UA-16322392-1
 



3054_MainImage
non_gmogmp-logoPrintul-21-cfr-part-111_0

Beta-1,3/1,6-D-Glucan
100 mg / 90 капсули

1400  МКД

Производот е на залиха

ИСБН: 063

Опис на продуктот

 

NOW Beta-1,3 / 1,6-D-Glucan (Бета-Глукан) е биоактивен јаглехидрат добиен од клетoчниот ѕид на Saccharomyces cerevisiae, познат како квасец. Научните студии покажуваат дека Бета-Глуканот добиен од квасец може да влијае на одредени имунолошки клетки, вклучително и оние присутни во лимфоидот поврзан со цревните ткива (GALT).  GALT постои во дигестивниот тракт и е познато дека игра клучна улога во функцијата на здрав имунолошки систем. NOW Бета-Глукан се меша со маитаке печурки за дополнителна поддршка.

  • Поддршка на имунолошкиот систем
  • Поддржува нормална активност на имунолошките клетки
  • Со маитаке печурки
Состав                                               Количина во 1 доза:

                                                              1 капсулa

Beta-1,3/1,6-D-Glucan прав                                                              100 mg

(од Saccharomyces cerevisiae)

Прав од маитаке печурки                                                                  160 mg

(Grifola frondosa)

Препорака за употреба: Земете 1 капсула 1 до 2 пати дневно.

Други додатоци: брашно од ориз, целулоза (капсула), магнезиум стеарат (од растителен извор) и силика.

Не е произведено со пченица, глутен, соја, пченка, млеко, јајца, риба, школки или јаткасти состојки. Произведено во GMP капацитет кој произведува други состојки кои ги содржат овие алергени.

Вегетеријански/Веган производ. Кошер. Без ГМО.

Предупредување: Само за возрасни. Консултирајте доктор доколку сте бремени или доилка, земате лекови или имате некаква медицинска состојба (вклучувајќи автоимуни и антивоспалителни нарушувања). Да се чува подалеку од дофат на деца! Пакетчето за свежина не е за јадење. Оставете го во шишенцето. Препорачаната дневна доза да не се надминува. Овој производ не е наменет за третман, превенција или лекување на специфична болест или состојба и не претставува замена за оброк. Чувајте го на ладно, суво место после отварање.

Природни варијации на бојата може да се случат кај овој производ.

Потекло: САД, Производител: Now Foods, САД

 

За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте не на нашиот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на нашиот e-mail: info@trimeks.com.mk 

Повеќе информации

 

Бета-глуканите меѓусебно се разликуваат и имаат различни ефекти на човековиот организам. Влијанието на бета-глуканите на имунолошкиот систем зависи од нивното потекло, структура, чистота и способност за остварување на целосна врска со рецепторите на клетките на имунолошкиот систем. Најдобар имуномодулаторен ефект имаат нерастворливите разгранети бета (1,3/1,6)-D-глукани изолирани од печурки.

Глуканите се видови на сложени шеќери односно полисахариди, чие природно место се наоѓа во клеточните ѕидови на некои бактерии, габи и квасци, билки (овес и јачмен), алги, лишаи. На нашите простори, благодарејќи на навиките за исхрана, тешко може да се внесе во телото како храна, поради што единствен начин да го снабдите организмот со ова моќно имуно средство е да го внесете преку суплемент. Телото не го создава.

Во телото бета глуканот го промовира формирањето на коскената срцевина а со тоа и производство на леукоцити и тромбоцити. Активира макрофаги – клетки кои ја стимулираат имунолошката активност.

Бета глуканот се користи:

  • Против висок холестерол
  • Диабетес
  • Автоимуни заболувања
  • Вирусни, бактериски, паразитски и габични инфекции
  • Карциноми
  • Изложености на разни видови на зрачење (хемотерапија)
  • При хроничен замор
  • Јакнење на имунитетот

Студиите кај луѓето покажале корисни ефекти и продолжено преживување на пациенти со тумори. Голем број на студии исто така ги покажале неговите корисни ефекти кај лица изложени на зрачење.  Испитани се ефектите за спречување на инфекции, кардиоваскуларни заболувања, атеросклероза, артритис, алергиски ринитис.

