UA-16322392-1
 



ba
gluten_free

BioAstin
4 mg / 60 капсули

1741  МКД

Производот е на залиха

ИСБН: 005

Опис на продуктот

 

BioAstin, еден од најсилните природни антиоксиданти, има докажано многу полезности во клинички истражувања:

  • Го поддржува здравјето на зглобовите и тетивите
  • Го поддржува здравјето на кожата за време на изложување на УВ зраци и сонце
  • Го поддржува здравјето на очите
  • Против страеење преку поддршка на клеточното здравје
  • Поддржува здрава имунолошка функција
  • Го поддржува кардиоваскуларното здравје
  • Поддршка на организмот при опоравување од вежби
Состав                              Количина во 1 доза:

                                                      3 капсули

% на дневни 

  вредности

Калории                                                              15

Калории од масти                                        10

Вкупно масти                                                1.5 g

Витамин Е (д-алфа токоферол)                30 IU

Природен хавајски астаксантин              12 mg

 

 

2%

100%

Состав: природен хавајски астаксантин (од Haematoccocus pluvialis микроалга). Други состојки: масло од шафраника, желатин, глицерин, прочистена вода, природни токофероли. Исто така содржи природни каротеноиди вклучувајќи лутеин. Не содржи: глутен, лактоза, квасец, пченка, пченица, пестициди и хербициди, BSE, вештачки бои. Без ГМО.

Препорака за употреба: 1 до 3 капсули дневно со храна. BioAstin најдобро се апсорбира кога се зема со храна или оброк кој содржи масти.

Предупредување: Консултирајте доктор доколку сте бремени или доите. По отвoрање, пакувањето да се чува во фрижидер. Да се чува подалеку од дофат на деца! Пакетчето за свежина не е за јадење. Оставете го во шишенцето. Препорачаната дневна доза да не се надминува. Овој производ не е наменет за третман, превенција или лекување на специфична болест или состојба и не претставува замена за оброк. Чувајте го на ладно, суво место после отварање.

Потекло: САД, Производител: Nutrex, САД

 

 

Што е BioAstin?

 

Природниот астаксантин е последниот крик помеѓу експертите за додатоци во исхраната и спортска исхрана

Природниот астаксантин BioAstin е додаток во исхраната со моќни антиоксидантни придобивки. Cyanotech го произведува BioAstin-от од микроалга и е првиот извор на астаксантин за човекова исхрана кој е разгледан и одобрен од US FDA.

Сега е евидентно дека антиоксидантниот потенцијал на каротеноидите може значително да ги намали слободните радикали и оксидативниот стрес, да му помогне на телото да се одржи во здрава состојба. До неодамна, немаше концентрирана форма на астаксантин што може да се обезбеди како додаток во исхрантата. После значајниот технолошки напредок, Haematococcus алгата сега се одгледува на пространата околина на Хаваи од Cyanotech Corporation. Haematococcus алгата ја искористува сончевата светлина како енергија за растење и репродуцирање и свежата вода од планинските извори се употребува во сериите на системите за култивирање, дизајнирани да произведуваат висока концентрација на астаксантин, природно. Постојано растечката научно-истражувачка литература покажува дека природниот астаксантин ги надминува многу од антиоксидантните придобивки на витаминот Ц, витаминот Е, бета-каротенот и другите каротеноиди. Истражувањата исто така покажуваат дека природниот астаксантин има 550 пати поголема антиоксидантна активност од витаминот Е и 10 пати поголема антиоксидантна активност од бета-каротенот.

Како дејствува BioAstin-от?

Астаксантинот, активната состојка во BioAstin-от, ја помага мускулната функција со намалување на штетата од слободните радикали за време на напорни вежби, поради тоа што им овозможува на мускулите да го употребуваат кислородот поефикасно и да се оправат побрзо. Можеби најсилната карактеристика на издржливост во животинскиот свет е миграцијата на лососот низводно низ реките. Лососот акумулира астаксантин во своите мускули, што ја објаснува нивната црвено-портокалова боја. Научниците претпоставуваат дека оваа акумулација е повеќе од козметика, односно го зајакнува метаболизмот и овозможува таков атлетски подвиг.

