0070_v7
Print

L-Carnitine
500 mg / 30 капсули

1057  МКД

Производот е на залиха

ИСБН: 010

Опис на продуктот

 

L-Carnitine е неесенцијална амино киселина која помага да се одржи целокупно добро здравје помагајќи го преносот на групите масни киселини во митохондријалните мембрани за производство на енергија во клетките. Тој природно се наоѓа во црвеното месо и другите животински извори на храна, но ние препорачување додаток за да се постигнат оптимални нивоа на оваа извонредна амино киселина. NOW® L-Carnitine е најчиста форма, клинички тестирана и вегетеријанска (не е од животинско потекло).

  • Фитнес поддршка
  • Најчиста форма, клинички тестирана
  • Ги транспортира масните киселини
  • Ја зголемува клеточната енергија
  • Вегетеријански/Веган производ.
Состав 1 капсула
L-Carnitine (Carnipure®) (од L-Carnitine Tartrate) 500 mg

Препорака за употреба: Како додаток во исхраната земете 1 капсула, 1-3 пати дневно, со или без храна.

Други додатоци: целулоза (капсула), целулоза прав, магнезиум стеарат (растителен извор) и силика. Не е произведено со квасец, пченица, глутен, соја, млеко, јајца, риба, школки или јаткасти состојки. Произведено во GMP капацитет кој произведува други состојки кои ги содржат овие алергени.

Предупредување: Само за возрасни. Консултирајте доктор доколку сте бремени или доилка, земате лекови или имате некаква медицинска состојба. Да се чува подалеку од дофат на деца! Пакетчето за свежина не е за јадење. Оставете го во шишенцето. Препорачаната дневна доза да не се надминува. Овој производ не е наменет за третман, превенција или лекување на специфична болест или состојба и не претставува замена за оброк. Чувајте го на ладно, суво место после отварање.

Потекло: САД, Производител: Now Foods, САД

 

Повеќе информации

 

ЗА ОПТИМАЛНО ЗДРАВО СЛАБЕЕЊЕ

L-Carnitine е природна состојка исто така позната како витамин Бт. Тој е основен нутриент, есенцијален за производство на енергија и за метаболизам на мастите. Во организмот се синтетизира во црниот дроб и бубрезите и од таму се транспортира во други ткива, но недоволни количини може да се продуцираат кај бебињата, адолесцентите и возрасните под одредени физиолошки состојби.

Во организамот возрасен човек складира околу 20 гр на L-Carnitine, првенствено во скелетниот мускул, црниот дроб и срцето. Биосинтезата бара 2 есенцијални амино киселини, лизин и метионин, како и витамин Ц, железо, витамин Б6, ниацин и вклучува серија реакции. Тоа значи дека неухранетоста има високо негативно влијание на биосинтезата на L-Carnitine, која дава приближно 20 мг на L-Carnitine дневно (што претставува приближно 10% од дневните барања) ако сите ко-фактори се веќе достапни во организмот. L-Carnitine се излачува во урината, најмногу во форма на L-Carnitine естри. Поради тоа, губитокот на L-Carnitine треба да се надомести со биосинтеза, со конзумирање на храна од животинско потекло или со конзумирање на додатоци во исхраната.Во состојби кога нема доволно L-Carnitine доаѓа до смалување на производството на енергија во клетките, особено на оние кои користат масти. Доаѓа до слабост на мускулите и општо чувство на слабост. Постојат некои болести на црниот дроб и бубрезите кои влијаат на тоа или да не се создава доволно L-Carnitine или да се губи од организмот, а да не се искористува.

L-Carnitine е условно есенцијална хранлива состојка и реткото генетско нарушување на метаболизмот на L-Carnitine предизвикува недостаток на карнитин, кој е познато дека има големи штетни ефекти на централниот нервен систем. Ограниченото внесување на L-Carnitine може да предизвика токсични натрупувања на слободни масни киселини и губење на енергијата.

Полезности:

  • Го намалува напластувањето на млечните киселини во мусклулите, како и напластувањето на маснотиите во срцето и црниот дроб
  • Поради неговата фундаментална улога во енергетскиот метаболизам, L-Carnitine се употребува за подршка на сите телесни функции кои имаат барања за голема енергија и е важен за активни луѓе за обезбедување на енергијата која им е потребна.

Извори

Природниот карнитин главно се наоѓа во црвеното месо, додека овошјето и зеленчукот содржат многу малку или воопшто, што значи дека вегетеријанците треба да го надополнат за да осигураат здрави нивоа во нивниот организам.

Метаболичка улога – ги претвора мастите во енергија

L-Carnitine е есенцијален за претварањето на мастите во енергија, кои се еден од основните извори на енергија за организмот. Тој е клучен во помошта на секоја клетка да произведе енергија. L-Carnitine е основен за транспортот на масните киселини во клеточните реактори за производство на енергија – митохондрии, како и одведување на штетните остатоци на оксидацискиот процес надвор од клетките, спречувајќи акумулација на нус производите и продолжување на производството на енергија. Овој процес обезбедува мускулна енергија со согорување на мастите и спречува создавање на маснотии околу виталните органи. Транспортот на мастите во клетките е основен извор на гориво за срцето и скелетните мускули и укажува на важноста на L-Carnitine за правилно функционирање на срцето и скелетните мускули.

Врвен квалитет

  • L-Carnipure tartrate е најдобра форма на L-Carnitine, има пријатен цитричен вкус и не е хигоскопски.
  • Природна вегетеријанска форма
  • L-Carnipure tartrate е 100% чист и никакви хемиски заштитини слоеви
  • Поради уникатниот патентиран метод за синтеза на чист L-Carnitine, Lonza е единствен производител кој гарантира 100% чист L-Carnitine, комплетно слободен од штетниот D-Carnitine која има значајни споредни ефекти и токсични влијанија на биохемиските процеси и доведува до трошење на резервите на L-Carnitine на организмот.

