UA-16322392-1
 



3208B_v7
non_gmoPrint

CoQ10 + Vit E
100 mg / 50 капсули

1592  МКД

Производот е на залиха

ИСБН: 036

Опис на продуктот

 

Коензимот Q10 (CoQ10) е соединение кое има централна улога во производство на клеточната енергија. CoQ10 има во целото тело, но е особено концентриран во срцето, црниот дроб и бубрезите и откриено е дека производството се намалува со возраста. NOW CoQ10 е со фармацевтски квалитет кој содржи само 100% природна форма на CoQ10 произведена со ферментација.

  • Неопходен за продукција на клеточна енергија
  • Без ГМО. Кошер (содржи желатин).
Состав 1 капсула
Коензим Q10 (CoQ10)

Витамин Е (од мешани токофероли) (без соја)

100 mg

30 IU

Препорака за употреба: Како додаток во исхраната земете 1 капсула, 1-2 пати дневно, со храна.

Други додатоци: мека капсула (говедски желатин, вода глицерин, органска боја од карамел), органско ладно цедено маслиново масло, лецитин од сончоглед и силика. Не е произведено со пченица, глутен, соја, пченка, млеко, јајца, риба, школки или јаткасти состојки. Произведено во GMP капацитет кој произведува други состојки кои ги содржат овие алергени. Природни варијации на бојата може да се случат кај овој производ.

Предупредување: Само за возрасни. Консултирајте доктор доколку сте бремени или доите, земате лекови или имате некаква медицинска состојба. Да се чува подалеку од дофат на деца! Пакетчето за свежина не е за јадење. Оставете го во шишенцето. Препорачаната дневна доза да не се надминува. Овој производ не е наменет за третман, превенција или лекување на специфична болест или состојба и не претставува замена за оброк. Чувајте го на ладно, суво место после отварање.

Потекло: САД, Производител: Now Foods, САД

 

За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте не на нашиот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на нашиот e-mail: info@trimeks.com.mk

 

Повеќе информации

 

Коензимот Q10 е природен нутриент присутен во секоја клетка и неопходен за производството на клеточна и мускулна енергија во организмот. Поради тоа се нарекува и убикинон (ubiquitus – секаде присутен). Кога снабдувањето со CoQ10 е ниско, клетките стануваат неефикасни и ранливи, имунолошкиот систем слабее, чувствителноста на одредени здравствени нарушувања се зголемува, започнува процес на предвремено стареење и срцето слабее.

Во храната е присутен во рибата, месото и мали количини во oревите. Прехранбениот внес на CoQ10 е околу 2 до 5 mg дневно, што значи дека изворите на исхрана не обезбедуваат доволни количини.

CoQ10 во организмот

Највисоки нивоа на CoQ10 се најдени во ткивата во организмот кои работат најнапорно: срцето, црниот дроб, бубрезите и панкреасот. Со стареењето, едноличната исхрана, изложеноста на стрес, разни болести, земањето на некои лекови; организмот ја губи способноста за синтеза на потребните количини на CoQ10 и производство се смалува дури за 80%. Поради тоа има потреба за негово надополнување.

Зошто CoQ10 од NOW?

  • Единствена 100% комплетно природна форма на CoQ10
  • Анализиран за моќност и фармацевтски степен на чистина
  • Најдобро продаван бренд во САД

Доколку земате лекови за срце консултирајте го докторот. CoQ-10 го јакне срцевиот мускул и може да влијае на препишаната доза на лекови.

 

За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте не на нашиот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на нашиот e-mail: info@trimeks.com.mk