UA-16322392-1
 

Инфекции на уринарниот тракт- честа појава во летниот период

Семејни излети, зачестени прошетки со пријателите во природа, посета на туристички места, разладување во базени… сите овие забавни активности се знак дека дошло и летото. Но и друг знак на летото се инфекциите на уринарниот тракт.

До овие инфекции доаѓа кога бактериите навлегуваат во уринарниот систем и се шират до мочниот меур а во некои посериозни случаи и до бубрезите. Скоро половина од популацијата на жени се соочува со ваков тип на бактериска инфекција барем еднаш во својот живот.
И мажите може да се соочат со ваков тип на инфекција меѓутоа кај нив оваа појава е ретка. Кај жените е поголема веројатноста да се здобијат со ваков тип на бактерија поради тоа што кај нив уретрата е  пократка и на тој начин бактериите може да навлезат полесно.

Во лето често сме во водени костими за капење но и влажна облека со што се креира средина во која може да се поттикне раст на бактериите.

Што се препорачува за да се редуцира ризикот од инфекција во лето?
Еве неколку наши препораки:

  1. Консумирајте храна богата со добри бактерии – пробиотици. Постојат одредени пробиотици кои го поддржуваат здравјето на уринарниот тракт- Lactobacillus acidophilusи Lactobacillus rhamnosus  се ефективни при одржување на добрата микрофлора во желудникот но и онаа на уринарниот систем
  2. Брусница.
    Сокот од брусница како што на многумина добро ни е познато, има големо влијание во заштитата од уринарни инфекции, но најголемиот проблем е тоа што кај нас соковите од брусница често се преполни со шеќери па не е препорачливо да се пијат затоа што шеќерот ќе предизвика зголемено размножување на штетните бактерии во уринарниот тракт а со тоа ќе ги влоши и симптомите на инфекцијата.
    Во бројни научни истражувања е утврдено дека брусницата делува антиадхезивно, т.е. го спречува врзувањето (лепењето) на бактериите на клетките од уринарниот тракт, па така урината многу лесно ги исфрла од организмот. Таа е ефикасно средство во борбата против:

    • Најчестата, најтврдокорна и најнезгодна бактерија Е.colli
    • Бактеријата Helicobacter pylori
    • Габите на кандида

    За подобро уринарно здравје ви препорачуваме концентрат од брусница Cranberry Caps (700 mg (8:1) што е еднакво на 5600 mg свежа брусница).

  3. Носете памучна долна облека. Памукот е материјал во кој кожата лесно дише. Во другите типови на долна облека во лето може да се создаде влажна средина во која бактериите се размножуваат. Многу е важно уретрата да се одржува сува со цел да се заштитите од ваквата инфекција.
  4. Пијте многу вода. Кога сме дехидрирани, не уринираме толку често, доколку не уринираме не ги исфрламе штетните бактерии од нашиот систем. Атоа на лето се препорачува почесто консумирање на течности по можност вода.
ABOUT AUTHOR
Dejan Mitevski