Food and Drug Administration го пушти BioAstin-от на пазарот во Август 1999 год. врз основа на суштинската документација, производствените и сигурносни информации. BioAstin-от беше разгледан од US FDA без забелешка и беше дозволено да се продава во САД како човечки додаток во исхраната.

  • Што се каротеноиди?

Каротеноиди се фамилија на околу 700 масно-растворливи молекули кои се произведуваат само од фитопланктоните, алгите, растенијата и ограничен број на габи и бактерии. Бета каротенот од морковот е сигурно најпознат каротеноид.

Каротеноидите се секаде околу нас и се причина за широката разноврсност на бои во природата. Најчесто, ние ги гледаме во брилијантните жолти и црвени бои на овошјето, зеленчукот и лисјата. Во растенијата и алгите, каротеноидите се важен учесник во процесот на фотосинтеза заедно со хлорофилот.

Розевото фламинго, ја филтрира Спирулината или другите алги од телата во водата и метаболички ги претвара жолтите каротеноиди, бета каротенот и зеаскантинот, во розеникаво-црвени каротеноиди, астаксантин и кантаксантин. Овие црвени каротеноиди се таложат во перјата и ја извлекуваат прекрасната боја на оваа птица.

Луѓето се потпреле и го искористиле широкиот опсег на активности на каротеноидите. Ова е докажано со преобразување на бета каротенот во витамин А или заштита обезбедена од лутеионот или зеаксантинот во сончево пегавиот регион на очите од штетните УВ зраци. Каротеноидите, исто така се однесуваат како важни антиоксиданти против штетните ефекти на слободните радикали и слободниот кислород кој се случуваат за време на нормални клеточни функции.

  • Што е астаксантин?

Астаксантин е црвено обоен каротеноид. Астаксантинот природно се добива од морската алга Haematococcus pluvialis која се одгледува во заштитената околина на Хаваи. Оваа извонредна состојка ксантофил природно се наоѓа во фитопланктоните, алгите, билките и неколку печурки и бактерии. Астаксантинот, иако не е толку препознатлив како останатите каротеноиди, не е нов на антиоксидантната сцена. Првпат е откриен и изолиран од јастозите во 1938.

Како еден од најмоќните масно-растворливи антиоксидантни состојки кои припаѓаат на фамилијата од повеќе од 700 каротеноиди, ги штити билките како и животните и луѓето кој го консумираат, од клеточна штета предизвикана од едномолекуларниот кислород и слободните радикали.

Во голем дел од водените животни кај што може да се најде, астаксантинот има бројни основни биолошки функции, започнувајќи од заштита од оксидација на есенцијалните полинезаситени масни киселини, заштита од УВ светлосните ефекти, активност и визија како про-витамин А, имун одговор, пигментација и комуникација, па се до репродуктивно однесување и подобрена репродукција.

Астаксантинот е пигмент кој природно се појавува во широка разноликост на живите организми. Иако зборот астаксантин не се сретнува во обичниот секојдневен говор, самиот пигмент се наоѓа во многу видови храна и Вие веќе сигурно го консумирате во Вашата исхрана. Најголем дел од љускарите влучувајќи ги ракчињата, морските ракчиња и големите ракови, имаат црвена нијанса од акумилираниот астаксантин. Обоеноста на рибите честопати се должи на астаксантинот; розевиот сјај на дивиот здрав лосос е впечатлив пример. Не само што астаксантинот им обезбедува пигментација на овие животни на фармите, туку тој е и основа за нивен правилен раст и опстанок.

Додека позитивните ефекти на астаксантинот на фармите за риби и љускари се знаат многу години наназад, потенцијалните придобивки на овој моќен антиоксиданс за човечкото здравје тек сега се откриени.

Астаксантинот е револуционерен фитонутритивен антиоксидант кој е основа на силата на борбата на слободните радикали на BioAstin-от. Овој екстремно моќен каротеноид може да се пофали со единствена молекуларна структура која нуди супериорна заштита додека помага да се нормализира одговорот на имуниот систем  на воспалението.

BioAstin-от е еден од највозбудливите и водечките производи на денешницата.

Што е разликата помеѓу астаксантин и бета-каротен?

