UA-16322392-1
 



SP_5oz_Pwd_V10_HiC_Sh_0617
gluten_freenon-gmokoshervegan_logo_novohalal

Hawaiian Spirulina
142 gr прав

1130  МКД

Производот е на залиха

ИСБН: 004 Категорија:

Опис на продуктот

 

  • 65% лесно сварлив протеин
  • 23 пати повеќе железо од спањаќот
  • 25 пати повеќе бета-каротен од морковот
  • 5 пати повеќе калциум од млекото
  • енергија за сите возрасти

Спирулина е модро-зелена микроалга која се консумирала уште од времето на древните Ацтеки. Таа содржи извонредна комбинација на преку 100 важни хранливи состојки. Тие се во својата изворна форма, без додатоци. Идеална за сите оние кои сакаат целосен прехранбен додаток наместо вештачки извори на храна.

ЗОШТО ЛУЃЕТО ЈА УПОТРЕБУВААТ HAWAIIAN SPIRULINA И ЈА НАРЕКУВААТ СУПЕР ХРАНА?

  • Најдобар природен извор на биолошко железо (65 пати повеќе од спањаќот) и селен
  • 35 пати поголема концентрација на бета каротен од морковот
  • 3 пати повеќе витамин Е отколку во пченичните ‘ркулци
  • 65% лесно сварлив комплетен протеин со сите есенцијални амино киселини во совршена рамнотежа (2 пати повеќе протеини од сојата и 3 пати од рибата)
  • Витамини од групата Б, особено Б-12, Б-1 (тиамин) и Б-3 (ниацин)
  • Најбогат извор на Гама линоленска киселина во природен облик, која ја нема во традиционалната исхрана (ја има уште само во мајчиното млеко)
  • 10 пати повеќе калциум од млекото
  • Единствен извор на антиоксидантот фикоцианин
  • Содржи повеќе ензими во однос на други слични производи, особено Супер оксид дисмутаза
  • 95% искористеност на хранливите состојки
  • Без маснотии

ЧИСТА ЗЕЛЕНА ЕНЕРГИЈА КОРИСНА ЗА СЕКОГО

Консумирањето Hawaiian Spirulina се препорачува за сите возрасти. Hawaiian Spirulina е најиспитуван производ – 35 години меѓународни научни истражувања

ЗОШТО ДА ЈА КОРИСТИТЕ SPIRULINA PACIFICA ОД NUTREX?

Hawaiian Spirulina е единствена која е атестирана како природно одгледувана и произведена алга. Единствено Hawaiian Spirulina се суши со патентиран метод на океанско ладно сушење, кој комбиниран со ладното компримирање на таблетите без додатоци на масти и без топлинска обработка и стаклената амбалажа, обезбедуваат супериорен производ.

Хавајски квалитет – Вие и самите ќе ја почувствувате разликата!

Достапно во пакување од 100, 200 и 400 таблети од 500 mg и 142 g прашок.

 

За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте не на нашиот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на нашиот e-mail: info@trimeks.com.mk

Што е Спирулина?

 

Што е Спирулина?

Спирулината е вид на модро-зелена алга (едно-клеточно растение); така е наречена поради нејзината спирална форма. Алгите се неверојатно стари форми на живот, одговорни за создавањето и одржувањето на кислородната атмосфера. Тие се основа на ланецот на исхрана и примарен извор на храна за големите китови. Спирулината не е водно-солена алга; таа расте во свежи води.

Модро-зелените алги се разновидна група на микроскопски растенија ретко користени за човечка исхрана. Исклучок е Спирулината, која стана широко достапна како додаток во исхраната последните 20 години. Таа е храна со ретки уникатни фитонутриенти и карактеристики. Спирулината наоѓа примена во здравата исхрана. Дивата Спирулина платенсис расте во сончево топловодни вулкански езера со натриум карбонат низ целиот свет. Оваа алга успева во води кои содржат високи количества на натриум карбонат со pH вредност над 10. Каде што има дива Спирулина таму често има јата од фламинга и други животни кои што се хранат со неа. Спирулината има карактеристична спирална структура со влакненца на клетките кои се долги околу 10 микрони во дијаметар и повеќе од 1000 микрони во должина.

