UA-16322392-1
 



ba
gluten_free

BioAstin
4 mg / 60 капсули

1741  МКД

Производот е на залиха

ИСБН: 005

Опис на продуктот

 

BioAstin, еден од најсилните природни антиоксиданти:

  • придонесува за нормална мукозна мембрана (слузница)
  • придонесува за нормален метаболизам на железото
  • придонесува за одржување на нормална кожа
  • придонесува за одржување на нормален вид
  • придонесува за одржување на нормална функција на имунолошкиот систем
  • има улога во процесот на специјализација на клетките
  • придонесува за заштита на клетките од оксидативен стрес
Состав                              Количина во 1 доза:

                                                      3 капсули

% на дневни 

  вредности

Калории                                                              15

Калории од масти                                        10

Вкупно масти                                                1.5 g

Витамин Е (д-алфа токоферол)                30 IU

Природен хавајски астаксантин              12 mg

 

 

2%

100%

Состав: природен хавајски астаксантин (од Haematoccocus pluvialis микроалга). Други состојки: масло од шафраника, желатин, глицерин, прочистена вода, природни токофероли. Исто така содржи природни каротеноиди вклучувајќи лутеин. Не содржи: глутен, лактоза, квасец, пченка, пченица, пестициди и хербициди, BSE, вештачки бои. Без ГМО.

Препорака за употреба: 1 до 3 капсули дневно со храна. BioAstin најдобро се апсорбира кога се зема со храна или оброк кој содржи масти.

Предупредување: Консултирајте доктор доколку сте бремени или доите. По отвoрање, пакувањето да се чува во фрижидер. Да се чува подалеку од дофат на деца! Пакетчето за свежина не е за јадење. Оставете го во шишенцето. Препорачаната дневна доза да не се надминува. Овој производ не е наменет за третман, превенција или лекување на специфична болест или состојба и не претставува замена за оброк. Чувајте го на ладно, суво место после отварање.

Потекло: САД, Производител: Nutrex, САД

 

За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте не на нашиот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на нашиот e-mail: info@trimeks.com.mk 

Што е BioAstin?

 

Природниот астаксантин е последниот крик помеѓу експертите за додатоци во исхраната и спортска исхрана

Природниот астаксантин BioAstin е додаток во исхраната со моќни антиоксидантни придобивки. Cyanotech го произведува BioAstin-от од микроалга и е првиот извор на астаксантин за човекова исхрана кој е разгледан и одобрен од US FDA.

Сега е евидентно дека антиоксидантниот потенцијал на каротеноидите може значително да ги намали слободните радикали и оксидативниот стрес, да му помогне на телото да се одржи во здрава состојба. До неодамна, немаше концентрирана форма на астаксантин што може да се обезбеди како додаток во исхрантата. После значајниот технолошки напредок, Haematococcus алгата сега се одгледува на пространата околина на Хаваи од Cyanotech Corporation. Haematococcus алгата ја искористува сончевата светлина како енергија за растење и репродуцирање и свежата вода од планинските извори се употребува во сериите на системите за култивирање, дизајнирани да произведуваат висока концентрација на астаксантин, природно. Постојано растечката научно-истражувачка литература покажува дека природниот астаксантин ги надминува многу од антиоксидантните придобивки на витаминот Ц, витаминот Е, бета-каротенот и другите каротеноиди. Истражувањата исто така покажуваат дека природниот астаксантин има 550 пати поголема антиоксидантна активност од витаминот Е и 10 пати поголема антиоксидантна активност од бета-каротенот.

Како дејствува BioAstin-от?

Можеби најсилната карактеристика на издржливост во животинскиот свет е миграцијата на лососот низводно низ реките. Лососот акумулира астаксантин во своите мускули, што ја објаснува нивната црвено-портокалова боја. Научниците претпоставуваат дека оваа акумулација е повеќе од козметика, односно го зајакнува метаболизмот и овозможува таков атлетски подвиг.

Food and Drug Administration го пушти BioAstin-от на пазарот во Август 1999 год. врз основа на суштинската документација, производствените и сигурносни информации. BioAstin-от беше разгледан од US FDA без забелешка и беше дозволено да се продава во САД како човечки додаток во исхраната.

  • Што се каротеноиди?

Каротеноиди се фамилија на околу 700 масно-растворливи молекули кои се произведуваат само од фитопланктоните, алгите, растенијата и ограничен број на габи и бактерии. Бета каротенот од морковот е сигурно најпознат каротеноид.

Каротеноидите се секаде околу нас и се причина за широката разноврсност на бои во природата. Најчесто, ние ги гледаме во брилијантните жолти и црвени бои на овошјето, зеленчукот и лисјата. Во растенијата и алгите, каротеноидите се важен учесник во процесот на фотосинтеза заедно со хлорофилот.

Розевото фламинго, ја филтрира Спирулината или другите алги од телата во водата и метаболички ги претвара жолтите каротеноиди, бета каротенот и зеаскантинот, во розеникаво-црвени каротеноиди, астаксантин и кантаксантин. Овие црвени каротеноиди се таложат во перјата и ја извлекуваат прекрасната боја на оваа птица.

