Рак во Осака со истражување извршено на луѓе, потврдува дека консумирањето Спирулина има позитивни ефекти на производството на антиканцерогени имунолошки клетки во телото, наречени природни клетки-убијци. Со анализирање на крвните клетки на волонтерите, групата покажа значително зголемување на производството на клетки-убијци и зголемување на способноста за убивање на овие клетки-убијци. Ова истражување покажува дека Спирулината го ублажува ракот. Исто така сугерира дека консумирањето Спирулина помага да се вооружи телото со одбранбени природни клетки-убијци кои може да делуваат на канцерогените клетки штом се развијат, што значи дека го спречуваат ракот.

Го зајакнува имунолошкиот систем
Спирулината е силен стимулатор на имунолошкиот систем. Во научните студии се потврдува дека Спирулината го подобрува имунолошкиот систем. Медицинските стручњаци тврдат дека Спирулината не само што го подобрува имунолошкиот систем, туку и го стимулира организмот да создава поголем број крвни елементи. Важните учесници во имунолошкиот одговор, како што се клетките од коскената срцевина, макрофагите, Т-клетките и NK-клетките (клетки-убијци) покажуваат зголемена активност. Слезината и тимусот (градна жлезда) покажуваат зголемена функција. Научниците, исто така, го следеа и зголемувањето на бројот на макрофагите, кои со активацијата поефикасно учествуваат во уништувањето на туѓите агенси, навлезени во организмот.
Студиите на исхрана, покажуваат дека дури и мали количини Спирулина учествува во изградбата како на хуморалниот така и на клеточниот имунитет. Спирулината ја забрзува продукцијата на хуморалниот систем (антитела и цитокини), овозможувајќи му на организмот поефикасно да се заштити од навлезените агенси и да се бори против инфекциите. Клеточниот имунитет ги опфаќа Т-клетките, макрофагите, Б-клетките и анти-туморските NK-клетки (клетки-убијци). Овие клетки циркулираат во крвта, а особено се застапени во некои органи: црн дроб, слезена, тимус (градна жлезда), лимфни јазли, аденоиди, крајници и коскена срцевина. Спирулината делува на овие клучни клетки и органи, поттикнувајќи ја нивната способност да функционираат и покрај нападите на најразлични токсини и инфективни агенси од средината.
Научници од Јапонија открија дека Спирулината ја унапредува активацијата на природните антиканцерогени супстанци во телото. Во оваа клиничка студија на волонтери од преку 40 години им беше давано 50 мл екстакт од Спирулина и беше мерено нивото на природните антиканцерогени супстанци во нивната крв. Резултатите покажуваат дека Спирулината значително ја зголемува способноста на убивање на туморот на природните клетки-убијци и интерферон гама. Активноста на интерферон гама и природните клетки-убијци се зголемила за 1-2 недели по користењето на Спирулина и активноста продолжила во наредните изненадувачки 12-24 недели иако дури се престанало со консумирањето на Спирулина. Овие заклучоци овозможија понатамошна поддршка на силната имунолошка зголемена активност на Спирулината најдена во многу други слични студии. Заедно сите студии укажуваат на моќта на Спирулината за употреба во имунотерапијата.
Во претходна студија исто така е откриено дека заедничката примена на Спирулината со ѕидот на клетката на бактериа, значително ја зголемило регресијата на всадени туморни клетки кај глувци споредено со примената само на BCG-CWS. Со овој заеднички третман се овозможува намалување на симптомите на болеста за повеќе од 80%. И двата вида на клетки може да играле комплементарна улога во ефикасната контрола на ракот.
Материјал од клеточен ѕид наречен BCG-CWS, добиен од одредена бактерија, заеднички се употребуваа кај пациенти со операција на рак на белите дробови. Примената на BCG-CWS резултираше со активирање на еден тип на антиканцерогена супстанца наречена cytotoxic Т-клетки (CTL), кои покажаа просечен успех. Заедничката примена на Спирулината со BCG-CWS ја зголеми активацијата на други типови на природни антиканцерогени супстанци наречени природни клетки-убијци кои делуваат ускладено со CTL за да дадат зголемен ефект.