Спирулината е најкомерцијално култивирана модро-зелена алга за употреба како храна од дамнешно време. Шпанците ги набљудувале Ацтеките како ја употребуваат во нивната исхрана. Домородските народи околу езерото Чад во Африка се уште ја јадат “dihe”, како што тие ја нарекуваат. Таа за прв пат комерцијално е продавана како храна во раните осумдесети и оттогаш таа стана популарна како здрава храна за енергија. Спирулината денес се користи како храна во повеќе од 75 земји низ целиот свет.

Спирулината како храна

Спирулината едноставно е неверојатен извор на храна, која што е консумирана најразлично низ историјата од многу човечки култури. Практиката на сегашното ниво на производство на храна и деградацијата на околината, ја прави идеална за одгледување.

Hawaiian Spirulina е концентрирана храна

Hawaiian Spirulina дава 20 пати повеќе протеини по една акра отколку сојата! Таа се состои од 70% протеин (споредено со 22% кај говедското месо), 5% масти (добри масти) и нема холестерол (таа е растение). Hawaiian Spirulina содржи големо количество на витамини од Б групата (особено Б12, кој е неопходен во исхраната на вегетеријанците). Оваа чудесна храна содржи 8 есенцијални амино киселини (плус 10 од 12 не-есенцијални амино киселини), масни киселини (вклучувајќи ја ГЛК), дигестивни ензими и и пигментите хлорофил, порфирин и фикоцианин. Најдобро од се е што само 10 грама Hawaiian Spirulina има само 36 калории, со што ја прави ниско калорична храна. Hawaiian Spirulina содржи природна комбинација на минерали: калиум, калциум, магнезиум, цинк, селен, фосфор и железо.

Дали Hawaiian Spirulina е навистина 100% сигурна?

После долготрајно човечко и животинско консумирање и континуирано интензивно истражување, ја потврдуваат не само сигурноста на Hawaiian Spirulina, туку и нејзините полезности. Има долга историја на истражувања од страна на многу престижни научни институции дека е сигурна и хранлива.

Организацијата на ОН за индустриски развој (UNIDO) изврши петгодишна токсиколошка студија за Hawaiian Spirulina и дојде до резултати дека е сигурна, нетоксична храна, и посебна студија “ја препорача како можно решение за светската криза за храна и глобалниот недостиг на протеини”.

Универзитетот во Харвард направи истражување со екстракт од Hawaiian Spirulina со извонредни резултати. NASA има направено обемни истражувања за употребата на алгите како храна за вселенските патувања, и ја избра Hawaiian Spirulina меѓу 1 300 вида на модро-зелени алги со кои го започна истражувањето.

Сигурната употреба, нутритивната моќ и здравствените полезности на употребата на Hawaiian Spirulina се историски. Земањето Hawaiian Spirulina како храна, навистина може да го промени Вашиот живот.

Како се одгледува?

Hawaiian Spirulina се одгледува на Хаваи во најнапредните водени фарми на светот. Hawaiian Spirulina е селектиран вид на Arthrospira plasentis развиван многу години на култивирано одгледување на Хаваи. Културите на Хаваи ја преставуваат најстарата континуирано одлгледувана и собирана Спирулина во светот. Условите за растење на Хаваи низ целата година и интегрираниот менаџмент систем на одгледување, го прават тоа возможно. Најсончевата крајбрежна локација во САД обезбедува идеални годишни температури и 12 месечна сезона на одгледување. Преку 10 години (3 500 генерации), Hawaiian Spirulina се адаприрала на интензивното хавајско сонце, создавајќи највисоки нивоа на мешани каротеноиди од било која друга Спирулина во светот. Се култивира во долги, плитки мали езерца исполнети со свежа вода дополнета со нутриенти од длабочините на еден од најдлабоките, најчистите океани на планетата, и на чистиот воздух на далечните Хавајски Острови. Лопатките нежно ја мешаат водата, обезбедувајќи подеднакво изложување на алгата на сонце за оптимален раст и нутритивна вредност. Hawaiian Spirulina напредува во овие идеални услови, растејќи неколку пати побрзо отколку во дивината.

