UA-16322392-1
 



2120_MainImage
gmp-logohalal-logoPrintnon_gmoul-21-cfr-part-111_0

MSM
1000 mg / 120 капсули

1180  МКД

Производот е на залиха

ИСБН: 060

Опис на продуктот

 

MSM (Methylsulfonylmethane) е сулфурно соединение кое природно е присутно во многу мали количини во овошјето, зеленчукот, зрната, производи од животинско потекло и некои алги. Соединенијата на сулфур ги има во сите клетки на телото и се неопходни за живот. MSM, во неговата улога во циклусот на сулфур во телото, помага да се создадат хемиски врски неопходни за формирање и одржување на бројни различни видови на структурни ткива на човечкото тело, вклучувајќи ги и сврзните ткива, како што се артикуларната ‘рскавица и кожата.

  • Здравје на зглобовите
  • Сулфур за зглобовите за сврзното ткиво
  • Поддржува здрава ‘рскавица
Состав                                               Количина во 1 доза:

                                                              2 капсули

 
MSM (Methylsulfonylmethane)       2 g (2000 mg)

Препорака за употреба: Земете 2 капсули 1 до 2 пати дневно, со храна. Ако се појават гасови, намалете ја дозата.

Други додатоци: целулоза (капсула), стеаринска киселина (од растителен извор) и магнезиум стеарат (од растителен извор).

Не е произведено со квасец, пченица, глутен, соја, млеко, јајца, риба, школки или јаткасти состојки. Произведено во GMP капацитет кој произведува други состојки кои ги содржат овие алергени.

Вегетеријански/Веган производ. Кошер. Без ГМО.

Предупредување: Само за возрасни. Консултирајте доктор доколку сте бремени или доилка, земате лекови или имате некаква медицинска состојба (особено глауком). Да се чува подалеку од дофат на деца! Пакетчето за свежина не е за јадење. Оставете го во шишенцето. Препорачаната дневна доза да не се надминува. Овој производ не е наменет за третман, превенција или лекување на специфична болест или состојба и не претставува замена за оброк. Чувајте го на ладно, суво место после отварање.

Природни варијации на бојата може да се случат кај овој производ.

Потекло: САД, Производител: Now Foods, САД

 

За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте не на нашиот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на нашиот e-mail: info@trimeks.com.mk 

Повеќе информации

 

MSM (Methylsulfonylmethane) е сулфурно соединение кое природно е присутно во многу мали количини во овошјето, зеленчукот, зрната, производи од животинско потекло и некои алги. Соединенијата на сулфур ги има во сите клетки на телото и се неопходни за живот. MSM, во неговата улога во циклусот на сулфур во телото, помага да се создадат хемиски врски неопходни за формирање и одржување на бројни различни видови на структурни ткива на човечкото тело, вклучувајќи ги и сврзните ткива, како што се артикуларната ‘рскавица и кожата.

СВОЈСТВА:

  • Антивоспалително
  • Антиоксидативно
  • Имуномодулациско
  • Метилациско

ПОЛЕЗНОСТИ:

  • Природна материја која помага да ја олесни болката во зглобовите
  • Природна материја која помага во регенерација на зглобовите
  • Материја која ги одржува зглобовите и ги прави пофлексибилни
  • Ја зголемува концентрацијата на глутатион кој делува антиоксидативно
  • Го забрзува процесот на мускулно опоравување и ги намалува симптомите на воспаление на мускулите
  • Природна материја која ги ублажува симптомите на алергија
  • Го подобрува имунитетот
  • Го подобрува квалитетот на кожата и косата поради зголемена концентрација на кератин

ПОЗИТИВНИ ЕФЕКТИ:

Потикнува производство на колаген, кератин и еластин во кожата враќајќи ја нејзината еластичност и тонус. Како последица на стареењето, се намалува и производството на оваа клучна сврзна и еластична компонента, која ја одржува кожата млада и затегната. Сува и испукана кожа со брчки се симптоми на недостаток на колаген. МСМ помага во градење на нови и здрави ткива, го нормализира создавањето на колаген и значително го подмладува изгледот на кожата било да се работи за стрии, целулит, брчки или акни.

МСМ ја враќа силата на мускулите, коските, зглобовите, клеточните мембрани и го уништува влијанието на слободните радикали.

Поттикнува флексибилност на зглобовите, ткивата и крвните садови. Го разбива насобирањето на калциум фосфат, главен предизвикувач на многу дегенеративни и кардиоваскуларни болести. МСМ има големо влијание во решавање на нефлексибилни зглобови. Нефлексибилноста на зглобовите е тесно поврзана со акумулација на лош калциум (калциум фосфат, калциум карбонат) во зглобовите. МСМ декалцифицира т.е го разбива насобирањето на лошиот калциум во зглобовите, ткивата и крвните садови претварајќи го лошиот калциум во калциум цитрат кој е растворлив и лесно се излачува надвор од организмот.

Една од најзначајните карактеристики е способноста на МСМ да го прочисти и детоксицира телото. МСМ влијае на клеточниот ѕид, правејќи ги нашите клетки и ткива попропустливи. Пропустливоста на клеточниот ѕид овозможува токсините и акумулираните метаболни отрови да излезат надвор од клетките, додека од друга страна им овозможува на есенцијалните хранливи материи и водата да влезат во клетката хранејќи ја и хидратизирајќи ја.

МСМ ја јакне косата и ноктите бидејќи сулфурот го поттпомага производството на колаген и кератин – протеини кои се од голема важност за ноктите и косата поради што се нарекува и Минерал на убавината. Ги прави ноктите појаки, а косата погуста и поцврста.

МСМ ги елиминира отпадните материи како што се лактична / млечна киселина кои предизвикуваат болки во мускулите, и го забрзува зараснувањето на рани и повреди. Значи на телото му дава повеќе време за изградба на нови клетки и ткива било да се работи за мускули или коски.

МСМ го зголемува нивотот на енергија бидејќи ја подобрува и забрзува детоксикацијата на организмот. Покрај тоа МСМ ја зголемува ефикасноста на апсорпција на нутриенти од дигестивниот тракт поради што телото троши помалку енергија при варењето на храната. Ова представува голема разлика, поготово ако знаеме дека телото дневно троши дури 70-80% од својата енергија само на варење на внесената храна.

МСМ има силно антивоспалително дејство бидејќи ги елиминира отпадните материи од сите делови на телото. Кога во организмот има воспалителен процес, организмот не успева ефикасно да се реши од токсините и метаболните биопродукти надвор од телото и затоа ги собира и претвара во масти. Во тој облик тие представуваат мала опасност за виталните органи. Сулфурот ги намалува воспалителните процеси и потикнува отпуштање на токсините, решавајќи го телото од отоци и вишок килограми. Овие антивоспалителни својства се однесуваат и на воспалителни состојби во зглобовите посебно кај проблеми со остеоартритис и реуматоиден артритис – дегенеративно заболување кое е резултат на хронично воспаление и калцификација на зглобовите.

МСМ го регулира нивото на натриум и калиум во организмот, го стабилизира нивото на шеќер во крвта, решава проблеми со алергија, хроничен замор и го јакне имуниот систем.

 

 

За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте не на нашиот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на нашиот e-mail: info@trimeks.com.mk