Полисахаридите го подобруваат имунолошкиот систем
Поголем број студии покажаа дека липополисахаридите од Спирулината имаат стимулирачки ефекти врз имунолошкиот систем и дека полисахаридните екстракти ја подобруваат макрофагната функција, продукцијата на антитела и Т-лимфоцити. Полисахаридите кои се наоѓаат во составот на Спирулината ја зголемуваат продукцијата на макрофагите во организмот. Во истражувањата забележано е дека полисахаридите и фикоцианинот од Спирулината го подобриле имунитетот, што се манифестира преку зголемување на репродукцијата на коскеното ткиво, зголемување на тимусот (градна жлезда) и слезената, како и зголемена продукција на серумски протеини. Водениот екстракт од Спирулина, ја инхибира репликацијата на ХИВ-вирусот, Herpes simplex и други вируси, при тоа не покажувајќи никаква токсичност кон хуманите клетки. Целокупниот имунолошки систем, кој се состои од клетки-убијци, хелперни клетки и продукција на антитела, покажува значително зголемена активност и подобрување на имунолошкиот одговор, без никакви несакани ефекти.
Истражувачите ја тестираат теоријата дека Спирулината и нејзините екстракти делуваат како антибактериска вакцина со широк спектар на делување. Бидејќи претставува безбедна, природна храна, ова истражување предизвика голема заинтересираност меѓу научниците. Тие на секој начин се обидуваат да ги заменат неефикасните антибиотици со пробиотици за да го зајакнат имунолошкиот систем и да ги спречат болестите. Врз основа на оваа студија која е работена на животни, за луѓето би биле доволно ефикасни и 3 грама Спирулина дневно.
Американските научници објавија една започната студија, според која водените екстракти од Спирулина ја инхибраат репликацијата на ХИВ-вирусот во прочистени хумани Т-лимфоцити и во хумани крвни мононуклеоцити. Само мали количини екстракт од Спирулина ја намалуваат репликацијата на вирусот, додека поголеми количини потполно ја запираат оваа активност. Екстрактот го спречува навлегувањето на вирусот во клетките преку клеточната мембрана, со што се оневозможува неговата репликација. Овој екстракт од Спирулина е нетоксичен за хуманите клетки.

Ефектот на фикоцианинот врз имунолошкиот систем
Дел од севкупното внимание да се изнајдат супстанци со природно потекло, кои ќе имаат позитивен ефект на имунолошкиот систем, или пак ќе имаат анти-канцерно дејство, е фокусирано на проучување на модро-зелените злги. Една нетипична компонента за модро-зелените алги, но сепак присутна во Спирулината е природниот син протеински пигмент – фикоцианин.
Во истражувањата вршени во Јапонија, направена е екстракција и орална апликација на чист фикоцианин на лабораториски глувци со рак на црниот дроб. Во однос на контролната група глувци со истата болест, групата третирана со фикоцианин живеела подолго. По 5 недели преживеале дури 90% од глувците од третираната група, додека само 25% од контролната група. По 8 недели, преживеани имало само од третираната група (25%) додека сите глувци од контролната група угинале. Ова е препорака дека консумирањето фикоцианин може да го продолжи животот на заболените од рак.
При работењето на една друга студија, најдено е дека по 2 недели третман со фикоцианин, третираната група покажала поголем број бели крвни клетки (лимфоцитна активност) од контролната група. Третираната група имала и повисок процент на бели крвни клетки во однос на нормална група, односно група луѓе незаболени од рак. Ова укажува на фактот дека фикоцианинот ја зголемува лимфоцитната активност.
Основната функција на лимфниот систем е да ги одржува органите во здрава состојба и да го штити организмот од рак, нагризувања на слузницата (чир), воспалување на хемороиди и други болести. Горенаведените резултати од извршените истражувања наведуваат на фактот дека фикоцианинот не делува директно и локално на одредени туморски клетки, туку дека генерално ја подобрува отпорноста на организмот преку зајакнувањето на лимфниот систем. Се верува дека фикоцианинот може да спречи појава на дегенеративна болест на некој орган преку зајакнување на имунитетот.
Јапонскиот патент на фикоцианинот тврди дека консумирањето мали дози фикоцианин секојдневно, ја одржува и зајакнува нормалната клеточна функција, што од своја страна спречува појава на малигни колонии клетки, како што се туморските клетки, или пак го намалува нивното понатамошно растење и проширување. Патентот препорачува дневна доза фикоцианин од 0,25 до 2,5 грама. Спирулината одгледана на Хаваи, има најголема содржина на фикоцианин, која изнесува дури 15% од вкупната тежина на Спирулината. Ова значи дека погоре препорачаната доза на фикоцианин преку Спирулината може да се обезбеди со консумирање на 1,7 до 17 грама дневно, односно оптимална вредност би била 10 грама Спирулина дневно.
Кинеските научници објавија дека фикоцианинот ја стимулира хематопоезата (создавање крвни клетки), преку стимулирање на ослободувањето на хормонот еритропоетин (EPO). EPO се создава во здрави бубрези и ја регулира продукцијата на стем клетките во коскената срцевина. Тие тврдат дека фикоцианинот ја регулира продукцијата на бели крвни клетки, дури и во случаи кога стем клетките од коскената срцевина се оштетени од токсични хемиски средства или радијација.