Култивираната Hawaiian Spirulina се собира секои 3 дена. Собирањето е поедноставно во однос на другите алги, поради долгата, влакнеста форма на Hawaiian Spirulina која не бара центрифугирање. Веднаш по собирањето, таа се просејува низ филтри и се измива неколку пати со свежа вода, осигурувајќи чист производ со свеж, несолен вкус.

Единствено хавајската Hawaiian Spirulina се суши со патентиран метод, наречен Метод на океанско ладно сушење. Овој метод, комбиниран со ладното компримирање на таблетите без додатоци на масти и без топлинска обработка, како и стаклената амбалажа, обезбедуваат супериорен бета каротенски производ.

Податоците од независни лаборатории ги потврдуваат значително повисоките нивоа на бета-каротен, отколку кај алгите сушени на било каков друг метод, вклучувајќи го и сушењето со замрзнување.

Уметноста и науката за одгледување Hawaiian Spirulina во контролирана, чиста околина се разви преку балансирано партнерство помеѓу природата и технологијата на водено фармерство. Со употреба на свежа и океанска вода, на најсончевата локација, чиста околина и најнапредни методи на одгледување, научниците успеаа да развијат супериорен вид на 100% чиста и култивирана Hawaiian Spirulina.

Hawaiian Spirulina е интензивно испитувана од молекуларните биолози на Универзитетот во Хаваи. Hawaiian Spirulina е високо апсорбирачки извор на протеини, мешани каротеноиди и други фитонутриенти, Б-витамини, ГЛК и есенцијални амино киселини.

 

За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте не на нашиот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на нашиот e-mail: info@trimeks.com.mk

Најбогат избор на нутриенти

 

Најбогат извор на исхрана во светот

Hawaiian Spirulina е еден од најбогатите и најкомплетни извори на хранливи материи во светот. Оваа модро-зелена алга зачудува многу нутритивни експерти, што се должи на нејзината разновидност на основните нутриенти. Од голем интерес се ретките концентрации на растителни протеини, каротени, хлорофил и фикоцијанин, биоактивен Б12, гама линоленска киселина и минерали. Безцелулозниот клеточен зид на Hawaiian Spirulina е високо сварлив и нутриентите лесно се апсорбираат.

Компатибилност – комбинирана моќ
Моќта на Hawaiian Spirulina не се должи само на бројните поединечни важни супстанци што ги содржи, туку на компатибилноста помеѓу тие супстанции. Тоа значи, заедничка акција на сите природно присутни хранливи материи во Hawaiian Spirulina создава многу помоќен ефект отколку збирот на поединечни компоненти.

Природата едноставно има повеќе вештина од хемичарот!

Восхитувачки фитонитруиенти

Hawaiian Spirulina обезбедува широка низа на фитонутриенти (антиоксиданти) познати по тоа што им ја даваат портокаловата и жолтата боја на овошјето и зеленчукот.

Високо квалитетен протеин
Повеќе од 60% од Hawaiian Spirulina е високо-квалитетен протеин, правејќи ја најбогат извор на растителен протеин познат на луѓето. Квалитетот на протеинот зависи од составот на амино киселините од кои е создаден. Протеинот од Hawaiian Spirulina ги содржи сите 8 есенцијални амино киселини, 9 не есенцијални амино киселини во точна и правилна природна рамнотежа! Човечкиот организам не може да ги произведува есенцијалните амино киселини, тие мора да се внесат како дел од исхраната.

Витамини
Hawaiian Spirulina го содржи важниот комплекс на витамини од Б групата, особено Б12 кој придонесува за нормално функционирање на нервниот систем и нормална ментална функција. Покрај тоа, Hawaiian Spirulina содржи голема количина на бета-каротен кој се претвара во телото во витамин А. Тој е моќен антиоксидант и е добар за кожата, видот, и нормална функција на имунолошкиот систем.