Астаксантинот и припаѓа на истата фамилија на мaсно растворливи каротениодни молекули како и жолто портокаловиот бета-каротен. Се разликува од бета-каротенот по тоа што неговата молекуларна структура содржи две дополнителни кислородни групи на секој прстен од структурата што му дава длабока црвена боја. Овие екстра функционални групи му даваат на астаксантинот извонредна антиоксидантна способност и својства поинакви од другите каротеноиди. Другата разлика е што за разлика од бета-каротенот, астаксантинот нема да се претвори во витамин А во човечкото тело.

Молекулите на астаксантин се слични со попознатиот каротеноид бета-каротен, но малата разлика во структурата му дава голема разлика во хемиските и биолошките особини на тие две молекула. Особено, астаксантинот покажува супериорни антиоксидантни особини за разлика од бета-каротенот во бројните ин-витро истражувања.

Каде се наоѓа астаксантинот во природата?

Астаксантинот и бета-каротенот мора де се добијат од исхраната. Освен ако не сте голем љубител на алги, како и јастози, ракови и лосос. Може да се најде кај голем дел од нашата омилена морска храна како што се лососот, пастрмката, црвената морска деверика или сињ, ракчињата, големите ракови и икрите. Карактеристичната розова или црвена боја на лососот и пастрмката е резултата на присуството на астаксантин кој што го земаат од нивната исхрана. Исто така го има и кај некои видови на птици. Астаксантинот не може да се синтетизира од животните и мора да се обезбеди во исхраната, како што е случај и со другите каротеноиди. Додека рибите како што е лососот не се во состојба да ги претворат другите каротеноиди во астаксантин, некои видови како што се ракчињата имаат лимитиран капацитет да ги претворат блиско поврзаните каротеноиди во астаксантин, иако тие би имале посилни полезности доколку го обезбедуваат астаксантинот во нивната исхрана директно.

Цицачите исто така не можат да го синтетизираат астаксантинот. Некои микроорганизми можат да бидат многу богати со астаксантин. Микро алгата, Haematococcus, е организам кој може да акумулира највисоки количини на астаксантин во природата.

Haematococcus алгата може да акумулира од 10 до 30 гр астаксантин по килограм или сува биомаса. Оваа количина е 1000 до 3000 повисока отколку во филетите од лосос. Некои видови се набљудувани дека акумилираат од 70 до 80 гр астаксантин по кило или сува биомаса.

Каде може да се најде астаксантинот?

Астаксантинот прво бил идентификуван и изолиран од морскиот рак во 1938 година. Одтогаш па наваму бил пронајден во разновидни редови на животни како што се птици, разни видови ракови, морските риби, растенија и речиси сите видови на лососи. Не е ништо ново дека астаксантинот бил во нашата исхрана илјадници години. Но се досега, само оние од нас кој јадеа големи количини на лосос, кавијар или друга морска храна биле во можност да ги жнеат полезностите од астаксантинот.

Животните се приспособиле да ги искористуваат моќните антиоксидантни својства на астаксантинот. Еден близок пример е виден со лососот кој инстиктивно мигрира илјадици милји да се мрести на неговата природна почва. Лососот акумулира астаксантин од неговата исхрана и потоа го складира во мускулното ткиво кое изнесува 65% од неговата телесна маса. Мајката природа го избрала астаксантинот да заштити нивните масни киселини и други чувствителни клеточни компоненти од оксидативен стрес за време на естремно-трауматичниот миграционен процес. Ние ова го препознаваме како розево-црвен сјај во месото на лососот и пастрмката. Јајцата на лососот природно содржат астаксантин, со цел да го заштитат животот кој се развива внатре од УВ зрачењето и другата оксидација предизвикана од околината на водите во која што мора да се развиваат јајцата.

