Magnesium Citrate
non_gmoPrintPrint

Magnesium Citrate
200 mg / 100 таблети

895  МКД

Производот е на залиха

ИСБН: 030

Опис на продуктот

 

Магнезиумот е минерал кој е од клучно значење за производство на енергија и метаболизмот, мускулната контракција, преносот на нервните импулси и минерализацијата на коските. Тој е задолжителен кофактор за околу 300 ензими. Меѓу реакциите катализирани од овие ензими се синтезата на масни киселини, синтезата на протеини и метаболизмот на гликозата. Статусот на магнезиум исто така е важен за регулирање на рамнотежата на калциум преку нејзините ефекти врз паратироидната жлезда.

Магнезиумот е клучен минерал кој многу луѓе не го добиваат доволно преку исхраната.
Магнезиумот е четвртиот најзастапен минерал во организмот. Околу 50 % од вкупниот магнезиум во организмот се наоѓа во коските. Другата половина се наоѓа претежно во клетките на ткивата и органите, со само 1 % кој се наоѓа во крвта.

Магнезиумот е важен за одржување на здрави крвни садови, за производство на енергија и одржувањето на здрава функција на нервите и мускулите.

  • Поддршка на нерниот систем
  • Поддршка на производството на енергија
  • Неопходен за ензимските функции
  • Вегетеријански/Веган производ. Без ГМО. Кошер.
Состав                                               Количина во 1 доза:

                                                               2 таблети

% на дневни 

  вредности

Магнезиум (од Магнезиум Цитрат)     400 mg 100%

Препорака за употреба: Како додаток во исхраната земете 2 таблети дневно со храна.

Други додатоци: целулоза, стеаринска киселина (растителен извор), Croscarmellose натриум, магнезиум стеарат (растителен извор) и растителна обвивка. Не е произведено со квасец, пченица, глутен, соја, млеко, јајца, риба, школки или јаткасти состојки. Произведено во GMP капацитет кој произведува други состојки кои ги содржат овие алергени. Природни варијации на бојата може да се случат кај овој производ.

Предупредување: Само за возрасни. Консултирајте доктор доколку сте бремени или доилка, земате лекови или имате некаква медицинска состојба. Да се чува подалеку од дофат на деца! Пакетчето за свежина не е за јадење. Оставете го во шишенцето. Препорачаната дневна доза да не се надминува. Овој производ не е наменет за третман, превенција или лекување на специфична болест или состојба и не претставува замена за оброк. Чувајте го на ладно, суво место после отварање.

Потекло: САД, Производител: Now Foods, САД

 

 

Повеќе информации

 

Важноста на магнезиум 

Магнезиумот е клучен минерал кој многу луѓе не го добиваат доволно преку исхраната.
Магнезиумот е четвртиот најзастапен минерал во организмот. Околу 50 % од вкупниот магнезиум во организмот се наоѓа во коските. Другата половина се наоѓа претежно во клетките на ткивата и органите, со само 1 % кој се наоѓа во крвта.  Магнезиумот е важен за одржување на здрави крвни садови, за производство на енергија и одржувањето на здрава функција на нервите и мускулите.

Магнезиумот е потребен за повеќе од 300 биохемиски реакции во телото. Тој помага во одржувањето на нормална функција на мускулите и нервите, го одрдржува ритамот на срцето стабилен, поддржува здрав имунолошки систем и ги одржува коските силни. Магнезиумот исто така помага за регулирање на шеќерот во крвта, поддржува нормален крвен притисок и здрава кардиоваскуларна функција, и е вклучен во енергетскиот метаболизам и синтезата на протеини. Магнезиумот се апсорбира во малите црева, а излачувањето се одвива преку бубрезите.

Иако истражувањата покажуваат дека многу луѓе не ги добиваат препорачаните  количини на магнезиум, симптомите на недостаток на магнезиум ретко се присутни. Сепак, многу луѓе немаат доволно залиха на магнезиум во организмот, бидејќи внесот преку исхраната може да не биде доволно висок. Доволната залиха во орагнизмот е заштита од неоптимална кардиоваскуларна функција и неоптимална функција на имунолошкиот систем .

Знаците на недостаток на магнезиум вклучуваат хипомагнеземија и евентуално хипокалцемија, и покрај адекватната исхрана со калциум. Како осиромашувањето со магнезиум напредува, секрецијата на паратироидниот хормон (PTH) се губи. Заедно со хипомагнеземија, знаците на тежок недостаток на магнезиум вклучуваат хипокалцемија, ниски серумски хипокалемија, задржување на натриум, ниско циркулирачки нивоа на паратироидниот хормон, невролошки и мускулни симптоми (тремор, мускулни грчеви, тетанија), губење на апетит, гадење, повраќање и промена на личноста.