Минерали
Хранливиот додаток ќе делува оптимално само ако витамините и минералите се природно урамнотежени и се земаат заедно. Тоа е големата моќ и компатибилност на Hawaiian Spirulina. Hawaiian Spirulina ги содржи сите минерали кои се важни за човечкото тело: железо, магнезиум, калиум, калциум, фосфор, цинк и реткиот селен. Спротивно на морските алги, единствено Hawaiian Spirulina содржи траги од јод.

Природен извор на железо
Hawaiian Spirulina е богата со железо. Железото е потребно за формирање на црвените крвни клетки и хемоглобинот и за нормален транспорт на кислородот во организмот. Висок процент на анемии се предизвикани од недостаток на железо во исхраната. Истовремено железото придонесува за нормален когнитивен развој кај децата и одржување на нормална функција на имунолошкиот систем. Железото придонесува во намалување на заморот и исцрпеноста и нормален енергетски метаболизам.
Се препорачува Hawaiian Spirulina да на се зема во исто време со кафето или чајот. Овие пијалоци содржат супстанции кои го успоруваат внесувањето на железото.

Хлорофил
Hawaiian Spirulina има изобилство на хлорофил. Тоа е зелена супстанца која им овозможува на растенијата да ја претворат сончевата светлина во енергија и нутриенти. Не е чудо што Hawaiian Spirulina изобилува со соларна моќ!

Фикоцианин
Една од најважните супстанци во Hawaiian Spirulina е фикоцианинот, сино обоен пигмент кој е силен антиоксидант. Во исто време со хлорофилот, фикоцианинот апсорбира многу сончева светлина. Заедно тие и ја даваат сино-зелената боја на Hawaiian Spirulina.

Каротеноиди
Каротеноидите се жолти, портокалови и црвени пигменти кои се наоѓаат во морковите, портокалите и останатите обоени овошја и зеленчучи. Поради сончевата клима, Hawaiian Spirulina содржи високи концентрации на природни каротеноиди. Најважна супстанца е бета-каротенот кој организмот го претвара во витамин А. Каротеноидите се моќни антиоксиданти.

Гама линоленска киселина
Hawaiian Spirulina содржи голема количина на гама линоленска киселина. Мајчиното млеко и маслото од ноќна јагорчевина се останати два извора на оваа ретка масна киселина.

Ензими
Hawaiian Spirulina содржи бројни важни ензими, како што е супероксид дисмутаза (СОД). Ензимите се важни за конструкцијата на нашите клетки. Не би можеле да живееме без ензимите. Ензимите лесно се уништуваат под дејство на топлина или оксидација. Поради многу внимателното производство, Hawaiian Spirulina покажува мошне висока ензимска активност.

 

За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте не на нашиот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на нашиот e-mail: info@trimeks.com.mk

Што содржи?

 

Што содржи Hawaiian Spirulina?

Едноставно кажано, Hawaiian Spirulina е најконцентрирана комплетна храна и извор на:
– Протеини (60-70%)
– Сите 10 хранливи Есенцијални амино киселини – вкупно 20 амино киселини, во синергетска рамнотежа
– Б12 – најголем извор на човечки активен Б12 на Земјата
– Бета-каротен и мешани каротеноиди – извонредно високи природни концентрации
– Целосен спектар на антиоксиданти – од фитонутриенти, пигменти и природни витамини
– Фикоцианин – највисока концетрација на овој моќен, син, имуно-стимулативен протеин
– ГЛК – природна форма
– Есенцијални масни киселини – најпотребните Омега 3 и 6 Есенцијални масни киселини
– Хлорофил
– Целосен спектар на витамини – повеќе од било која друга поединечна храна, во балансирани количини
– Океански извор на минерали и разноликост на елементи во траги
– СОД – извонредно високо ниво на антиоксидантниот ензим, супероксид дисмутаза
– Високи нивоа на мукополисахариди во мекиот клеточен ѕид – материјали за гликопротеинските комплекси
– Не содржи холестерол и скроб, многу малку натриум и калории – високо енергетска храна

 

За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте не на нашиот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на нашиот e-mail: info@trimeks.com.mk

Суперхрана за сите возрасти

 

Неправилната исхрана, недостаток од вежбање, пушење, пиење алкохол и стрес – сето тоа создава развивање на штетни продукти во нашиот организам, предизвикувајќи да се чувствуваме уморни и млитави.