Фикоцианинот ја подобрува крвната слика
Спирулината има темно зелена боја, бидејќи е богата со синиот полипептид, наречен фикоцианин. Студиите потврдуваат дека фикоцианинот делува на клетките од коскената срцевина – стем клетки. Од нив потекнуваат белите крвни клетки, кои го сочинуваат клеточниот имунитет, како и црвените крвни клетки, кои учествуваат во размената на гасовите во организмот. Научниците, во своите трудови наведуваат дека фикоцианинот ја стимулира хематопоезата (создавањето на крвните елементи), стимулирајќи ја функцијата на хормонот еритропоетин (EPO). EPO се продуцира во здрави бубрези и ја регулира продукцијата на клетките од коскената срцевина, кои подоцна созреваат во црвени крвни клетки. Научниците тврдат дека фикоцианинот, исто така ја регулира и продукцијата на белите крвни клетки, дури и во услови кога клетките од коскената срцевина се оштетени од некој токсичен хемиски агенс или од радијација.
Врз основа на овој ефект, Спирулината се докажа во Русија како “медицинска храна” за третман на озрачените. Децата од Чернобил се здобиваат со се потешки проблеми, консумирајќи ја храната која расте на радиоактивна почва. Нивната коскена срцевина е оштетена, што повлекува недостаток на одредени делови од имунолошкиот систем. Коскената срцевина, оштетена од радиоактивноста, не е во состојба да продуцира нормални црвени и бели крвни клетки. Овие деца се анемични и многу често подложни на тешки алергиски реакции. Децата на кои им беше давана Спирулината само по 5 грама дневно во таблети, покажуваат неверојатно закрепнување за 6 недели.

Високи концентрации на биолошко железо и корегирање на анемии
Недостатокот на железо во организмот е најчеста појава на минерална дефициенција во светот. Анемиите предизвикани од недостаток на железо се карактерисични за жени, деца, стари луѓе, а особено кај жени на диета за намалување на телесната тежина. Железото е неопходно за изградба на здрави црвени крвни клетки и добар имунолошки систем. Но, класичните препарати на железо не се ресорбираат добро во човековиот организам. Спирулината со својата висока концентрација на биолошко железо беше тестирана во однос на еден класичен препарат на железото. Резултатите покажуваат стаорците хранети со Спирулина ресорбирале 60% повеќе железо од оние на кои им бил даван класичниот синтетски препарат на железото. Ова истражување укажува на тоа дека во Спирулината има големи количини железо кое може да се ресорбира. Една претходно работена студија наведува дека со помош на Спирулината е корегирана анемијата.
Уште една студија на оваа проблематика е водена во Јапонија со 8 млади жени. Тие ги ограничувале своите редовни оброци за да останат витки, но како последица развиле хипохронична анемија – присуство на помала количина хемоглобин во крвта од нормалните вредности. Заради тоа, тие земаа 4 грама Спирулина дневно по секој оброк и за 30 дена, нивото на хемоглобин во крвта се зголеми за 21% од 10,9 на 13,2 што е задоволителна вредност и не се смета за состојба на анемија.