ЈАКНЕЊЕ НА ИМУНИТЕТОТ

Го зајакнуваат и го подигнуваат имунитетот и ја стимулираат антибактериската и антивирусната активност на организмот. Овие важни полисахариди се добиваат од природата, пред сè, од клетките на разни видови печурки, квасец, овес и јачмен.

Бета глуканите најчесто се употребуваат во случаи на различни инфективни болести – пред се инфекции на респираторниот тракт кои се предизвикани од габички, бактерии и вируси, како и кај различни алергии, но се применуваат и во локална терапија на површински слоеви на кожата и слузницата, кај заздравување на рани, последица од радијација и други повреди.

Бета глукан се препорачува да се зема превентивно, а со примената би требало да сезапочне неколку недели пред носење на детето во   училиште. Земањето за време на траење на инфекцијата ќе го скрати времетраењето на болеста, а додека земањето после болеста ќе придонесе за побрзо закрепнување на исцрпениот организам.

ПОЛЕНСКА ТРЕСКА

Бета глуканот што потекнува од квасец може драстично да ги намали симптомите на поленска треска која ја предизвикува овој плевел. Истражувањата покажаа дека земањето секојдневно во рок од 4 недели може да биде од голема помош. Амброзијата цвета во текот на летото, но најмногу кон крајот на август и почеток на септември. Тоа значи дека е добро да се превземат чекори за да се зајакне Вашиот имунитет навремено и да започнете со примена на 4 недели пред да почне да цветаат.

АФТИ

Афтите во устата понекогаш се појавуваат од одредени причини (повреди и трауми) или поради слаб имунолошки систем. Бидејќи глуканите имаат корисен ефект врз имунитетот, се покажа дека имаат значаен ефект и врз устата. Во ваков случај треба да се користи најмалку 3 недели.

НАСТИНКИ И ГРИП

Бета глуканот помага и при настинки и грип како и при респираторни инфекции предизвикани од вируси во горниот респираторен тракт. Глуканите помагаат во ублажување на симптомите на овие болести и му помагаат на телото да се справи дури и со бактерии и вируси отпорни на антибиотици.

РЕСПИРАТОРНИ ИНФЕКЦИИ

Многу научни студии кои го проучувале позитивното влијание на бета глуканите во терапија на инфекции на горните дишни патишта ја докажале зголемената активност на имунолошкиот систем и подобра одбрана на организмот при контакт со различни патогени елементи.

Инфекции предизвикани од патогени габички: Кај инфекции предизвикани од патогени габички како што е Candida albicans, бета глуканите докажано го подобруваат адаптивниот и заштитниот имунолошки одговор на организмот.

АНТИОКСИДАТИВНА УЛОГА

Бројни студии покажале дека бета глуканот има позитивни ефекти во комбинација со други компоненти на храна. Особено е забележан синергистички ефект на бета глуканот со Витамин Ц за кој е утврдено дека ги стимулира истите имунолошки реакции како бета глуканот, т.е активноста на макрофаги и НК клетките и го зголемува производството на антитела.

Ефектот на бета глуканите и ресвератол – стимулираат фагоцитна активност на леукоцитите во крвта и придонесуваат за подобро обновување на слезината по индуцирана леукопенија. 

НАМАЛУВАЊЕ НА ХОЛЕСТЕРОЛ

Бета глуканот се покажа успешен во намалување на вкупниот холестерол и нивото на ЛДЛ холестерол. Главниот механизам на кој бета глуканот и другите форми на растворливи влакна влијаат на нивото на гликоза во крвта поврзана со нивната способност да го намалат варењето на храната и апсорпцијата на компоненти на храна како што е скробот.

Бета глуканот ги намалува нивоата на гликоза и липиди во крвта кај пациенти со диjабетес тип 2, го намалува вкупниот и ЛДЛ холестерол со што се намалува ризикот од кардиоваскуларни болести.

 

За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте не на нашиот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на нашиот e-mail: info@trimeks.com.mk