UA-16322392-1
 



Methyl Folate
gmp-logonon_gmo

Methyl Folate
1000 mcg / 90 таблети

1640  МКД

Производот не е на залиха

ИСБН: 055

Опис на продуктот

 

  • Ко-ензим на Б витамини
  • Метаболички активен фолат
  • Супериорна биорасположливост

Methyl Folate е биолошки активнa, природнa форма на фолат кој се користи за фундаментални функции на организмот како нормална клеточна делба и синтеза на невротрансмитери и ДНК. За разлика од редовната фолна киселина, Methyl Folate е докажано дека навлегува во крвно-мозочната бариера, каде што помага да се поддржи невролошкото здравје. Quatrefolic® е патентирана форма на Methyl Folate со докажана супериорна биорасположивост во споредба со фолната киселина од прехрнбените извори.

Состав                                             Количина во 1 доза:

                                                                     1 таблета

% на дневни 

  вредности

Фолат [1000 mcg (6S)-5-MTHF**]     1667 mcg DFE

[од Quatrefolic® (6S)-5-MTHF** Glucosamine Salt]

417%

 

Препорака за употреба: Земете 1 таблета дневно, со храна.

Други додатоци: целулоза, стеаринска киселина (од растителен извор) и силика.

Не е произведено со пченица, глутен, соја, млеко, јајца, риба, школки или јаткасти состојки. Произведено во GMP капацитет кој произведува други состојки кои ги содржат овие алергени.

Вегетеријански/Веган производ. Без ГМО.

Предупредување: Само за возрасни. Стари лица и лица со слаба апсорпцијата на витамин Б-12, често треба да го проверуваат статусот на витаминот Б-12 кога го земаат овој производ во високи дози, бидејќи фолната киселина го маскира недостатокот на витамин Б-12. Консултирајте доктор доколку сте бремени или доилка, земате лекови (особено фенобарбитол, фенитоин, примидон и метотрексат) или имате некаква медицинска состојба (особено секоја состојба која вклучува малапсорпција на хранливи материи). Да се чува подалеку од дофат на деца! Пакетчето за свежина не е за јадење. Оставете го во шишенцето. Препорачаната дневна доза да не се надминува. Овој производ не е наменет за третман, превенција или лекување на специфична болест или состојба и не претставува замена за оброк. Чувајте го на ладно, суво место после отварање. Природни варијации на бојата може да се случат кај овој производ.

Потекло: САД, Производител: Now Foods, САД

Quatrefolic® е регистрирана трговска марка на Gnosis S.p.A. и заштитена со патент U.S. Patent 7,947,662. **MTHF = Methyltetrahydrofolate

Број и датум на упис во Регистарот на гранични производи11-535/2 од 20.02.2019.

Пред употреба на граничниот производ, внимателно прочитајте го упатството бидејќи содржи важни информации за Вас. Овој граничен производ се издава без рецепт. И покрај тоа, треба да го употребувате претпазливо за да Ви биде повеќе од корист.

Чувајте го упатството. Советувајте се со Вашиот фармацевт ако Ви се потребни дополнителни податоци.

 

За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте не на нашиот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на нашиот e-mail: info@trimeks.com.mk

Повеќе информации

 

ШTO E METHYL FOLATE?

Претставува патентирана природна форма на фолна киселина која се употребува за основните функции како што е нормална клеточна функција и синтеза на неуротрансмитерите, ДНК и крвните клетки. Овој витамин припаѓа во т.н лабилни витамини, така што со термичка  обработка или при подолго стоење се уништува и до 100% од овој витамин. Фолната киселина претставува синтетска форма и е потребна нејзина трансформација во организмот во активна форма – метил фолат (искористлива форма).

Methyl Folate е биолошки активнa, природнa форма на фолат кој се користи за фундаментални функции на организмот како нормална клеточна делба и синтеза на невротрансмитери и ДНК. За разлика од редовната фолна киселина, Methyl Folate е докажано дека навлегува во крвно-мозочната бариера, каде што помага да се поддржи невролошкото здравје. Quatrefolic® е патентирана форма на Methyl Folate со докажана супериорна биорасположивост во споредба со фолната киселина од прехрнбените извори.

Функции на Метил фолатот:

  • биосинтеза на нуклеинските киселини (ДНК и РНК)
  • реметилација на хомоцистеин
  • важен во делбата на клетките
  • за создавање на здрави еритроцити и спречување на анемија
  • детоксикација на организмот
  • помага за подобро апсорбирање на витамин Б12 неопходен за образување на плацентата и изградба на коскената срж на ембрионот
  • учествува во формирање на невралната туба и рбетниот столб на детето

Се препорачува за:

  • Бремените и жените кои што планираат да забременат
  • Сите кои имаат мутација на MTHFR генот (одговорен за трансформација на фолната киселина во активна форма)
  • Луѓе под стрес и депресија
  • Особи кои боледуваат од алцхајмерова болест
  • Заболени од рак

 

За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте не на нашиот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на нашиот e-mail: info@trimeks.com.mk