Го намалува холестеролот
Во последно време, луѓето ширум светот се повеќе се свесни дека треба да го намалат нивото на холестерол во крвта, со цел да ја намалат опасноста од срцев напад или удар, причина број еден за прерана смрт. Покрај подобрувањето на исхраната, се повеќе се истражуваат природните хранливи ресурси, за откривање на нивната активност во намалувањето на нивото на холестерол. Спирулината е еден од овие производи. Истражувањата на мажи со високо ниво на холестерол во крвта, блага хипертензија и хиперлипидемија (висока концентрација на липиди во крвта), покажуваат дека по осумнеделно консумирање Спирулина, кај овие луѓе се забележани намалувања на серумскиот холестерол, триглицеридите и LDL (непожелни маснотии) (Law Density Lipoproteins=липиди со ниска густина). Овие луѓе не го промениле својот дотогашен начин на исхрана, освен што ја додале Спирулината. Групата А консумирала 4,2 грама (околу 8 таблети) дневно во текот на 8 недели. Вкупниот серумски холестерол се намалил за значителни 4,5% за првите 4 недели, од 244 на 233. Групата Б консумирала Спирулина само 4 недели и потоа прекинала со третманот. Серумскиот холестерол се намалил, но потоа повторно се вратил на првобитното ниво. Научниците откриле дека нивото на триглицериди се намалило, но дека значителен пад има во концентрацијата на LDL за 6,1% во текот на 4 недели. Намалувањето на серумскиот холестерол беше уште подрастично кај оние пациенти со највисоки концентрации на холестерол во крвта.
Оваа студија, во своите заклучоци вели дека Спирулината навистина го намалува нивото на холестерол, и дека има позитивен ефект во намалувањето на срцевите заболувања, со оглед на тоа дека го подобрува индексот на артериосклероза. Не се забележани никакви несакани ефекти. Научниците сметаат дека позитивниот ефект на Спирулината се должи на нејзиниот ефект врз метаболизмот на липопротеините. Спирулината, ако е во липосолубилна форма (растворлива во масти) има супресорен ефект на нивото на холестерол во серумот и црниот дроб.

Jа намалува бубрежната интоксикација со жива и лекови
Бубрезите имаат есенцијална улога во прочистувањето на организмот од токсините. Но, познато е дека тешките метали и многу лекови се токсични за бубрезите. Научниците своето внимание го свртуваат кон пронаоѓање супстанца која ќе помогне во прочистувањето на бубрезите од токсичните материи и во ублажувањето на несаканите ефекти, предизвикани од труења со тешки метали или од големи дози на лекови и други фармацевтски препарати.
Според едно истражување водено во Јапонија, Спирулината има ефект на намалување на хефротоксичноста од жива и од три фармацевтски препарати. За мерење на бубрежната интоксикација, научниците земале два параметри: уреа во крвта, изразена преку азотот (AUK) и серумскиот креатинин. При исхрана со 30% Спирулина, нивоата на AUK и серумски креатинин кај лабораториските стаорци значително се намалиле. Слични ефекти се забележани и кај стаорци, кои биле третирани со обични лекови: пара-аминофенол (аналгетик), гентамицин (антибиотик) и cis-dihloro-diaminoplatinum (антиканцероген лек). Во сите случаи, Спирулината покажала активност во намалувањето на концентрациите на AUK и серумскиот креатинин, а во два случаи, нивото на серумскиот креатинин било доведено до првобитните вредности.
Во следната студија, како параметар за одредување на бубрежната функција била земена екскрецијата на два ензими преку урината. Активноста на двата ензима била значително намалена кај припадниците на групата, чија исхрана содржела 30% Спирулина. Ефективната компонента на Спирулината се наоѓа во нејзиниот хидросолубилен екстракт, фикоцианин.
Овие студии, меѓу другото, покажуваат дека Спирулината има позитивен ефект врз луѓето кои страдаат од труења со тешки метали. Тие сугерираат и дека бубрежната интоксикација, предизвикана од лекови и други фармацевтски препарати може да се намали доколку истовремено со терапијата се консумира и Спирулина. Несаканите ефекти честопати го органичуваат дозирањето на некои лекови, при тоа продолжувајќи го периодот на оздравување. Со употреба на Спирулина во третманот на хоспитализираните пациенти или домашните болни, можно е зголемување на дозите на препишаните лекарства, а со тоа и намалување на периодот на оздравување. Како и да е, студијата за ефектите на прочистување на бубрезите во многу нешта се совпаѓа со искажаните искуства за ефектите на прочистување на организмот при постење.