Астаксантин

 

Ние ја прифаќаме живоста на секојдневниот живот околу нас како нормални случувања. Се движиме околу големите кафези со птици и се восхитуваме на карактеристиките на фламингата. Уживаме во слаткиот розев вкус на ракот или лососот без да сфатиме дека со тоа внесуваме антиоксидант подготвен за борба со слободните радикали кои секојдневно го напаѓаат нашето тело. Астаксантинот е истиот црвено-портокалов пигмент кој се наоѓа кај водените животни или во перјата на најегзотичните видови на птици. Не само што му дава боја на животот, туку исто така се рангира како еден од најсилните антиоксиданти познати на човекот.
Тој во суштина има 10 пати посилно дејство од бета-каротенот и научниците докажаа дека астаксантинот е поефикасен и од витаминиот Ц и од витаминот Е.
Антиоксидантите се апсолутно потребни во одржувањето на здраво тело. Во нашите тела постојат мали ништожници познати како слободни радикали. Слободните радкали се високо нестабилни молекули што се должи на нивниот недостаток на еден непарен електрон, што ги прави “љубоморни” и опасни за другите молекули. Оваа “љубомора” ги мотивира да отцепат еден електрон од стабилните молекули, предизвикувајќи некогаш здравиот молекул да стане настабилен. Кога еднаш слободните радикали ќе го оштетат молекулот, таа молекула иде по истиот пат и ги оштетува другите молекули започнувајќи неправилен и опасен ланец на настани. Некои доктори и научници велат дека слободните радикали го помагаат процесот на стареење и сите негови ефекти. За жал, на можеме да ги спречиме слободните радикали бидејќи тие се базираат на кислород.
Секогаш кога дишеме, кислородните молекули навлегуваат во нашите бели дробови, патуваат низ нашиот крвоток и одат директно до клетките кои го користат кислородот како енергија и за изградба на протеините. Но тоа што е добро за гуската, не е секогаш добро и за гусанот и високо реактивниот кислород може да отфрли некои молекули, оставајќи ги со екстра или помалку за еден електрон. Ако ова се случува само понекогаш, слободните радикали нема да ни претставуваат грижа, но за наша несреќа, за нашите клетки и ДНК, секоја клетка може да претрпи 1000 удари од активноста на слободните радикали во рок од 24 часа!
Бидејќи неопходно е да дишеме и кислородот ни е неопходен, докторите и научниците откриле дека природата создала посада на чистачи на слободните радикали наречени антиоксиданти. Астаксантинот е антиоксидант кој што оди многу понатаму. Бидејќи има мала молекуларна тежина, може да ја помине крвно-мозочната бариера каде што дејствува неговата антиоксидантна магија врз очите, мозокот и централниот нерван систем. Исто така, има подолг период на постоење и е отпорен на оштетување, што му овозможува подолг временски период да ги придружува слободните радикали од клетките до другите антиоксиданти како витаминот Ц.
Ако се погледнат изминатите истражувања, сосема е јасно дека каротеноидите може да влијаат на различни аспекти на имуниот систем. Тие ги стимулираат Т-помошните клетки, го подобруваат отфрлањето на непознатите ткива и го зголемуваат дејството на природните клетки убијци кои ги уништуваат клетките со тумор и габите. Нашиот имунолошки систем е постојано бомбардиран од надворешни и опасни материи и билокаква помош што може да се добие од антиоксидантите е секогаш добредојдена. Кога сите овие фактори ќе се сумираат, астаксантинот се докажува себеси како моќен сојузник на нашиот организам.

Супер антиоксидант

 