Hawaiian Spirulina – подарок од природата

Исхраната на современиот човек е преполна со осиромашена и обработена храна. Многу луѓе дополнително ја збогатуваат исхраната со витамински и минерални препарати. Hawaiian Spirulina се нарекува суперхрана затоа што во себе содржи поголема лепеза состојки од било која друга храна или растение. Овие хранливи и фитохемиски материи ја чинат Hawaiian Spirulina комплетна замена за било кој изолиран витамински препарат.
– Протеини и аминокиселини
– Витамини и минерали
– Есенцијални масни киселини
– Фитонутриенти

Уживајте во Hawaiian Spirulina секојдневно!

 

За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте не на нашиот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на нашиот e-mail: info@trimeks.com.mk

Рецепти

 

Рецепти со Hawaiian Spirulina

Брз утрински појадок да го започнете Вашиот ден
1 кафена лажица Hawaiian Spirulina, 2 чаши сок од мешано овошје (или сок од портокал, јаболко или ананас). Како алтернатива можете да додадете свежо овошје (банана, киви, портокал или праска), бадеми, семе од сончоглед и др. Добро измешајте ги сите состојки во миксер. Количината е доволна за двајца.

Енергетски бомбици со банана
1 кафена лажица Hawaiian Spirulina, 4 пресирани банани, 1 шолја исчистен сончоглед, 1 шолја рибизли, 1 шолја путер од бадем, 4 супени лажици соино млеко во прав, 1 шолја кокос, 2 супени лажици лецитин, 1 кафена лажица ванила. Добро измешајте ги сите состојки во миксер. Направете бомбици, извалкајте ги во кокос и оладете ги.

Коктел од зеленчук
1 кафена лажица Hawaiian Spirulina, 2 чаши сок од зеленчук (или сок од моркови или домати). Како алтернатива може да додадете свеж зеленчук (магдонос) или зачини (кајена, коњско опавче) за подобар вкус. Добро измешајте ги сите состојки во миксер. Количината е доволна за двајца.

Hawaiian Spirulina Коктел 1
1 кафена лажица Hawaiian Spirulina, 2 банани, пола шоља јогурт, 1 шоља млеко од соја или овошен џус (јаболко, портокал или ананас). Како алтернатива можете да додадете праска, папаја, манго. Добро измешајте ги сите состојки во миксер.

Hawaiian Spirulina Коктел 2
1 кафена лажица Hawaiian Spirulina, 1 папаја, ¼ лажица цимет и сок од еден лимон. Добро измешајте ги сите состојки во миксер.

Hawaiian Spirulina Коктел 3
1 кафена лажица Hawaiian Spirulina, 2 авокада, свежо исцеден сок од лимон, сино исецкан лук, 2 домати, бибер и сол. Добро измешајте ги сите состојки во миксер.

Калциум пијалок со Hawaiian Spirulina
1 кафена лажица Hawaiian Spirulina, 1 шолја сусам, 1 кафена лажица ванила, 4 шолји вода, 6 супени лажици рогач, 2 супени лажици мед, 1 банана. Добро измешајте ги сите состојки во миксер.

Пире од домати со Hawaiian Spirulina
Едноставно додадете една кафена лажица Hawaiian Spirulina во пирето од домати. Hawaiian Spirulina го зајакнува вкусот и му дава на пирето интересна боја. Добро измешајте ги сите состојки во миксер.