Следниве услови го зголемуваат ризикот од недостаток на магнезиум:

  • Гастроинтестинални пореметувања, како што се продолжена дијареа, Кронова болест, синдроми на малапсорпција, итн.
  • Дијабетес мелитус и долгорочна употреба на одредени диуретици.
  • Хроничниот алкохолизам.
  • Стареење: Неколку студии откриле дека старите лица имаат релативно низок внес на на магнезиум преку исхраната.

Ефектите на магнезиум во организмот

Веројатно најпрепознатливите ефекти доаѓаат во кардиоваскуларниот систем. Внесот на магнезиум е корисен за поддршка и промоција на здрава активност на срцето и помага за подобрување на здравата функција на срцето кај лицата со неоптимална срцева функција. Исто така, додатокот на магнезиум помага во намалување на симптомите на митралната валвула пролапс кај луѓето со ниски серумски нивоа на магнезиум.

Доказите покажуваат дека зголемувањето на внесот на магнезиум може да помогне во промоцијата на здрав артериски проток кон мозокот и може дури и да има придружни неуропротективни ефекти. Други докази укажуваат дека дополнување со 600 до 1000 mg дневно на магнезиум може да се промовира здрав крвен притисок во рамките на нормалните вредности. Покрај тоа, додатокот на магнезиум поддржува здрави нивоа на холестерол во нормалните вредности.

Магнезиум исто така има влијание и врз ендокриниот систем. Повисокиот внес на магнезиум е поврзан со здрави нивоа на инсулин и намален ризик од развој на високи нивоа на шеќер во крвта. Според една анализа на студии, зголемување од 100 mg / ден на внесот на магнезиум е поврзано со намалување од 15 % на ризикот за развивање на високо ниво на гликоза во крвта. Ниско ниво на магнезиум е присутно кај 25 – 38 % од луѓето кои веќе имаат високо ниво на гликоза во крвта.

Повисокиот внес на магнезиум од исхрана и суплементи е поврзан со 27 % помал ризик од развој на неоптимална инсулин функција кај здрави жени и 31 % помал ризик кај здрави млади возрасни. Дополнителни истражувања покажуваат дека кај луѓе со ниски серумски нивоа на магнезиум, шест до седум пати е поголема шансата за појавување на неоптимална инсулин функција од луѓето со нормални нивоа на магнезиум.

Жените имаат специјални полезности од магнезиумот, бидејќи има прелиминарни докази дека магнезиумот може да спречи губење на коскената маса кај постменопаузална остеопороза. Во една друга студија на постменопаузални жени кои исто така земале естроген, 600 mg/ден на магнезиум плус  500 mg/ден на калциум и мултивитамински додаток, ја зголемува коскената маса подобро од естрогенот сам. Исто така, истражувањето покажува дека додатокот на магнезиум може да помогне да се намалат грчевите во нозете поврзани со бременост. Понатаму, додатокот на магнезиум ги олеснува предменструалните симптоми, вклучувајќи ги промените на расположението и задршка на течности кај некои жени. Исто така, земајќи магнезиум се спречува предменструалната мигрена.

Магнезиумот ги има и следните ефекти:

  • Гастроинтестинален систем: Земањето на магнезиум е корисно како лаксатив за запек и како антацид да ги намали симптомите на желудечната киселина.
  • Респираторно здравје: Внесот на магнезиум помага да се промовира здрава функција на бронхиите, со што се поддржува нормалната респираторната функција кај лицата со неоптимална респираторната функција.
  • Болка: Кога се дадени во дози од 500 до 1000 mg, внесот на магнезиум се покажа дека помага во олеснување на одредени типови на нервна болка до четири часа. Внесот на магнезиум, исто така, се покажа дека ја намалува фреквенцијата и интензитетот на одредени видови на хронични главоболки.
  • Слушно здравје: Дополнувањето со магнезиум се покажа дека го спречува губењето на слухот кај лицата изложени на гласна бучава.
  • Хроничен замор: Внесот на магнезиум помага да се подобрат симптомите кај лицата со синдром на хроничен замор.
  • Магнезиум природно не постои сам по себе. Напротив, тој е во прилог на некој вид на органска или неорганска киселина. Минералите прикачени за киселините се нарекуваат минерални соли. Сите форми на магнезиум кои се користат во додатоците на исхраната обезбедуваат еден или повеќе магнезиум соли. На пример, ако прикачите лимонска киселина со магнезиум, ќе има магнезиумова сол наречена магнезиум цитрат. Во истражувањата се докажало дека магнезиум цитрат и магнезиум глицинат имаат најголема апсорпција кај луѓето.