Понекогаш изгледа дека секој производ за здрава исхрана сака да потврди дека има некои антиоксидантни карактеристики. Додека тие тврдења може да се рашират со некои производи, сепак 100% на самиот врв е природниот астаксантин кој се нарекува Најсилен Антиоскидант на Земјата, бидејќи 550 пати е посилен од витаминот Е и 10 пати од бета-каротенот. Бидејќи се верува дека оксидативната нерамнотежа во телото е причина за многу заболувања и болести вклучувајќи рак, реуматоиден артритис, Паркинсова и Алцхајмерова болест, како и срцев и мозочен удар, неопходно е телото да има способност повторно да го воспостави природниот ред со цел да се бори со појавата на овие состојби.
Астаксантинот исто така е ефективен во заштитата на кожата од ефектите на УВ зрачењето, ги намалува ефектите на дегенерацијата на очите поврзани со стареењето, обезбедува заштита од хемиски предизвикани канцерогени заболувања, го зголемува HDL добриот холестерол и го зајакнува имунолошкиот систем.
Телото е комплексна машина и често пати е тешко за обичниот човек да ја согледа причината и врската помеѓу болеста и тоа што го внесуваме во нашето тело. На пример, каротеноидите како бета-каротенот се познати по своите антиканцерогени својства поради нивните антиоксидантни ефекти. Високите нивоа на внесени каротеноиди се поврзуваат со 43% помал ризик на дегенерацијата на очите поврзани со стареењето.
Истражувањата покажуваат дека не само што телото го апсорбира астаксантинот подобро од било кои други каротеноиди, туку астаксантинот всушност ги испорачува своите антиоксинатни придобивки директно до мозокот, очите и нервниот систем, како и остатокот од телото, бидејќи за разлика од бета-каротенот тој е способен да ја помине крвно-мозочната бариера.
Клиничките истражувања покажуваат дека астаксантинот исто така се бори со синдромот на карпален тунел и другите повреди предизвикани од повторувачко движење како и реуматоидниот артритис. Исто така е ефективна помош за спортско опоравување поради својата способност да им помаѓа на зглобовите и мускулите да се опорават после интензиви физички напори. Зборувајќи за спортот, во ова време на зголемена употреба на илегални стериоди, добро е да се знае дека 100% легалниот и природен астаксантин докажано ја зголемува издржливоста и снагата.
Значи кој е најдобриот начин да се соберат придобивките на астаксантинот? Многу луѓе го употребуваат комплетно природниот екстракт на астаксантин. Конзумиран во форма на капсула обезбедува бројни здравствени придобивки, плус специјално е формулиран повторно да се искористат другите антиоксиданти како витамин Е, бета-каротен, ликопен и glutathione. Секоја капсула ја содржи вистинската рамнотежа на природе астаксантин, витамин Е, лутеин, масло од шафраника, желатин и глицерин. Луѓето кои имаат алергии на храна ќе бидта среќни да знаат дека овој производ не содржи пченица, глутеин, деривати од млеко, квасец, шеќер, вештачки бои, аромати и пестициди.
BioAstin-от е најефикасен начин да се запознае Вашето тело со придобивките на астаксантинот и неговата ненадмината способност за големо полнење на моќта на антиоксидантите во борбта против болестите.

Полезности

 

Придобивки од BioAstin

Постои ли природен лек за рак, Паркинсонова, Алцхајмерова болест, срцеви заболувања, мозочни удари, заболувања на очите и друго?
Може ли овој лек да биде ефикасен против реуматоиден артритис, синдром на карпален тунел и други различни повреди предизвикани од повторувачки движења?
Што е тоа за астаксантинот што го прави најсилен антиоксидант на Земјата и што значи тоа за способноста на Вашето тело да се бори со болестите природно?
Разликата помеѓу својствата на различните антиоксиданти може да значат разлика во борбата на Вашето тело со сериозни болести или едноставно да се предаде и да дозволи болеста да Ве совлада.
Видот на антиоксидант кој ќе го одберете има далекусежни здравствени импликации, затоа бирајте мудро.
Бидејќи се верува дека оксидативната нерамнотежа е коре на многу заболувања и болести, треба да му дадете на Вашето тело повторно да ја воспостави својата природна рамнотежа за да може да се бори со болестите. Тоа е она што антиоксидантите како оние во бета-каротенот го прават. Само што некои антиоксиданти, како астаксантинот, го прават далеку подобро.
Доколку имате или сакате да спречите заболувања и болести како…
– Срцево заболување
– Реуматоиден артритис
– Паркинсива болест
– Алцхајмерова болест
– Рак
– Мозочен удар
– Синдром на карпален тунел или друга болест на повторувачки движења
– Зголемување на квалитетот на семето и плодноста кај мажите
– Ако сте изложени на сонце и сакате да се заштитите од опасностите на УВ зрачење
– Ако имате заболување на очите
Ако сакате да ја зголемите способноста на Вашето тело во борбата против болести, тогаш треба да го знаете следното:
Познато е дека каротеноидите имаат антиканцерогени својства што се должи на нивните антиоксидантни ефекти. Сепак телото не ги апсорбира сите каротеноиди подеднакво и способноста на Вашето тело да ги употребува антиоксидантните својства е попречена од слабата апсорбција. Поради тоа важно е да се знае дека телото го апсорбира астаксантинот подобро од било кои други каротеноиди бидејќи астаксантинот всушност се испорачува директно до мозокот, очите и нервниот систем, како и до остатокот од телото. Астаксантинот е единствената состојка која е способна да ја помине крвно-мозочната бариера што ја зајакнува способноста на Вашето тело да се бори против болестите.
Постојано растечкиот број на истражувања открива дека BioAstin-от им дава извонредна моќна антиоксидантна заштита на клетките и има функционални ефекти на мускулната и нервната психологија. Различни клинички пробни резултати ги покажуваат следните придобивки на астаксантинот:

