UA-16322392-1
 



4721_v4
non_gmoPrintPrint

Maca
500 mg / 100 капсули

845  МКД

Производот е на залиха

ИСБН: 034

Опис на продуктот

 

Maca (Lepidium meyenii) се одгледува на високи места во регионот на Андите во Централно Перу. Традиционално се користи со векови како извор на хранливи материи и како генерален енергетски тоник. Повеќе научни истражувања во последните години покажуваат дека Maca може да помогне за поддршка на здрав репродуктивен живот за мажите и жени. Клиничките податоци покажуваат дека Maca нема директен ефект врз ендокрината функција.

  • Репродуктивно здравје
  • Поддршка на сексуалното здравје
  • За мажи и жени
  • Вегетеријански/Веган производ. Без ГМО.
Состав 1 капсула
Maca (Lepidium meyenill) (корен) 500 mg

Препорака за употреба: Како додаток во исхраната земете 1 капсула, 1-3 пати дневно.

Други додатоци: целулоза (капсула) и магнезиум стеарат (растителен извор). Не е произведено со квасец, пченица, глутен, соја, млеко, јајца, риба, школки или јаткасти состојки. Произведено во GMP капацитет кој произведува други состојки кои ги содржат овие алергени. Природни варијации на бојата може да се случат кај овој производ.

Предупредување: Само за возрасни. Консултирајте доктор доколку сте бремени

или доилка, земате лекови или имате некаква медицинска состојба. Да се чува подалеку од дофат на деца! Пакетчето за свежина не е за јадење. Оставете го во шишенцето. Препорачаната дневна доза да не се надминува. Овој производ не е наменет за третман, превенција или лекување на специфична болест или состојба и не претставува замена за оброк. Чувајте го на ладно, суво место после отварање.

Потекло: САД, Производител: Now Foods, САД

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Повеќе информации

 

Maca (Lepidium meyenii) – билка која се грижи за хормоните
Редовната употреба на мака го зајакнува имунолошкиот систем и ја зголемува отпорноста на физички и ментални тешкотии, а нејзината способност да се идентификуваат потребите на секој организам и го донесоа прекарот “паметна билка”.
Илјадници години коренот на мака се користи поради неговите исклучителни лековити и хранливи својства, па затоа се класифицирана во категоријата на суперхрани.
Maca (Lepidium meyenii) е билка со потекло од областа на Андите, на територијата на денешна Боливија и Перу, а расте на надморска височина помеѓу 2400 и 4400 метри. Според легендата, Инките на своите воини им давале прав од корен од мака за да ја зголемат нивната сила и издржливост.
Меѓутоа, кога битката ќе завршела, им ја крателе маката поради нејзиното својство силно да го подобрува либидото. Нејзиниот корен со векови за домородците е извор на сила и плодност. Потоа Шпанците освојувачи ја донеле маката во нивната земја, запознавајќи ја така и Европа со ова растение.
Едно време интензивно се употребувала во шпанскиот кралски двор, после што знаењето за неа во текот на годините да исчезне. Во текот на шеесеттите години од минатиот век, перуанските, американските и германските истражувачи повторно на светот и ја откриле оваа билка. Денес знаеме дека тајната на своето делување маката ја крие во бројните активни супстанци како што се масни киселини, алкалоиди, танини, стероли и глукозинолати, кои се особено одговорни за влијанието врз плодноста и либидото.

Природен адаптоген
Научниците маката ја ставаат во групата на адаптогени – средства за подобро прилагодување на организмот. Како адаптоген, маката ја зголемува физичката издржливост и отпорност на стрес, анксиозност, траума и исцрпеност. Редовната употреба на мака го зајакнува имунолошкиот систем и ја зголемува отпорноста на физички и ментални тешкотии, а нејзината способност да ги идентификува потребите на секој поединечен организам и го донесоа прекарот “паметна билка”.
На пример, ако некој организам произведува премногу малку од одреден хормон, маката го подигне неговото производство. Спротивно на тоа, ако одреден хормони го има премногу, маката ќе го забави неговото создавање.
Коренот на маката содржи витамини Б1, Б2, Б12 и Ц, алкалоиди, макро и микро хранливи материи, јаглехидрати, протеини, влакна, масни киселини, фруктоза, скроб, танин натриум, калиум, калциум, бакар, цинк, железо, манган, силициум и магнезиум.

Малкумина знаат дека маката е побогата со калциум од млекото, поради што е силна поддршка во борбата против остеопорозата. Како адаптоген, маката придонесува за целокупната благосостојба на организмот. Калциум, фосфор, витамини Б1 и Б12 и масни киселини имаат корисен ефект на нервниот систем, го стимулира апетитот и позитивно влијаат врз варењето на храната. Стероли, калциум и витамин Ц од маката помагаат во изградбата на мускулната маса и зголемување на физичката издржливост. Затоа маката е еден од додатоците во исхраната кој користи од страна на многу врвни спортисти.
Маката содржи и четири уникатни алкалоиди – macaina 1, 2, 3, 4 – кој не се пронајдени во било која друга билка. Тие помагаат во искористувањето на сите хранливи материи од маката кој му се потребни на организмот.

Поддршка при менопауза и неплодност
Редовното внесување на прав од корен од мака на жените им носи многу предности, бидејќи тоа им помага да се создаде и одржи хормоналната рамнотежа. Докторите ја препорачуваат маката при хормонални нарушувања и проблеми со неплодност.
Маката ги ублажува симптомите на менопауза – промени во расположението, топли бранови, нарушувања на спиењето и слично. Помага и при проблеми со менструалниот циклус – болка и чувство на непријатност што многу жени го доживуваат.

Го јакне либидото и потенцијата

Истражувањата покажале дека земањето на мака, има позитивно влијание врз проблемите со плодноста кај мажите. Маката има позитивно влијание врз производството на сперма и се зголемува обемот на спермата.

Maca е ефикасна и во третирање на проблемите со либидото и еректилната дисфункција, поради што многу ја викаат “природна вијагра”. Покрај тоа, маката придонесува за развој на мускулите и топењето на мастите.

Маката ги има следните полезности за здравјето:

  • Го зголемува нивото на енергија
  • Го урамнотежува работењето на хормоните
  • Ги ублажува симптомите на менопаузата и ПМС
  • Делува позитивно на сексуалната енергија
  • Помага при несоница и стрес
  • Ја зголемува телесната издржливост
  • Позитивно влијае на здравјето на срцето и крвните жили
  • Помага при неплодност
  • Го подобрува помнењето и концентрацијата
  • Позитивно влијае на здравјето на коските и забите

Дозирање и мерки на претпазливост
– Коренот на мака може да се најде во прав, капсули или таблети. Препорачаната доза е 1500 – 3000 mg на ден.
– Маката не се препорачува за бремени жени и доилки.
– Луѓето кои страдаат од висок крвен притисок или болест на тироидната жлезда, пред земањето мака да се консултираат со лекар.