UA-16322392-1
 



1300_MainImage
gmp-logohalal-logoketo_friendly_logo-100×100Printnon_gmoul-21-cfr-part-111_0

Magnesium Malate
1000 mg / 180 таблети

1600  МКД

Производот е на залиха

ИСБН: 058

Опис на продуктот

 

Магнезиумот е минерал кој е од клучно значење за производство на енергија и метаболизмот, мускулната контракција, преносот на нервните импулси и минерализацијата на коските. Тој е задолжителен кофактор за околу 300 ензими.

Магнезиумот е клучен минерал кој многу луѓе не го добиваат доволно преку исхраната.
Магнезиумот е четвртиот најзастапен минерал во организмот. Околу 50 % од вкупниот магнезиум во организмот се наоѓа во коските. Другата половина се наоѓа претежно во клетките на ткивата и органите, со само 1 % кој се наоѓа во крвта.

  • 115 mg елементарен магнезиум
  • Придонесува за намалување на заморот и исцрпеноста
  • Придонесува за електролитна рамнотежа
  • Придонесува за нормален енергетски метаболизам
  • Придонесува за нормално функционирање на нервниот систем
  • Придонесува за нормална мускулна функција
  • Придонесува за нормална синтеза на протеини
  • Придонесува за нормална ментална функција
  • Придонесува за одржување на здрави коски
  • Придонесува за одржување на здрави заби
Состав                                               Количина во 1 доза:

                                                               1 таблета

% на дневни 

  вредности

Magnesium                                                115 mg

(од Magnesium Malate)

27%

Препорака за употреба: Земете 1 таблета 3 пати дневно, по можност со храна.

Други додатоци: хидроксипропил целулоза, микрокристална целулоза, стеаринска киселина (од растителен извор), кроскармелоза натриум, магнезиум стеарат (од растителен извор), силикон диоксид и вегетаријанска обвивка.

Не е произведено со пченица, глутен, соја, млеко, јајца, риба, школки или јаткасти состојки. Произведено во GMP капацитет кој произведува други состојки кои ги содржат овие алергени.

NOW® Magnesium Malate е комплетно активен минерален додаток.

Вегетеријански/Веган производ. Без ГМО.

Природни варијации на бојата може да се случат кај овој производ.

Предупредување: Само за возрасни. Консултирајте доктор доколку сте бремени или доилка, земате лекови или имате некаква медицинска состојба. Да се чува подалеку од дофат на деца! Пакетчето за свежина не е за јадење. Оставете го во шишенцето. Препорачаната дневна доза да не се надминува. Овој производ не е наменет за третман, превенција или лекување на специфична болест или состојба и не претставува замена за оброк. Чувајте го на ладно, суво место после отварање.

Потекло: САД, Производител: Now Foods, САД

 

За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте не на нашиот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на нашиот e-mail: info@trimeks.com.mk 

Повеќе информации

 

Магнезиум малат е органска сол од магнезиум и јаболкова киселина за која клинички е докажано дека смирува и дава енергија на клетките со мускулен состав. Јаболковата киселина е природна овошна киселина која е присутна во поголем број клетки во телото и е составен дел на бројни ензими кои се важни за производство на енергија. Познато е својството на јаболковата киселина да ја поминува мозочната бариера каде го неутрализира исклучително штетниот алуминиум и го одстранува од телото. Исто така учествува во метаболните процеси во организмот во кои од јагленохидратите, мастите и протеините доаѓа до создавање на енергија.

Магнезиум малат е облик на магнезиум кој има голема растворливост во вода и многу висока апсорпција во однос на другите облици, без лаксативен ефект, брзо се разградува и ги поседува сите предности на магнезиумот и јаболковата киселина. Магнезиум малат помага кај зголемено ниво на тешки метали во телото така што ги врзува за себе и ги прави неактивни и овозможува нивна елиминација од организмот. Кај луѓе со кардиоваскуларни проблеми помага да се стабилизира отчукувањето на срцето и го нормализира крвниот притисок. Помага при лекување на фибромиалгии, ја намалува исцрпеноста на мускулите, ги олеснува предменструалните симптоми и главоболките, го подобрува варењето на храната (неопходно е да се зема со оброци) и ја обновува енергијата.

Важноста на магнезиум 

Магнезиумот е клучен минерал кој многу луѓе не го добиваат доволно преку исхраната.
Магнезиумот е четвртиот најзастапен минерал во организмот. Околу 50 % од вкупниот магнезиум во организмот се наоѓа во коските. Другата половина се наоѓа претежно во клетките на ткивата и органите, со само 1 % кој се наоѓа во крвта.

Магнезиумот е потребен за повеќе од 300 биохемиски реакции во телото. Тој помага во одржувањето на нормална функција на мускулите и нервите и ги одржува коските здрави. Магнезиумот е вклучен во енергетскиот метаболизам и синтезата на протеини. Магнезиумот се апсорбира во малите црева, а излачувањето се одвива преку бубрезите.

Иако истражувањата покажуваат дека многу луѓе не ги добиваат препорачаните  количини на магнезиум, симптомите на недостаток на магнезиум ретко се присутни.

Знаците на недостаток на магнезиум се: хипокалцемија, ниски серумски хипокалемија, задржување на натриум, ниско циркулирачки нивоа на паратироидниот хормон, невролошки и мускулни симптоми (тремор, мускулни грчеви, тетанија), губење на апетит, гадење, повраќање и промена на личноста.

Следниве услови го зголемуваат ризикот од недостаток на магнезиум:

  • Гастроинтестинални пореметувања, како што се продолжена дијареа, Кронова болест, синдроми на малапсорпција, итн.
  • Дијабетес мелитус и долгорочна употреба на одредени диуретици.
  • Хроничниот алкохолизам.
  • Стареење: Неколку студии откриле дека старите лица имаат релативно низок внес на на магнезиум преку исхраната.

 

За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте не на нашиот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на нашиот e-mail: info@trimeks.com.mk