4721_v46
non_gmoPrint

L-Carnosine
500 mg / 50 капсули

2128  МКД

Производот е на залиха

ИСБН: 035

Опис на продуктот

 

L-Carnosine (beta-Alanyl-L-Histidine) е дипептид, составен од аланин и хистидин. Природно се јавува во високи концентрации во кожата, мускулите и нервните ткива и неговите нивоа се намалуваат со годините. L-Carnosine ги штити клетките и ткивата за време на процесот на стареење преку фунцијата на неутрализатор на слободните радикали и стабилизатор на клеточните мембрани.

    • Здраво стареење
    • Поддршка на виталноста на мускулите
    • Ги елиминира слободните радикали
    • Заштита на клетките
    • Вегетеријански/Веган производ. Без ГМО.


Состав 1 капсула
L-Carnosine (ß-alanyl-L-histidine) 500 mg

 

Препорака за употреба: Како додаток во исхраната земете 1 капсула, 1-3 пати дневно, по можност со храна.

Други додатоци: целулоза (капсула), стеаринска киселина (растителен извор) и магнезиум стеарат (растителен извор). Не е произведено со квасец, пченица, глутен, соја, млеко, јајца, риба, школки или јаткасти состојки. Произведено во GMP капацитет кој произведува други состојки кои ги содржат овие алергени. Природни варијации на бојата може да се случат кај овој производ.

Предупредување: Само за возрасни. Консултирајте доктор доколку сте бремени

или доилка, земате лекови или имате некаква медицинска состојба. Да се чува подалеку од дофат на деца! Пакетчето за свежина не е за јадење. Оставете го во шишенцето. Препорачаната дневна доза да не се надминува. Овој производ не е наменет за третман, превенција или лекување на специфична болест или состојба и не претставува замена за оброк. Чувајте го на ладно, суво место после отварање.

Потекло: САД, Производител: Now Foods, САД

 

 

Повеќе информации

 

Што е Л-Карнозин?

Л-Карнозин е дипептид кој го сочинуваат две аминокиселини, хистидин и бета аланин. Драгоцена и пред се важна супстанца која е составен дел на нашиот организам која се наоѓа во нервите, мускулното ткиво, срцето и кожата. Количината на Л-Карнозинот во организмот е многу поголема во детството отколку во поодминати години. Забележано е губење на количеството на Л-Карнозин во староста и губење на мускулната маса за 60%.

Важност на Карнозинот

Последните години зголемен е интересот и вниманието за својствата на Карнозинот, кој се смета за супстанца на векот и е веќе препарат кој се препорачува за сите возрасти, посебно на оние луѓе над 40 години. Студии за Карнозинот се прават во САД, Русија, Австралија, Кина, Јапонија, Скандинавија. Специјалистите го препорачуваат како важен нутритивен суплемент во одлагање на стареењето. Карнозинот го проучувале голем број на научници (Брус Ејмс и неговиот тим од Беркли UCLA, САД, важи заеден од најголемите експерти на молекуларна биологија).

Лабараториските истражувања на полето на клеточното стареење покажаа дека Карнозинот има неверојатна способност да ги подмлади клетките, да ги врати нивните карактеристики и да им го продолжи животот.

Способноста на карнозинот да го спречи ДНК оштетувањето за време на клеточната делба, се покажа како клучен механизам во спречувањето на стареењето на клетките и ткивата.

Утврдени се цела низа од полезности на човечкиот организам.

Со овие резултати се доаѓа до заклучок дека Карнозинот би бил многу корисен кај заболувања кои се поврзани со стареењето:

  • Дегенеративни невролошки болести (Алцхајмерова и Паркинсонова болест, епилепсија, депресија, шизофренија, деменција, состојби предизвикани од мозочен удар)
  • Спектар на аутистични болести (аутизам, Аспергеров синдром, дислексија и диспраксија, Тоуретов синдром и др.)
  • Стареење на клетките
  • Мускулна дистрофија
  • Кардио-васкуларни болести
  • Дијабет и неговите компликации

Карнозинот како мултифинкционален додаток во исхраната е релативно нов. Тој е филиолошка супстанца која е 100% природен антиоксиданс со повеќе биолошки функции:

  • Униварзален и мултифункционален антиоксиданс
  • Ја поддржува виталноста на мускулите
  • Ја зголемува снагата и издржливоста
  • Го забрзува опоравувањето после трчање
  • Го намалува оштетувањето на клетките настанато од дејство на алкохол
  • Дејствува како преносник на импулсите во мозокот и нервите (невротрансмитер)
  • Го продолжува животот
  • Ја подмладува кожата
  • Ја зголемува издржливоста и силата на мускулите
  • Го регулира крвниот притисок
  • Го стабилизира холестеролот
  • Го зајакнува срцевиот мускул
  • Ги штити клетките на мозокот (на пр. од недостаток на кислород)

Најважни карактеристики на Карнозинот

  • Безбеден, природно го има во човечкиот организам и храната
  • Антивоспалувачки и антиканцероген ефект
  • Ја штити ДНК од оштетувања предизвикани од слободните радикали
  • Има позитивен ефект кај аутистичните нарушувања
  • Ги штити мозочните клетки од оштетување
  • Дејствува како невротрансмитер
  • Ги подмладува клетките на луѓето
  • Го продолжува животниот век
  • Штити од токсичен ефект на тешките метали
  • Универзален антиоксиданс и чистач на алдехидите
  • Спречува пероксидација на липидите
  • Значајно ги спречува процесите на гликација (на природен начин)
  • Обезбедува мултифункционална заштита на протеините и фосфолипидите

Неверојатно е како овој мал молекул на дипептид, може да има така големо влијание во подмладувањето на организмот.

Карнозинот има извонредна способност да ги подмлади старите клетки и клетките кои се во процес на стареење и да ги направи потполно функционални и здрави. Додека не беа познати резултатите за ефектите на Карнозинот, се претпоставуваше дека клетките не се способни да се подмладат. Најновите истражувања покажаа дека Карнозинот го продолжува времето помеѓу клеточната делба и истовремено го зголемува бројот на делбите. Едноставно кажано, Карнозинот значајно го продолжува животот на секоја клетка, што значи, повеќе Карнозин – подолг е интервалот на делбите, а со тоа и зголемен број на клеточни делби.

Последните истражувања покажуваат дека луѓето кои користат Карнозин одредено време (6-12 месеци), изгледаат помладо. Екпериментите кои се вршени на животни покажуваат дека Карнозинот спречува појава на видливите знаци на стареење. Овие студии, покажаа дека Карнозинот значително го одложува развојот на брчки на кожата околу очите, искривување на кичмата и други типични знаци на стареење. Кај експерименталните глувци се покажало дека не само што тие изгледале помладо, туку и Карнозинот им го продолжил животниот век во просек за 20%.

Последните истражувања покажаа дека Карнозинот делува на процесот на стареење, благодарение на својата единствена способност да ги одржува функционални протеините, липидите и ДНК.

Супстанцата на долговечноста, како ште се нарекува Карнозинот, позитивно влијае на знаците на стареење, како во физички така и психички поглед. Редовното користење на Карнозинот допринесува луѓето да изгледаат, но и да се чувствуваат млади и полни со енергија. Фактот дека карнозинот природно се наоѓа во нашиот орагнизам, но и во исхраната, е доволен доказ дека е апсолутно безбедна супстанца.

Совет од стручни лица: Бидејќи карнозинот делува синергетски со природните антиоксиданси астаксантин, витаминот Е, селен, витамин Ц, се препорачува и тие да се земаат во исто време.

(Моментално се објавени 1800 студии за Карнозин).