Позитивни ефекти при дијабет и хипертензија
Спирулината има позитивни ефекти и при дијабетични состојби. Една од хидросолубилните фракции покажува активност во намалувањето на серумската глукоза при постење, додека фракцијата која не е растворлива во вода, покажува активност на намалување на серумската глукоза при глукозно оптеретување. Спирулината, во една неодамнешна студија, го намалува и високиот крвен притисок.

Гради здрава цревна флора
Здравата популација на lactobacillus во цревата на човековиот организам му пружа 3 основни предности: подобра дигестија и апсорпција, заштита од инфекции и стимулација на имунолошкоит систем. Поради овие причини, многу луѓе земаат препарати на база на лацтобациллус.
Истражувањата водени во Јапонија покажуваат 3 пати зголемена концентрација на млечни бактерии кај стаорците кој биле хранети со Спирулина во однос на контролната група стаорци, која не примала Спирулина. Исхраната на стаорците, во која Спирулината била застапена со 5% во текот на 100 дена ги покажала следните резултати: 1) тежината на слепото црево се зголемила за 13%; 2) концентацијата на лацтобациллус се зголемила за 327%; и 3) застапеноста на витаминот Б1 во внатрешноста на слепото црево се зголемила за 43%. Бидејќи Спирулината не содржи витамин Б1, значи дека таа ја подобрила неговата целокупна апсорпција од цревата. Студијата покажува дека Спирулината го зголемува присуството на млечно-киселински бактерии во човековиот организам и овозможува зголемена апсорпција на витаминот Б1 и другите витамини од целокупната исхрана.
Сето ова има импликации на СИДА-та. Некои истражувачи кои се занимаваат со проучувањето на СИДА-та веруваат дека неможноста да се апсорбираат хранливи материи од цревата (недоволна апсорпција или неисхранетост) можат да предизвикаат сериозни состојби на имунодефициенција. Исто така, отсуството на млечно-киселинските бактерии овозможува брзо развивање на инфекциите. Кај пациентите заболени од СИДА лошата апсорпција заедно со “опортунистичките инфекции” овозможуваат непречено развивање на СИДА-та. Еден од методите кој се препорачува за спречување на понатамошен развој на СИДА-та се базира на примање дополнотелни препарати со харнливи материи (за де се подобри лошата апсорпција) како и препарати на база на млечно-киселински бактерии (за да се одржува цревната флора и да се спречат инфекциите).

Заздравување на рани и антибиотски ефект
Луѓето ја користат Спирулината при изработка на креми за лице или препарати за тело, дури и за приготвување на купки за подобрување на здравјето и изгледот на кожата. Припадниците на Канембу народот во Чад користеле влажна Спирулина како мевлем за одредени болести. Во Франција се изготвуваат фармацевтски препарати кои содржат Спирулина и служат за забрзување на заздравувањето на раните. Неколку пациенти ја користеле Спирулината како сок и екстракт. Третманот се состоел од креми, масти, раствори и суспензии. Една јапонска студија покажува дека козметичките препарати кои содржат Спирулина и нејзини ензимски хидролизати, го подобруваат метаболизмот што се одвива во кожата и ја намалуваат појавата, односно формирањето на трајни лузни. Дополнителните истражувања покажуваат дека екстрактите од Спирулина го инхибираат развојот на бактерии, квасници и габички. Антибиотското дејство на супстанците во овие ексртакти може да се искористи и во медицински цели.