Луѓето се потпреле и го искористиле широкиот опсег на активности на каротеноидите. Ова е докажано со преобразување на бета каротенот во витамин А или заштита обезбедена од лутеионот или зеаксантинот во сончево пегавиот регион на очите од штетните УВ зраци. Каротеноидите, исто така се однесуваат како важни антиоксиданти против штетните ефекти на слободните радикали и слободниот кислород кој се случуваат за време на нормални клеточни функции.

  • Што е астаксантин?

Астаксантин е црвено обоен каротеноид. Астаксантинот природно се добива од морската алга Haematococcus pluvialis која се одгледува во заштитената околина на Хаваи. Оваа извонредна состојка ксантофил природно се наоѓа во фитопланктоните, алгите, билките и неколку печурки и бактерии. Астаксантинот, иако не е толку препознатлив како останатите каротеноиди, не е нов на антиоксидантната сцена. Првпат е откриен и изолиран од јастозите во 1938.

Како еден од најмоќните масно-растворливи антиоксидантни состојки кои припаѓаат на фамилијата од повеќе од 700 каротеноиди, ги штити билките како и животните и луѓето кој го консумираат, од клеточна штета предизвикана од едномолекуларниот кислород и слободните радикали.

Астаксантинот е пигмент кој природно се појавува во широка разноликост на живите организми. Иако зборот астаксантин не се сретнува во обичниот секојдневен говор, самиот пигмент се наоѓа во многу видови храна и Вие веќе сигурно го консумирате во Вашата исхрана. Најголем дел од љускарите влучувајќи ги ракчињата, морските ракчиња и големите ракови, имаат црвена нијанса од акумилираниот астаксантин. Обоеноста на рибите честопати се должи на астаксантинот; розевиот сјај на дивиот здрав лосос е впечатлив пример.

Астаксантинот е револуционерен фитонутритивен антиоксидант кој е основа на силата на борбата на слободните радикали на BioAstin-от. Овој екстремно моќен каротеноид може да се пофали со единствена молекуларна структура која нуди супериорна заштита додека помага да се нормализира одговорот на имуниот систем  на воспалението.

BioAstin-от е еден од највозбудливите и водечките производи на денешницата.

Што е разликата помеѓу астаксантин и бета-каротен?

Астаксантинот и припаѓа на истата фамилија на мaсно растворливи каротениодни молекули како и жолто портокаловиот бета-каротен. Се разликува од бета-каротенот по тоа што неговата молекуларна структура содржи две дополнителни кислородни групи на секој прстен од структурата што му дава длабока црвена боја. Овие екстра функционални групи му даваат на астаксантинот извонредна антиоксидантна способност и својства поинакви од другите каротеноиди. Другата разлика е што за разлика од бета-каротенот, астаксантинот нема да се претвори во витамин А во човечкото тело.

Молекулите на астаксантин се слични со попознатиот каротеноид бета-каротен, но малата разлика во структурата му дава голема разлика во хемиските и биолошките особини на тие две молекула. Особено, астаксантинот покажува супериорни антиоксидантни особини за разлика од бета-каротенот во бројните ин-витро истражувања.

Каде се наоѓа астаксантинот во природата?

Астаксантинот и бета-каротенот мора де се добијат од исхраната. Освен ако не сте голем љубител на алги, како и јастози, ракови и лосос. Може да се најде кај голем дел од нашата омилена морска храна како што се лососот, пастрмката, црвената морска деверика или сињ, ракчињата, големите ракови и икрите. Карактеристичната розова или црвена боја на лососот и пастрмката е резултата на присуството на астаксантин кој што го земаат од нивната исхрана. Исто така го има и кај некои видови на птици. Астаксантинот не може да се синтетизира од животните и мора да се обезбеди во исхраната, како што е случај и со другите каротеноиди. Додека рибите како што е лососот не се во состојба да ги претворат другите каротеноиди во астаксантин, некои видови како што се ракчињата имаат лимитиран капацитет да ги претворат блиско поврзаните каротеноиди во астаксантин, иако тие би имале посилни полезности доколку го обезбедуваат астаксантинот во нивната исхрана директно.

Цицачите исто така не можат да го синтетизираат астаксантинот. Некои микроорганизми можат да бидат многу богати со астаксантин. Микро алгата, Haematococcus, е организам кој може да акумулира највисоки количини на астаксантин во природата.

Haematococcus алгата може да акумулира од 10 до 30 гр астаксантин по килограм или сува биомаса. Оваа количина е 1000 до 3000 повисока отколку во филетите од лосос. Некои видови се набљудувани дека акумилираат од 70 до 80 гр астаксантин по кило или сува биомаса.

Каде може да се најде астаксантинот?

