UA-16322392-1
 



Rhodiola
non_gmoPrint

Rhodiola
500 mg / 60 капсули

1494  МКД

Производот е на залиха

ИСБН: 021

Опис на продуктот

 

Rhodiola (Rhodiola rosea) е спрецифична за артичките и алпските региони на Европа, Азија и Америка и долго време се употребувала како средство за закрепнување од многу култури, вклучувајќи ги и Античките Грци. Rhodiola генерално е позната како “адаптоген”, израз кој се однесува на секој причинител кој поседува способност да го поддржи природниот капацитетот на организмот да се прилагоди на менливите услови на живот. NOW Rhodiola е стандардизиран екстракт на 3% вкупно rosavins и мин. 1% salidrosides.

  • Адаптогена билка
  • 3% стандардизиран екстракт
  • Му помага на организмот да се прилагоди на стресот во секојдневниот живот
  • Вегетеријански/Веган производ. Без ГМО.
Состав 1 капсула
Rhodiola екстракт (Rhodiola rosea) (корен) 500 mg
    (стандардизиран до мин. 3% вкупно rosavins и мин. 1% salidroside)

Препорака за употреба: Како додаток во исхраната земете 1 капсула, 1-2 пати дневно, на празен стомак.

Други додатоци: целулоза (капсула), целулоза прав, силика и магнезиум стеарат (растителен извор). Не е произведено со пченица, глутен, соја, млеко, јајца, риба, школки или јаткасти состојки. Произведено во GMP капацитет кој произведува други состојки кои ги содржат овие алергени. Природни варијации на бојата може да се случат кај овој производ.

Предупредување: Само за возрасни. Консултирајте доктор доколку сте бремени или доите, земате лекови или имате некаква медицинска состојба. Да се чува подалеку од дофат на деца! Пакетчето за свежина не е за јадење. Оставете го во шишенцето. Препорачаната дневна доза да не се надминува. Овој производ не е наменет за третман, превенција или лекување на специфична болест или состојба и не претставува замена за оброк. Чувајте го на ладно, суво место после отварање.

Потекло: САД, Производител: Now Foods, САД

 

 

Повеќе информации

 

ПРИРОДНА ПОМОШ ПРИ СТРЕС

Стрес – “скриен убиец” и “предатор на 21 век”. Денес, стресот е една од најприсутните причини за лошо здравје. Хроничниот стрес енергетски го исцрпува организмот, предизвикува промени во хормоналната рамнотежа, ја намалува физичката сила и менталната способност, доведува до емоционална нестабилност, депресија, несоница, растревоженост, слаб имунитет, срцева аритмија, сексуална дисфункција, предвремено стареење, како и до експлозија на хронични болести, инфекции и карцином. Да се остане денес здрав значи ефективно да му се спротивставиме на стресот или пак да му се прилагодиме.

Најдобар природен адаптоген

Преку Rhodiola природата ни дава рака на спас. Позната како “златен корен”, таа е билка специфична за артичките и алпските региони која со векови се употребувала како средство за закрепнување, стимулирање на нервниот систем, намалување на депресијата и заморот и превенција од болести. Rhodiola е моќен адаптоген од непроценлива вредност – има способност да го зголеми капацитетот на организмот да се прилагоди на стресни влијанија кои непрекинато ги напаѓаат телото и духот и помага повторно да воспостави рамнотежа во организмот, без да влијае на нормалните функции.

Полезности:

  • Телесни перформанси – физичка издржливост и опоравување. Rhodiola била главен фактор на физичката, менталната и психичката издржливост на советските астронаути и олимписки шампиони, како и на највисокиот државен врв. Од голема корист за сите оние кои имаат физичка и ментално напорна работа и за лица со ниско енергетско ниво.
  • Ментални перформанси – бистрина на мислите и меморија. Ги подобрува основните интелектуални способности. За сите оние кои не сакаат да изгубат дел од менталната способност како последица на стареење.
  • Емоционално здравје – промена на расположение, депресија, несоница, сексуално здравје. Несоницата е цврсто поврзана со стресот и расположението што доведува до нарушување на квалитетот на животот, работната способност и имунитетот. Ги елиминира депресивните симптоми (го подига нивото на серотин во мозокот) и ја јакне сексуалната енергија.
  • Кардиоваскуларни болести, аритмија, хипертензија. Здравјето и функцијата на срцето се во тесна врска со стресот. Го зачувува срцевиот систем и штити од болести на кардиоваскуларниот систем, особено кога се зема во комбинација со CoQ10.
  • Имунолошки систем – имунодефициенција, автоимуни болести, карциноми. Стресот има имуно-супресивно делување на T-клетките и клетките-убијци, многу значајни за уништување на канцерогените клетки. Има имуно стимулирачкото, антиоксидантно и антиканцерогено делување.
  • Дијабетис и дебелина предизвикани од стрес. Постои причинско-последователната врска помеѓу 3 фактори – стрес, дијабетис и дебелина кои стануваат глобални проблеми.
  • Аменореја и неплодност. За редовни менструални циклуси и против аменореја (недостаток на менструален циклус кај жените, а најчести причини се емоционален стрес, болест, орални контрацептиви или прекумерни телесни напори).

Заштитете го Вашиот организам и ум со Rhodiola од NOW Foods!