Добродетел за потхранети деца
10 грама Спирулина дневно значително помага во брзото закрепнување од потхранетост, особено кај децата. Значителни резултати се постигнати со давање Спирулина на деца во Мексико, Того и Индија. Постигната е брзо закрепнување од потхранетост и забележано е подобрување на недостатокот на витамин А, поради каротените од Спирулината. Во Романија, пациенти со проблеми на неисхранетост примале таблети Спирулина. Покрај проблемите со губењето телесна тежина, пациентите страдале и од хроничен панкреатит, реуматоиден артрит, анемија, дијабет и други симптоми. Со третманот, пациентите ја вратиле својата телесна тежина и нивната општа здравствена состојба се подобрила. Во Кина, “формулата за прихранување на бебиња” содржи Спирулина и печени никулци од јачмен. Од 30 деца, на возраст меѓу 2 и 6 години, 27 деца за кусо време го повратиле апетитот, престанале да се потат ноќе и се опоравиле од дијареа и опстипација (запек). Истражувачите заклучија дека Спирулината е основна храна за здравјето на децата. Во друга студија пак кај децата со недостаток на есенцијалниот микроелемент цинк е забележано побрзо закрепнување при давање Спирулина со висок процент на цинк, одошто при давање стандардни цинкови препарати.

Гама-линоленска киселина и синтеза на простагландини
Типично за денешната исхрана е храна богата со заситени масти, која може да ги блокира позитивните ефекти на есенцијалните масни киселини во човековиот организам, а со тоа да создаде услови за развивање на многу болести.
ГЛК е есенцијална масна киселина, која претставува прекурсор за простагландините – основни хормони кои контролираат многу функции во човековиот организам. Простагландинот ПГЕ1, е вклучен во бројни важни процеси, вклучувајќи ги регулација на крвниот притисок, на синтезата на холестерол, воспалителните процеси и пролиферацијата на клетките. Простагландинот ПГЕ1, најчесто се синтетизира од линоленската киселина примена преку храната, но и ГЛК може да биде трансформирана во ПГЕ1. Храната богата со заситени масти, алкохолот и други фактори може да го инхибираат овој процес, што резултира со недостаток на ГЛК и недоволна синтеза на ПГЕ1.
Бројни стидии покажуваат дека недостатокот на ГЛК може да доведе до појава на дегенеративни болести и други здравствени проблеми. Клиничките студии покажуваат дека дозираната ГЛК преку исхраната може да помогне при состојби на артрит, срцеви болести, гојазност и недостаток на цинк. На алкохолизмот, маничната депресија, симптомите на стареење и шизофренијата, како причинител делумно им се припишува недостатокот на ГЛК. ГЛК примена преку храната може да помогне во општо подобрување на состојби на срцеви болести, артрит, гојазност, предменструален синдром и алкохолизам.
Неколкуте досега познати извори на ГЛК ги вклучуваат мајчиното млеко и Спирулината, и маслата добиени од мирта, црна рибизла и семе од воловски јазик (боражина). 10 грама Спирулина содржат повеќе од 100 мг ГЛК. Во Спирулината се содржат околу 5% есенцијални масни киселини, од кои 20% отпаѓаат на ГЛК.

Намалување на телесната тежина
Во една студија, работена во Германија, научниците го испитувале ефектот на намалување на апетитот кај 15 волонтери. Овие пациенти со поголема тежина од нормалната, кои веќе биле на диета за намалување на телесната тежина, земале таблети Спирулина пред секој оброк 3 пати дневно во текот на 4 недели. Во оваа студија, групата која земала Спирулина 6 таблети дневно покажа извесни резултати во однос на контролната група, на која и било давано класично плацебо. Студијата регистрира и значително намалување на нивото на холестерол во крвта.