Полнети компири
2 кафена лажица Hawaiian Spirulina, 4 големи печени компири, 2 исецкани главици кромид, 1 шолја пченка, грашок и целер, 2 супени лажици пивски квасец, 1 кафена лажица чили, 2 кафени лажици ѓумбир, 2 супени лажици свеж или сушен босилек, 2 кафени лажици оригано. Исечете ги компирите на 2 дела и извадете ја средината. Кратко запржете ги состојките со шолја вода (освен Hawaiian Spirulina) и додадете ја мешавината врз компирите. Потоа додатете ја и Hawaiian Spirulina. Ставете ги компирите во рерна и печете ги 15 минути на 400°C.

Сос од авокадо
1 кафена лажица Hawaiian Spirulina, 1 авокадо, 1 супена лажица павлака, пиперка и соја сос по вкус. Добро измешајте ги сите состојки во миксер.

Сос крем 1
1 кафена лажица Hawaiian Spirulina, 4 супени лажици павлака или немасен јогурт, свежо исцеден лимон и 3 кафени лажици тамари сос или соја сос. Добро измешајте ги сите состојки во миксер.

Сос крем 2
2 кафена лажица Hawaiian Spirulina, 1 кафена лажица ѓумбир, 6 чешлиња лук, 3 исецкани млади кромитчиња, 12 бадеми (потопени навечер, исушени и излупени), 1 супена лажица лецитин, 1 свежо исцеден лимон, 3 супени лажици тамари сос или соја сос, 4 супени лажици пивски квасец. Добро измешајте ги сите состојки во миксер и изладете го сосот. Се служи со стапчиња од целер или морков или здрав чипс.

Тофу салата
1 кафена лажица Hawaiian Spirulina, 250 грама трвдо тофу, 2 домати, 1 рендан морков, 2 млади кромидчиња, босилек, мајоран, лут сос (по вкус), целер, 1 тиквичка, 1 пиперка (зелена или црвена) и лажица тамари или соја сос. Скоро секоја комбинација на свеж зеленчук може да се стави во тофу салатата.

Песто (сос за тестенини)
2 кафени лажици Hawaiian Spirulina, босилек, 2 супени лажици пармезан, 50 грама ореви или бадеми, 3-5 супени лажици маслиново масло, лук и сол. Добро измешајте ги сите состојки во миксер.

Прелив за ориз
1 кафена лажица Hawaiian Spirulina, 3 супени лажици соја сос, 1 супена лажица печен сусам. Измешајте си сите состојки и сервирајте врз ориз.

 

За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте не на нашиот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на нашиот e-mail: info@trimeks.com.mk

Состав

 

Дози на прашок
½-1 кафена лажица дневно, измешана со џус од овошје или зеленчук (на пр.џус од домати или јаболко).

Инструкции за употреба на Hawaiian Spirulina прашок
Измешајте кафена лажичка со Hawaiian Spirulina прашок во чаша со свежо исцеден природен зеленчук или овошје. Додадете хербална сол и бибер за да се засили вкусот на џусот од зеленчук или мед на џусот од овошје. Hawaiian Spirulina прашокот оди особено добро со џус од домати, целер или јаболко.

Ако штотуку започнувате да земате Hawaiian Spirulina, изградете ја дозата постепено:
– Првите два дена земајте по 1 таблета дневно.
– Наредните два дена земајте по 2 таблети дневно.
– Наредните два дена земајте 3 таблети дневно, итн., се додека не ја постигнете потребната доза од 3-6 таблети днавно.
– Земајте ги таблетите со вода непосредно пред оброците.
– Може да ја земате дневната доза целосно наутро или поделена во текот на денот.
– Подобро е да не се зема Hawaiian Spirulina навечер. Инаку ќе бидете многу активни кога ќе сакате да спиете. Тоа секако е решение ако треба да работите доцна во ноќта или ако треба да одите на забава.
– Совет: Пијте многу вода секој ден. Ова го одржува Вашиот природен процес на чистење.

Hawaiian Spirulina е комплетно природен извор на храна. Можете да ја земате во текот на целата година и може да се комбинира со други хранливи додатоци без проблеми.
Не се познати никакви споредни ефекти на Hawaiian Spirulina.

 

За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте не на нашиот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на нашиот e-mail: info@trimeks.com.mk