Астаксантинот прво бил идентификуван и изолиран од морскиот рак во 1938 година. Одтогаш па наваму бил пронајден во разновидни редови на животни како што се птици, разни видови ракови, морските риби, растенија и речиси сите видови на лососи. Не е ништо ново дека астаксантинот бил во нашата исхрана илјадници години. Но се досега, само оние од нас кој јадеа големи количини на лосос, кавијар или друга морска храна биле во можност да ги жнеат полезностите од астаксантинот.

Животните се приспособиле да ги искористуваат моќните антиоксидантни својства на астаксантинот. Еден близок пример е виден со лососот кој инстиктивно мигрира илјадици милји да се мрести на неговата природна почва. Лососот акумулира астаксантин од неговата исхрана и потоа го складира во мускулното ткиво кое изнесува 65% од неговата телесна маса. Мајката природа го избрала астаксантинот да заштити нивните масни киселини и други чувствителни клеточни компоненти од оксидативен стрес за време на естремно-трауматичниот миграционен процес. Ние ова го препознаваме како розево-црвен сјај во месото на лососот и пастрмката. Јајцата на лососот природно содржат астаксантин, со цел да го заштитат животот кој се развива внатре од УВ зрачењето и другата оксидација предизвикана од околината на водите во која што мора да се развиваат јајцата.

 

За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте не на нашиот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на нашиот e-mail: info@trimeks.com.mk 

Астаксантин

 

Астаксантинот е истиот црвено-портокалов пигмент кој се наоѓа кај водените животни или во перјата на најегзотичните видови на птици. Не само што му дава боја на животот, туку исто така се рангира како еден од најсилните антиоксиданти познати на човекот.
Има 10 пати посилно дејство од бета-каротенот и научниците докажаа дека астаксантинот е поефикасен и од витаминиот Ц и од витаминот Е.
Антиоксидантите се апсолутно потребни во одржувањето на здраво тело. Слободните радикали се високо нестабилни молекули што се должи на нивниот недостаток на еден непарен електрон поради што отцепуваат еден електрон од стабилните молекули, предизвикувајќи некогаш здравиот молекул да стане настабилен. Кога еднаш слободните радикали ќе го оштетат молекулот, таа молекула иде по истиот пат и ги оштетува другите молекули започнувајќи неправилен и опасен ланец на настани. Некои доктори и научници велат дека слободните радикали го помагаат процесот на стареење и сите негови ефекти. За жал, на можеме да ги спречиме слободните радикали бидејќи тие се базираат на кислород.
Секогаш кога дишеме, кислородните молекули навлегуваат во нашите бели дробови, патуваат низ нашиот крвоток и одат директно до клетките кои го користат кислородот како енергија и за изградба на протеините. Ако ова се случува само понекогаш, слободните радикали нема да ни претставуваат грижа, но за наша несреќа, за нашите клетки и ДНК, секоја клетка може да претрпи 1000 удари од активноста на слободните радикали во рок од 24 часа!
Бидејќи неопходно е да дишеме и кислородот ни е неопходен, докторите и научниците откриле дека природата создала посада на чистачи на слободните радикали наречени антиоксиданти. Астаксантинот е антиоксидант кој што оди многу понатаму. Бидејќи има мала молекуларна тежина, може да ја помине крвно-мозочната бариера каде што дејствува неговата антиоксидантна магија врз очите, мозокот и централниот нервен систем. Исто така, има подолг период на постоење и е отпорен на оштетување, што му овозможува подолг временски период да ги придружува слободните радикали од клетките до другите антиоксиданти како витаминот Ц.

 

За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте не на нашиот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на нашиот e-mail: info@trimeks.com.mk 

Супер антиоксидант

 

 

Истражувањата покажуваат дека не само што телото го апсорбира астаксантинот подобро од било кои други каротеноиди, туку и за разлика од бета-каротенот тој е способен да ја помине крвно-мозочната бариера.
Значи кој е најдобриот начин да се соберат придобивките на астаксантинот? Многу луѓе го употребуваат комплетно природниот екстракт на астаксантин. Конзумиран во форма на капсула обезбедува бројни здравствени придобивки, плус специјално е формулиран повторно да се искористат другите антиоксиданти како витамин Е, бета-каротен, ликопен и glutathione. Секоја капсула ја содржи вистинската рамнотежа на природе астаксантин, витамин Е, лутеин, масло од шафраника, желатин и глицерин. Овој производ не содржи пченица, глутеин, деривати од млеко, квасец, шеќер, вештачки бои, аромати и пестициди.

 

За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте не на нашиот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на нашиот e-mail: info@trimeks.com.mk 

Полезности

 

Придобивки од BioAstin

  • придонесува за нормална мукозна мембрана (слузница)
  • придонесува за нормален метаболизам на железото
  • придонесува за одржување на нормална кожа
  • придонесува за одржување на нормален вид
  • придонесува за одржување на нормална функција на имунолошкиот систем
  • има улога во процесот на специјализација на клетките
  • придонесува за заштита на клетките од оксидативен стрес

 

За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте не на нашиот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на нашиот e-mail: info@trimeks.com.mk