Го намалува ефектот на радијација кај децата од Чернобил
Многу години по несреќата во Чернобил, 4 милиони луѓе во Украина и Белорусија живеат во предели кои се опасно радиоактивни. Водата, почвата и храната на преку 11 000 квадратни милји е комплетно контаминирана. Преку 160 000 деца се жртви на радиоактивни труења, носејќи вродени недостатоци, леукемија, рак, болести на тироидната жлезда, анемија, губење на видот, на апетитот и намалена имунолошка активност. Сето ова со еден збор се нарекува “Чернобилска СИДА”.
Лекарите веќе го забележаа позитивниот ефект на Спирулината кај децата-жртви од чернобилската радијација. За само 20 дена, Спирулината ја намали радиоактивноста на урината за 50%. Ова беше постигнато со дневна доза од 5 грама Спирулина на децата во Институтот за радиоактивна медицина во Минск, Белорусија.
Резултатите од истражувањата покажуваат дека Спирулината ја намалува радиоактивната доза, примена преку храната контаминирана со радионуклиди, цезиум-137 и стронциум-90. Погодна е за третман на прилагодување на детскиот организам, во услови на долготрајна радијација.
Врз основа на тестирањата вршени во 1990 год., Министерството за здравство на Белорусија дојде до заклучок дека Спирулината го забрзува процесот на евакуација на радионуклеотидите од човековиот организам. При тоа, не се регистрирани никакви несакани ефекти. По однос на Спирулината, Министерството има мислење дека таа е препорачлива за третман на луѓе кои се изложени на радиоактивно зрачење.
Предходно водените истражувања во Кина, покажаа дека природниот полисахариден екстракт од Спирулина има заштитна улога против гама-радијацијата. Уште една студија која следеше по неа, со своите резултати покажа дека фикоцианинот и полисахаридите ги подобруваат репродукцијата на коскеното ткиво и клеточниот имунитет.
Во 1994 год., еден руски патент беше награден за употребата на Спирулина како медицинска храна за намалување на алергиски реакции од радијациската болест и за подобрување на имунитетот на децата во Чернобил. Патентот се базираше на студија работена на 270 деца кои живеат во високорадиоактивни подрачја. Сите беа болни од хронична радијациска болест со зголемени нивоа на имуноглобулини Е (IgE), кој петставува индикатор на висока алергиска сензитивност. На 35 од нив им беа препишани по 20 таблети Спирулина на ден (околу 5 грама) во текот на 45 дена. Консумирањето Спирулина ги намали нивоата на IgE во крвта, што пак доведе до нормализирање на сензитивноста на организмот.

Ја спречува старосната дегенерација во функционирањето на мозокот
Тим на научници од САД откри дека Спирулината ги спречува дегенеративните ефекти на стареењето на мозокот. Авторите применија стандардни електрофизиолошки техники да ја споредат невронската функција кај младите (4 месеци стари) и старите (20 месеци стари) глувци хранети или со контролирана исхрана или со исхрана дополнета со Спирулина, јаболко или крставица (5 мг дневно, 14 дена). Младите глувци хранети со контролирана исхрана имаа значително повисока невронска активност отколку постарите глувци хранети со контролирана исхрана. Кога старите глувци беа хранети со исхрана дополнета со Спирулина, активноста на нивните неврони се врати на високото ниво забележано кај младите глувци. Јаболкото покажа просечен резултат додека крставицата немаше ефект воопшто.
Овој пресврт од Спирулината на невронската дегенерација се поврза со антиоксидантниот ефект на Спирулината, кој оваа студија покажа дека е 300 пати помоќен отколку тој на јаболкото. Само 5 мг на Спирулина дневно беше додавана на исхраната, вкупно само 70 мг за време на целиот 14-дневен истражувачки период.
Во следната студија, групата научници исто така откри дека антиоксидантниот ефект на спањаќот резултира со подобрено учење на моторните вештини кај глувците. Во оваа втора студија како и во бројни други студии од истражувачите, капацитетот за апсорбирање на слободниот кислород (ORAC) на овошјето и зеленчукот значително се поврзува со зголемување на учењето на моторните вештини кај глувците. Иако овие студии за учење на однесување кај глувците се направија употребувајќи друго овошје и зеленчук, се очекува Спирулината да го има истиот ефект како последица на својата висока ORAC вредност.
Овие нови истражувања се додаваат на улогата на антиоксидантите кај овошјето и зеленчукот за намалување на старосното опаѓање на функционирањето на централниот нервен систем. Студијата упатува на примена на Спирулината во превенцијата или ублажувањето на неуро-дегенеративните ефекти на штетата предизвикана од слободните кислородни радикали.