Спортисти и физички активни луѓе

  • Оптимална изведба (ја зголемува VO2max – максимална потрошувачка на кислород или максимален кислороден внес)
  • Одложен замор (го намалува акумулирањето на млечната киселина и го поштедува гликогенот и поради тоа игра улога во одложувањето на заморот)
  • Подобрен процес на опоравување (ја намалува мускулната болка и мускулната штета кај неискусните лица)
  • Ја зголемува издржливоста и помага во опоравување после вежби
  • Го штеди мускулниот гликоген и ја зголемува спортската форма
  • Се препорачува во спортови кои бараат голема издржливост како енергетско средство и за забрзано губење на маснотии

Кардиоваскуларно здравје

Повеќето луѓе не се свесни дека срцето добива 70% од неговата енергија од разложувањето на мастите. Основната улога која L-Carnitine ја игра во енергетскиот метаболизам, го прави клучен добавувач на енергија за срцето.

  • Ја зголемува отпорноста на срцевиот мускул, поддржува здрав срцев мускул и отчукување на срцето
  • Го смалува нивото на холестерол и триглицериди и го штити срцето
  • Ги регулира срцевите аритмии, особено после инфаркт и ангина пекторис.

Одржување на тежината (Слабеење)

  • Го поддржува губењето на тежина, го намалува индексот на телесна маса и обемот на телесните масти
  • Допринесува за оптимална оксидација на мастите и заедно со прехранбени измени и вежби доведува до слабеење
  • Средство за губење на телесните масти и слабеење (луѓето кои се одлучиле во процесот на слабеење да вложат малку енергија ќе им помогне брзо да дојдат до резултати – со земање на L-Carnitine во исхраната организмот ќе биде во можност да истурка уште повеќе масти во клетките каде ќе се користат за енергија, наместо да се таложат во подкожното ткиво и со тоа диетата ќе ја направат поефикасна)

Исхрана на бебиња

L-Carnitine се смета за основен нутриент за бебињата. Новороденчињата не можат во доволна количина да создадат L-Carnitine поради што се многу зависни од егзогени извори за изградба на нивоата на L-Carnitine во крвта и ткивата. За среќа, мајчиното млеко содржи природен L-Carnitine, но соја протеинот не го содржи овој нутриент, а кравјото млеко го губи за време на обработката.

Машка плодност

  • Се зголемува концентрацијата, бројот и процентот на подвижност на спермата кај мажите кои имаат проблеми со неплодност

Вегетеријанци

Вегетеринајците и сите оние кои имаат исхрана со редуциран внес на месо може да искористат од дополнителниот L-Carnitine, бидејќи нивната исхрана често пати е сиромашна со некои нутриенти кои се есенцијални за биосинтезата на L-Carnitine во организмот.

Здраво стареење

L-Carnitine е додаток кој помага во одржување на добро здравје. Постарите луѓе имаат пониско барање за енергија и прехранбените навики се менуваат со годините. На пример, тие обично консумираат помалку месо. Во исто време, хранливиот внес и на L-Carnitine и на нутриентите потребни за создавање L-Carnitine, е намален. Намалениот енергетски метаболизам кој се должи на ниските нивоа на L-Carnitine може да се обнови со додаток на L-Carnitine. Двомесечното консумирање покажува подобрување на кислородниот метаболизам кај повозрасните луѓе. Стареењето предизвикува неколку структурални и функционални измени во мозокот. Снабдувањето со крв на мозокот се намалува со годините. Бројот на невроните, мозочни клетки кои се специјализирани за пренос на информации, се смалува. Нерамнотежата на промени предизвикани од зголемената продукција на слободни радикали и намалената функционална ефикасност на антиоксидантниот систем се смета дека е еден од основните фактори кои допринесуваат за процесот на стареење. Додатокот на L-Carnitine резултира со значително подобрен ментален статус кај постарите луѓе. L-Carnitine може да се смета како идеален нутриент за долг живот, бидејќи ѓи опфаќа сите полезности кои им се потребни на старите да останат способни и здрави и во мозокот и во организмот.

L-Carnitine – помага да се намали заморот кај заболените од рак

Кога станува збор за пациенти со напреден рак, сериозен спореден ефект на хемотерапијата е заморот, со 82% до 96% пациенти на хемотерапија кај кои се развива замор за време на третманот. Се мисли дека заморот се случува кај пациентите на хемотерапија поради високите нивоа на оксидативен стрес. Пациентите не успеваат да го одржат нивниот апетит, имаат значително губење на тежина и намалување на мускулната маса и масното ткиво. Научните истражувања покажаа дека дополнувањето на хемотерапијата со L-Carnitine им помага на пациентите да го намалат заморот и оксидативниот стрес за време на хемотерапијата.

L-Carnitine – помага да се спречи дијабет за време на бременоста

Дијабетот за време на бременоста може да му нанесе штета на бебето бидејќи високиот шеќер во крвта кај мајката му ги дава високите нивоа на глукоза во крвта и на бебето. Поради овој дополнителен шеќер во крвта на бебето, тој ќе се натрупа како маст, и ќе доведе до таканаречена “macrosomnia” или “дебело” бебе.

Истражувачите открија дека висока доза на L-Carnitine, ја зголемува активноста на масно-растворливите ензими за кои е откриено дека се намалуваат во активност за време на бременост. Тоа е таа намалена ензимска активност за која се смета дека е еден од допринесувачките фактори за појава на дијабетот за време на бременоста.