Оксидативен стрес
Луѓето имаат софистициран систем на циркулација за испорачување и регулирање на крвта богата со кислород до секоја клетка на телото. Иако кислородот е потребен за нормална метаболичка активност, тоа исто така може да представува силен предизвик за клетките. Штетните форми на кислород како што се издвоениот кислород или слободните радикали обично се формираат како резултат на фотооксидацијата, физиолошки стрес и нормалните функции на имуниот систем. Овие високо нестабилни слободни радикални молекули, соджат непарни електрони кои ги одземаат електроните од другите молекули и поради тоа предизвикуваат клеточни повреди како што се липидна оксидација, деградација на протеините и ДНК оштетување. Слободните радикали исто така имаат прекумерен афинитет да ги напаѓаат незаситените масни киселини – темелната компонента на клеточните мембрани.
Одреден број на теории предлагаат дека нарушената кислородна рамнотежа може да биде допринесувачки фактор за состојби како реуматоиден артритис, срцеви заболувања, Паркинсова болест, Алзејхамерова болест, рак или удар. Нашите тела нормално имаат рамнотежа на слободните радикали и арсенал од антиоксиданти да им се спротивстави, како што се супероксидните dismutase, catalase и асортиман на пероксидни ензими. Како и да е, мнозинството услови како што се сиромашната исхрана, хемиските изложувања, стресот, воздушните загадувања, пушењето, УВ зрачење или болестите можат да ја нарушат оваа рамнотежа. И напорните вежби водат до зголемување на реактивниот кислород кој предизвикува оксидативен стрес, оштетување на клетките од слободните радикали.
Трошењето на антиоксидантните системи може да иницира состјба во која одбраната на ткивата е совладана од вишокот на радикални молекули и тие тогаш се подложни на оштетување. Реактивниот кислород формиран за време на напорни вежби може да предизвика скелетно мускулно оштетување, воспалување и липидна пероксидација, како и допринесувачки фактор во губењето на калциум внатре во клетките после напорни вежби. Според тоа, истражувачите препорачуваат употреба на диетални антиоксиданти кои се борат против оштетувањето на мускулите од слободните радикали.

Најмоќен природен каротеноиден антиоксидант
Каротеноидите, и посебно астаксантинот, ги штити клетките од оксидација со 1) совладување на издвоениот кислород и 2) исфрлање на слободните радикали за да се спречат и ограничат верижните реакции. Со оглед на неговата посебна молекуларна структура, астаксантинот има многу моќен неутрализирачки ефект против издвоениот кислород, како и моќна исфрлачка способност за исфрлање на слободните радикали. Поради тоа, астаксантинот служи како екстремно ефикасен антиоксидант против овие штетни молекули. Астаксантинот е 550 пати поефикасен против издвоениот кислород од витаминот Е и значително подобар од другите тестирани каротеноиди. Еден истакнат научник го предложи астаксантинот како “Супер витамин Е”.
BioAstin-от, природен додаток во исхраната, е значително помоќен како антиоксидант од витаминот Ц, витаминот Е, бета-каротенот, pycnogenol, екстрактот од зрно од грозје и синтетичкиот астаксантин. 10 пати е посилен од бета-каротенот и до 500 пати посилен од витаминот Е како антиоксидант, и може да ги испорача овие придобивки на антиоксидант директно до мозокот и централниот нервен систем.