Други позитивни ефекти
Спирулината е еден од најконцентрираните досега познати природни извори на хранливи материи. Таа ги содржи сите есенцијални аминокиселини, богата е со хлорофил, бета-каротен и неговите кофактори, како и со други природни супстанци. Спирулината е единствена зелена храна во која се наоѓа есенцијалната масна киселина ГЛК (гама линоленска киселина). ГЛК го стимулира растот, ја прави кожата мазна и мека, а косата сјајна, но сепак цврста. ГЛК делува и како анти-инфламаторен агенс и ги олеснува симптомите на артритичните состојби.
Спирулината претставува функционална храна, помагајќи ја нормалната цревна флора, особено lactobacillus и bifidus. Одржувајќи здрава популација на овие бактерии во цревата, ги намалува потенцијалните проблеми од опортунистичките патогени бактерии како што се escherichia coli и candida albicans. Студиите покажуваат дека со воведување на Спирулина во исхраната, цревната флора се подобрува.

Заклучок
Врз основа на претходните истражувања, научниците се надеваат дека употребата на Спирулина придонесува за намалувањето или спречувањето на појавата на ракот и вирусните заболувања. Бактериските или паразитските заболувања може да бидат спречени или пак организмот поефикасно да се бори против нив. Исто така, зацелувањето на раните може да се подобри. Симптомите на анемија, труење или имунодефициенција може да се олеснат.
Научниците ја проучуваат оваа неверојатна храна за да ги откријат нејзините потенцијали. Повеќе истражувања се потребни за востановување на ефикасноста против вирусот-предизвикувач на СИДА-та и на други фатални болести. Но, и покрај сето ова, јасно е дека таа претставува безбедна и природна храна, која обезбедува висок процент на хранливи материи за оптимално здравје и благосостојба.

Состав

 

Состав                                        Количина во 1 доза:

                                                                   6 таблети (3 g)

% на дневни 

  вредности

Калории                                                                   10

Вкупно јагленохидрати                                       <1 g

Протеини                                                                  2 g

Витамин А (бета-каротен)                             8000 IU

Витамин К (K1, K2)                                               40 mcg

Витамин Б12                                                           9 mcg

Железо                                                                     5 mg

Магнезиум                                                            15 mg

Манган                                                                  0.2 mg

Натриум                                                                 35 mg

Хавајска Спирулина (Arthospira platensis)        3 g

Фикоцијанин                                                       225 mg

Гама Линоленска Киселина (ГЛК)             32 mg

Хлорофил a                                                       21 mg

Вкупно каротеноиди                                      12 mg

Зеаксантин                                                        2.5 mg

 

<1%

4%

160%

50%

150%

30%

4%

10%

<2%

 

Препорака за употреба: 6 таблети дневно со или помеѓу оброци.

Други додатоци: силика, цикорија инулин, растителен магнезиум стеарат, содржи антиоксидантен ензим супероксид дисмутаса од Arthospira platensis.

Без ГМО и глутен. 100% веган. Кошер.

По отвoрање, пакувањето да се чува во фрижидер. Да се чува подалеку од дофат на деца! Пакетчето за свежина не е за јадење. Оставете го во шишенцето. Препорачаната дневна доза да не се надминува. Овој производ не е наменет за третман, превенција или лекување на специфична болест или состојба и не претставува замена за оброк. По отварање, да се чува во фрижидер.

Потекло: САД, Производител: Nutrex, САД