4x6 Acidophilus
non_gmoPrintPrint

Acidophilus 4×6
60 капсули

1113  МКД

Производот е на залиха

ИСБН: 022

Опис на продуктот

 

Овој производ на NOW е создаден да обезбеди балансиран спектар на полезни бактерии најдени во човековиот интестинален тракт. Редовниот внес на пробиотици може да помогне во одржување на здрава интестинална флора.

  • Здрава цревна флора
  • Моќност 4 милијарди / 6 вида на пробиотици
  • Ја унапредува позитивната пробиотска рамнотежа
  • Без ГМО и глутен
Состав                                                     Количина во 1 доза: 1 капсула

Формулирано да се гарантира следната минимална моќност до рокот на употреба.

Lactobacillus acidophilus                              2 милијарди CFU (50%)

Bifidobacterium lactis                                   1.2 милијарди CFU (30%)

Bifidobacterium longum                            200 милиони CFU (5%)

Streptococcus thermophilus                    200 милиони CFU (5%)

Lactobacillus bulgaricus                              200 милиони CFU (5%)

Lactobacillus paracasei                              200 милиони CFU (5%)

Препорака за употреба: Како додаток во исхраната земете 2 капсули 1-2 пати дневно, со храна.

Други додатоци: скроб од компир, инулин (FOS), целулоза (капсула), силика и магнезиум стеарат (растителено извор). Содржи млеко. Забелешка за високо чувствителни на млечни протеини: Овој производ може да содржи безначајни количини на казеин. Не е произведено со пченица, глутен, соја, јајца, риба, школки или јаткасти состојки. Произведено во GMP капацитет кој произведува други состојки кои ги содржат овие алергени. Природни варијации на бојата може да се случат кај овој производ.

Предупредување: Само за возрасни. Консултирајте доктор доколку сте бремени или доилка, земате лекови (особено за имунитет) или имате некаква медицинска состојба (особено слаб имунитет). Да се чува подалеку од дофат на деца! Пакетчето за свежина не е за јадење. Оставете го во шишенцето. Препорачаната дневна доза да не се надминува. Овој производ не е наменет за третман, превенција или лекување на специфична болест или состојба и не претставува замена за оброк. По отварање, да се чува во фрижидер.

Потекло: САД, Производител: Now Foods, САД

 

Повеќе информации

 

ЗДРАВА ЦРЕВНА ФЛОРА

Здравиот дигестивен систем е камел темелник на доброто здравје. Ако правилно не се вари храната, организамот не ги добива потребните нутриенти, што доведува до опаѓање на силата, лошо здравје и забрзано стареење.

За здрава дигестивна функција еден од најважните фактори е балансот на бактерии присутни во гастроинтестиналниот тракт. Многу фактори го нарушуваат овој баланс: лекови, сиромашна исхрана, инфекции, стрес, лоши бактерии, стареење…

Голем борец

Бактеријата Lactobacillus acidophilus создава млечна киселина и со тоа го спречува ширењето на штетни цревни бактерии, а со создавањето ензими осигурува правилна дигестија на храната, искористување на хранливите материи (особено на млечните шеќери) и елиминација на оптадот од организамот. Поради тоа е особено корисен за лицата кои се алергични или тешко ја варат млечната храна.

Полезности:

  • Поволно ја менува рамнотежата на цревната микрофлора, врши детоксификација од штетни бактерии и ја зголемува отпорноста на инфекции
  • Го смалува ризикот од заболувања на гастроинтестиналниот тракт и ги одржува цревата чисти
  • За јакнење на имунитетот и општо подобрување на здравјето (различни бактериски и вирусни воспаленија, долготрајни терапии со антибиотици, алергии и сл.)
  • Делува како природен антибиотик со широк спектар, особено кај Escherichia coli, Salmonelae, Clamydia, HPV и Candida albicans
  • При нарушувања на дигестијата (надуеност, пролив, запек, колитис)
  • При желудечни тегоби (чир, гастритис, helicobacter pylori, карцином на дебелото црево)
  • Ја штити матката од непожелни бактерии и габи (лактобацилите создаваат кисела Ph вредност)
  • После терапија со антибиотици кои ги уништуваат и корисните бактерии и ја нарушуваат рамнотежата на микроорганизмите во цревата
  • Го отстранува непријатниот здив
  • Ја помага продукцијата и апсорпцијата на витамините и минералите (особено е важен за синтеза на витамините од Б-комплексот)

Зошто Acidophilus 4×6 од Now Foods?

Acidophilus 4×6 од Now Foods со 6 вида на пробиотици е создаден со природна ферментација и содржи високо квалитетна и моќна ацидофилус пробиотска бактерија со 4 милијарди активни цревни бактерии Lactobacillus acidophilus во една капсула. Збогатен е со концентрирани фруктоолигосахариди (FOS) кои го помагаат растот на добрата микрофлора во цревата.

Треба да се избегнува истовремено земање на антибиотици и лактобацили, а ако се земаат заедно помеѓу дозите треба да се направи разлика од неколку часа.