Заштита на очниот централен нервен систем
Бројните истражувања покажаа дека каротеноидите се битни за исправното здрајве на очите, со тоа што тие ја штитат ретината (мрежата) од оксидативно оштетување.
Каротеноидите внатре во сончевата пега се перфектно сместени да ја апосорбираат високо енергетската сина светлина и да се однесуваат како антиоксидант кој ќе ги совладува штетните кислородни видови.
Спротивно од бета-каротенот, астаксантинот е во состојба да ја помине крвнo-мозочната бариера и да ја заштити ретината од фотооксидација и губење на фоторецепторните клетки. Мозокот, ‘рбетниот мозок и нервите се исто така особено богати со незаситени масни киселини. Релативно високата метаболичка активност и кислородната побарувачка на овие ткива ги прави да бидат подложни на кислородно оштетување. Со оглед на неговото единствено сопствено право за поминување на крвнo-мозочната бариера, астаксантинот има дополнителна способност да ги штити мозокот, нервите и ‘рбетниот мозок од оштетувања предизвикани од кислородна повреда.

Заштита од ултравиолетово зрачење
Ултравиолетовото зрачење долго време е познато како причина за кожни оштетувања и одредени ракови. Изложувањето на кожата на УВ зрачење предизвикува верижна реакција заедно во кожните клетки кои генерираат липидни пероксиди и други високоенергетски слободни радикали. Овие молекули тогаш можат да ги оштетат протеините или дури и ДНК и да го зголемат ризикот од рак на кожата. Иако телото ги искористува редовите на антиоксидантите како што се витаминот Е, витаминот Ц, селен, catalase и superoxide dismutase за да ги исфрли овие слободни радикали, тие можат брзо да се исцрпат под силниот притисок од УВ зрачење изложување. Почетните студии со астаксантинот покажаа дека тој може да ја дополни телесната антиоксидантна одбрана и да помогне во смалување на оштетувањето.
Спречувањето на изгореници треба да биде најважна цел, но често пати тие не можат да се избегнат. Заштитните креми за сонце имаат важна компонента на примарна превенција, но како и да е, бројните BioAstin консументи изјавуваат дека тие се способни да издржат подолго изложување на сонце без изгореници.

Заштита од изложување на сонце
Клиничката оценка на BioAstin-от покажува позитивни резултати во мерењето на ефикасноста за обезбедување на заштита од УВ зраци при сончање. Повторно BioAstin-от покажува намалување и заштита од изгореници од сонце и обезбедува систематска заштита на кожата од штети предизвикани од сонцето.

Реуматоиден артритис
Реуматоиден артритис е хронично деструктивно заболување кое е најчеста форма на воспалувачки артритис. Оваа болест има важен ефект во смисла на инвалидитет (онеспособеност) и губење на продуктивноста. Клиничките проби покажале дека BioAstin-от значително ја намалува болката во зглобовите и ја подобрува физикалната состојба на луѓето со реуматоиден артритис. Истражувањата покажуваат дека им овозможува на луѓето со реуматоиден артритис да имаат помала болка и поголемо задоволство со нивната способност да ги извршуваат нормалните активности.

Синдром на карпален тунел
Синдромот на карпален тунел, познат како повреда од повторувачки стрес, предизвикува болна, трнлива состојба на зглобот на раката и често се поврзува со работа на компјутер или каса. Опциите за третман вклучуваат физикална терапија, држачи за зглобот на раката и операција. Клиничките истражувања со BioAstin-от покажуваат подобрување на состојбата на пациентите со синдромот на карпален тунел кој пријавуваат намалување и на јачината (оштрината) и на траењето на болката. Овие истражувања сугерираат дека BioAstin-от нуди способна за живот природна алтернатива за многу кои патат од синдромот на карпален тунел.

Ранливи колена и зглобови
BioAstin-от е вклучен во човечки клинички проби за превенција на почетокот на ранливи колена и зголбови кај спортистите кој изведуваат вежби со нозете. Ова истражување исто така покажа значително посилен одговор на имунолошкиот систем после вежбање. Има делотворно скратено време на оздравување кога се користи овој моќен антиоксидант заедно со програмите за вежбање.

Херпес
Херпесот е едно од најчестите заболувања на устата, предизвикувајќи нелагодност, болка и нервоза на милиони Американци. Истражувањата сугерираат дека херпесот може да е предизвикан од слаб имунолошки систем кој ги употребува одбраните на телото од болеста, да ги нападне и уништи нормалните клетки. Докажано е дека BioAstin-от го зајакнува и менува имунолошкиот систем.