UA-16322392-1
 



0070_v7
gmp-logohalal-logoPrintnon_gmo

L-Carnitine
500 mg / 30 капсули

1050  МКД

Производот е на залиха

ИСБН: 010

Опис на продуктот

 

L-Carnitine е неесенцијална амино киселина која го помага преносот на групите масни киселини во митохондријалните мембрани за производство на енергија во клетките. Тој природно се наоѓа во црвеното месо и другите животински извори на храна. NOW® L-Carnitine е најчиста форма, клинички тестирана и вегетеријанска (не е од животинско потекло).

  • Најчиста форма, клинички тестирана
  • Ги транспортира масните киселини
  • Вегетеријански/Веган производ.
Состав 1 капсула
L-Carnitine (Carnipure®) (од L-Carnitine Tartrate) 500 mg

Препорака за употреба: Како додаток во исхраната земете 1 капсула, 1-3 пати дневно, со или без храна.

Други додатоци: целулоза (капсула), целулоза прав, магнезиум стеарат (растителен извор) и силика. Не е произведено со квасец, пченица, глутен, соја, млеко, јајца, риба, школки или јаткасти состојки. Произведено во GMP капацитет кој произведува други состојки кои ги содржат овие алергени.

Предупредување: Само за возрасни. Консултирајте доктор доколку сте бремени или доилка, земате лекови или имате некаква медицинска состојба. Да се чува подалеку од дофат на деца! Пакетчето за свежина не е за јадење. Оставете го во шишенцето. Препорачаната дневна доза да не се надминува. Овој производ не е наменет за третман, превенција или лекување на специфична болест или состојба и не претставува замена за оброк. Чувајте го на ладно, суво место после отварање.

Потекло: САД, Производител: Now Foods, САД

 

За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте не на нашиот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на нашиот e-mail: info@trimeks.com.mk

Повеќе информации

 

L-Carnitine е основен нутриент, есенцијален за производство на енергија и за метаболизам на мастите. Во организмот се синтетизира во црниот дроб и бубрезите и од таму се транспортира во други ткива, но недоволни количини може да се продуцираат кај бебињата, адолесцентите и возрасните под одредени физиолошки состојби.

Во организамот возрасен човек складира околу 20 гр на L-Carnitine, првенствено во скелетниот мускул, црниот дроб и срцето. Биосинтезата бара 2 есенцијални амино киселини, лизин и метионин, како и витамин Ц, железо, витамин Б6, ниацин и вклучува серија реакции. Тоа значи дека неухранетоста има високо негативно влијание на биосинтезата на L-Carnitine, која дава приближно 20 мг на L-Carnitine дневно (што претставува приближно 10% од дневните барања) ако сите ко-фактори се веќе достапни во организмот. L-Carnitine се излачува во урината, најмногу во форма на L-Carnitine естри. Поради тоа, губитокот на L-Carnitine треба да се надомести со биосинтеза, со конзумирање на храна од животинско потекло или со конзумирање на додатоци во исхраната.Во состојби кога нема доволно L-Carnitine доаѓа до смалување на производството на енергија во клетките, особено на оние кои користат масти. Доаѓа до слабост на мускулите и општо чувство на слабост.

Извори

Природниот карнитин главно се наоѓа во црвеното месо, додека овошјето и зеленчукот содржат многу малку, што значи дека вегетеријанците треба да го надополнат за да осигураат здрави нивоа во нивниот организам.

Метаболичка улога – ги претвора мастите во енергија

L-Carnitine е есенцијален за претварањето на мастите во енергија, кои се еден од основните извори на енергија за организмот. Тој е клучен во помошта на секоја клетка да произведе енергија. L-Carnitine е основен за транспортот на масните киселини во клеточните реактори за производство на енергија – митохондрии, како и одведување на штетните остатоци на оксидацискиот процес надвор од клетките, спречувајќи акумулација на нус производите и продолжување на производството на енергија. Овој процес обезбедува мускулна енергија со согорување на мастите и спречува создавање на маснотии околу виталните органи.

Врвен квалитет

  • L-Carnipure tartrate е најдобра форма на L-Carnitine, има пријатен цитричен вкус и не е хигоскопски.
  • Природна вегетеријанска форма
  • L-Carnipure tartrate е 100% чист и никакви хемиски заштитини слоеви
  • Поради уникатниот патентиран метод за синтеза на чист L-Carnitine, Lonza е единствен производител кој гарантира 100% чист L-Carnitine, комплетно слободен од штетниот D-Carnitine која има значајни споредни ефекти и токсични влијанија на биохемиските процеси и доведува до трошење на резервите на L-Carnitine на организмот.

 

За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте не на нашиот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на нашиот e-mail: info@trimeks.com.mk